Еплинсајдер врз основа на предвидувања од аналитичари објавуваат дека доколку побарувачката за Ајфон Х е под очекувањата, Епл најверојатно ќе го прекине неговото производството кога ќе излезе нова генерација од уредот. Оваа вест Њузвик ја презема со наслов „Дали Епл е на пат да го откаже Ајфон Х? Лошата продажба значи крај на животниот циклус на уредот“. Ова, како што објаснува Џон Грубер, еден од највлијателните блогери на тема Епл, се две сосема различни работи.