Учествуваат на аудиции. Плаќаат даноци уште од првата година. Добиваат критики за своите улоги. И не ги бркаат од сет кога ќе ги наполнат пелените. Штета што најверојатно нема ни да се сеќаваат на овие искуства.
Освен доколку станува збор за славни актери, најголемиот број од луѓето кои ги читаат аудио книгите никој не ги знае по име. Но затоа помеѓу нив има такви чии гласови не може никако да се помешаат со други. И кои на издавачите им носат милиони.
На Марлон Брандо му се припишува изреката дека „глумењето е најнемистериозна од сите вештини“. Но за научниците отсекогаш било загатка што се случува во мозокот на актерите кога се ставаат во позиција на ликот кој го толкуваат.
Дали има разлика меѓу „доброто“ во добар актер и добра актерка? Ако не, тогаш чуму сите тие родови поделби на наградите, како талентот и вештината за глумење да зависи од анатомијата и хормоните? Некои од големите наградни манифестации почнуваат да ја преиспитуваат оваа концепција.
Брајан Кранстон "Breaking Bad", Келси Грамар "Boss", Џон Хам "Mad Men", Питер Краус "Parenthood", Дамијан Луис "Homeland" и Кифер Сандерленд "Touch", седнати на маса и зборуваат за драма и за глумење и за награди. И така, цел час.
Не е лесно и ако актер ти дојде ненаспан, настине или скрши нога, а камоли ако ти умре. Сепак, ретко кој од холивудските филмови не доживува премиера заради ова. Некои од нив дури и фино заработуваат на ненадејната умирачка на главниот лик.
За луѓе што се фураат на креативност и уникатност, актериве многу си наликуваат во одговорите. 10 прашања од "Inside The Actors Studio" поставени на дузина славни актери. Сите се согласуваат меѓу себе.