Таг: алем тоскиќ

Тензично во Струга, Лазаров и Токсиќ на раб на тепачка

Тимот на Алкалоид предводен од селекторот на Македонија, Кире Лазаров загуби од Целје со 28:27, каде тренер е поранешниот член на Вардар Алем Токсиќ. И двајцата тренери добија црвени картони после една вербална војна на зборови со пцуење.

Тоскиќ: Раул е феномен, Вардар ќе стане Европски првак

Црвено - црниот дрес го облече во 2013-та и жали што годинава ќе мора да го соблече. Посакува тоа да се случи во Келн, можност која е свесен дека веројатно нема да му се повтори. Најголемото богаство според него во Вардар е Раул Гонзалес.

Маестралниот Штербик со најатрактивна одбрана на колото

Во сите три стандардни категории во неделниот избор на ЕХФ има по еден ракометар на Вардар кој три сезони по ред е меѓу најдобрите 8 во Лигата на Шампионите. Арпад Штербик на една минута до крајот ја направи клучната одбрана за победа која е прогласена за најдобра, Алем Тоскиќ со 8 од 8 е избран во тимот на колото, а меѓу петте најубави гола влезе и оној на Шишкарев.

Сите голови на големиот борец Алем Тоскиќ

Безидејноста на Вардаровите играчи синоќа ги присилуваше кога е најтешко топката да му ја дадат на ветеранот Тоскиќ, кој буквално сам се бореше со цела противничка одбрана и во таква ситуација даде 8 голови. Србинот од следната сезона ќе настапува за словенечкиот тим Горење.

Вардар преку драма во четвртфиналето од Лигата на шампионите!

Два црвени картони, врвен ракомет, многу промени во резултатот, ерупција во Јане Сандански и Вардар во четвртфиналето од Лигата на шампионите е епилогот на вечерашниот реванш против Висла Плок.