Таг: Бушмани

Зависта е добра за општеството?

„Завист“ звучи како маана, и „народски“, и верски - сите поголеми религии ја сметаат за грев и карактеристика на нечисто срце. Па сепак, колку и да изгледа општествено корозивна, таа била вообичаен дел од човечките општества со милениуми. Работата е што тие, многу подобро од нас, знаеле како да ги искористат нејзините конструктивни страни. 

Дали најсреќното време за човештвото е далечно минато?

Идејата не е нова и гласи отприлика вака: современиот живот на западниот човек не е врвот на цивилизацијата, и историски не постои нешто што се нарекува „прогрес“. Западното општество не е магично ослободување, со посредство на технологијата, од ограничувањата на духот и телото. Напротив, можеби е токму спротивното.