Нандо Де Коло пред неколку дена стана трет најдобар стрелец во Евролигата со 3.652 поена, а пред него се Наваро и Спанулис. Но тука сме сега за еден друг вид на мајсторлук на Французинот, кој во себе крие Џејсон Кид моменти.
Николај Јоргенсен од Феенорд го постигна најсреќниот гол на колото. Асистенцијата тука е ферски да и се препише на стивата која му даде неприкосновен пас.
Ти ја мислиш акцијата на сам почеток, а тој после второ додавање на позиција на бек ја прима и со неговиот програмиран мозок за делење топки со очи, мести гол. За шах потегот да се претвори во мат се погрижи неговиот соиграч кој ја заврши многу паметно.
Мајсторот се врати на терен, за пријателскиот меч меѓу Индепендиенте Санта Фе и Атлетико Насионал во колумбискиот град Богота. Бразилецот покажа дека и на 39 години ја поседува магијата.
Еден од најдобрите холандски фудбалери кои некогаш играле во Барселона, легендарниот Куман на меч против турски Трабзонспор во Рекопа Купот 1990/1991 постигна до ден денес невиден гол
На мечот Химки - Будуќност во Евролигата, домашниот плеј Стефан Марковиќ проба ненадејно да асистира до Џордан Мики, а овој не очекуваше па топката го удри во глава и...
Плејмејкерот на Белгија го носеше дресот на Евертон шест сезони. Нема подобар агол од овој од каде е снимено ова негово маестрално додавање на кое со аплауз би му станал и Роналдињо.
Антонио Кандрева против Фиорентина направи потег кој сигурно ќе влезе во некоја фудбалска компилација со смешни ситуации. Никој не го прифати неговото додавања, па виде не виде си ја собра топката. Е не ќе ги моли.
Кристијано Роналдо не научи да игра фудбал во Реал Мадрид и со оглед на богатиот осум годишен стаж на Бернабеу и оние 406 голови, веќе сме заборавиле што има направено за Манчестер Јунајтед. Додавањево е боли глава и не проаѓа без рипит.
Моментов е за оние тв квизови каде имаш неколку сегменти од сложувалка и треба да погодиш во која насока ќе оди топката во продолжение на видеото. Па ќе погоди никој никогаш.
Американците и не биле баш слаби за фудбал. Ванкувер и Портланд одиграа супер ефикасен натпревар на кој домаќините славеа со 4:3, а гостите беа творци на ремек делото кое во МЛС веќе го прогласија за асистенција на сезоната.
На пријателски натпревар и тоа во последните минути од мечот кога се нема повеќе свежина, дефанзивецот на Молде, Вегард Форен тргна во долг елегантен дриблинг несвојствен за одбранбени играчи и на тацна му намести гол на својот соиграч.
Поранешниот член на Сакраменто, Мемфис, Мајами и Орландо, Џејсон "White Chocolate" Вилијамс на егзибициски натпревар во Кина ја изведе неговата препознатлива асистенција со лакт.