Српскиот избор за Евровизија почнува на 3 март со првото полуфинале, на 4-ти е второто, и на 5-ти финалето. Има вкупно 36 песни, прв на листата (чисто затоа што е по азбучен ред) е Аца, песната му се вика „Оскар“.
И покрај целото наше натежнување накај рок музика, и малку поблаго накај метал, чувствуваме дека до сега не сме одвоиле доволно простор за - деткор метал. Ако сакаме ова да се поправи, а сакаме, зошто тоа не би почнало со Аца Лукас.
Ќе беше смешно што Аца Лукас во борба против глобалните неправди му дава поддршка на Мадуро, ама смешното престана уште кога Димитров се почувствува доволно значајно за да се вмеша и да застане од кај Гуаидо.
Не, нема да ве образуваме на тема музика, компилацијата е од вицови на Аца Лукас. Да, клучни тагови на статијава се: Аца Лукас и вицови. На крај, пак подобар "ситком" од Цимери.