Како што ќе растеш и минуваш повеќе подеми и падови на економијата, ќе забележиш една несфатлива хипокризија: кога времињата се добри, банкарите, бизнисмените - општо богатите луѓе - обично се против власта. Ја критикуваат како „кочничар на развојот“, и „паразит“ кој се храни од приватниот сектор преку даноци, и „непријател на слободата и бизнисот“.