Таг: академски текстови

27 терабајти торенти со академски истражувања

Идејата е на едно место да се имаат бази на податоци употребени во најразлични истражувања и публикациите од тие истражувања, плус видео предавања на некои крајно сериозни и напредни теми. Целата идеја е изведена во форма на торент и е бесплатно достапна за сите, и ако веќе симнувате нешто другарски е да го оставите торентот активен и од кај вас некој да повлече малку.

Како против академското „дрн-дрн“?

Иако академскиот дискурс се оценува како генерално „здрвен“ и непотребно комплициран, американските научници се поподготвени да се симнат од олимписките височини и во две реченици да објаснат што е тоа што го работат. Французите не сакаат да чујат за ваквото вулгаризирање. Македонските генерално само се обидуваат да преживеат.