Не може да се збори кој и како од 20-те лидери вечерта во новата сала на филхармонијата во Хамбург го доживеал делото на Бетовен, ама може да се каже дека ова е веројатно првиот пат кога овие 20 луѓе беа на едно место и цел час (речиси) никој од нив не отвори уста.
По повод 130 години од постоењето, Банко Сабадел ги части жителите на Сабадел со "флеш-моб" од 100 членови на симфонискиот оркестар Валес, плус Хорот Лиедер и пријателите на Операта и Хорот на убавите уметности.