Легендарниот Ванчо Таковски е човекот благодарение на кој струмичка Беласица изнедри сјајна генерација фудбалери која подоцна го пропатува фудбалскиот свет. Долго ќе се памети расказот на Бате Ване за сопругата, за Леонардо Да Винчи, Стојков и Пандев. И тоа во култната емисија кај Бошко Трпевски.
Малкумина го паметат натпреварот на македонската фудбалска репрезентација до 19 години против своите врсници од Шпанија кои неколку месеци подоцна се качија на кровот на Европа.
Славната кочанска фудбалска приказна која од третолигашка, оваа сезона ја има еден ранг погоре, се разви најмногу со помош на нивниот модерен начин на работа на социјалните мрежи, особено на Твитер. Да го ѕирнеме нивниот амбиент од лице место.
Хероите на Боби Милевски добија честитки и од дел од македонските А репрезентативци и нивниот селектор, а капитенот им честиташе капитенски во голем стил. Би менувал сè што освоил во кариерата за едно учество со Македонија на Европско првенство.
И покрај инцидентот на денешниот тренинг и отстранувањето на двајца репрезентативци од националниот тим, Бошко Ѓуровски е расположен пред тешкиот квалификациски натпревар против Словачка.