Квалификацискиот натпревар за ЕП 2016 помеѓу Србија и Албанија помина во хаос и се одигра само едно полувреме. Албанските навивачи со далечински управувач уфрлија знаме на терен, фудбалерот на Србија, Стефан Митровиќ се обиде да го отстрани, но гостинските играчи реагираа бурно по што настана тепачка.