Ја напуштив идејата за амбициозност за да ја бркам апсолутната средина на патот: медиокритет. Ова, без никакво изненадување, доаѓа по последниве две години - две години полни интензивно пандемиско чување деца во комбинација со полно работно време. Сакам едноставно „само да бидам раат“ и нема да дозволам размислувања за успех или качување на кариерната скала да ми застанат на патот. Новиот сон ми е да нема цели, само „енергија“.