На големото дерби во Бугарија, Левски изгуби дома од Лудогорец со 0-2, а стрелецот на вториот гол, Романецот Моци откако погоди од пенал застана да слави пред домашните навивачи и толку требаше. Влегоа во терен, прекин на мечот, а еден скокаше и врз тунелот кон соблекувалните.