Таг: адоуб

Адоуб покажа морничаво добра видео магија

Лани Адоуб извади морничав „Фотошоп за аудио“ што на видео снимка додава аудио кое никогаш не е кажано. Годинава го прикажа ProjectCloak, алатка која комплетно отстранува кој било објект од какво било видео. И работи непријатно добро.

Адоуб направи „Фотошоп за аудио“

За тоа што допрва нема да можеш да разубедиш човек во вистинитоста на некоја аудиоснимка треба да му кажеш фала на Адоуб и нивниот нов проект Воко. Што е Воко? Софтвер што дозволува да му напишеш текст, а он со помош на магија (и неколку семплови од тебе) ќе го раскаже пишаниот текст со твој глас.

Пиратиран облакот на Адоуб

Само еден ден по официјалното пуштање за корисници на Creative Cloud на Адоуб, системот веќе доби пиратска верзија која комплетно функционира, за сега.