Зезалици

Министерство за губење време

А сега, ќе се потрудиме да ви изгубиме 10-тина минути од вашите животи. Ова е толку глупо што не знаеме како да ви го објасниме. Се работи за вашиот поинтер и нивниот показалец. Спојлер: џабе пробувате по ќошиња, секаде ги има!

Уметник од сенка

Рашад Алакбаров е уметник од Азербејџан. Негов материјал е светлината, негов производ е сенката.

Тенка работа

Уште еден неверојатно прецизен графикон, за карактеристиките на потенцијалната партнерка и можниот епилог од нивните комбинации. Атрактивна и сингл? Мора да ѝ фали нешто. Сосема исто важи и во обратна насока.

Програма за вежбање (ако ви е до тоа)

Прво: не ве тераме да вежбате, ако вие е таман, продолжете со тоа што правите. Второ: не сме експерти на темава, немаме сертификат, немаме завршено никаков курс, само ни се виде логично. Трето: ова нема да ви го намали времето за трчање на 3,2 километри од 14 на 13 минути, ова е за луѓе што не мрдаат од дома, а мислат дека е многу комплицирано да се почне со вежбање.

Штрчење

Можеби ги имаме по дома па затоа сме опсесивно - компулсивно посветени на опсесивно - компулсивни лица. Претходно видовме како би изгледал нивниот свет, сега пар работи со кои таквите можете да ги држите во кондиција.

Дијаграм на среќата

Пред можноста да бидете едноставно среќни вие се натопориле некои проблеми? So what? Поминете го овој дијаграм, во која било насока, ќе видите колку некои работи се прости.

Колку ти вреди жената?

Некаде низ кинескиот интернет се појави калкулатор за вредноста на жените. Пресметајте сами колку вреди вашата партнерка. Ако собере помалку од 1.500 бодови, дома имате "кинеска роба".

Природен а неприроден секс

Е, стварно е џукела. Со сила ја прибра неа внатре и ѝ се качи. А и таа, ептен испадна кокошка. И додека не видите, нема да ви се верува дека секој збор од оваа најава е тотално вистинит.

Бурма со одложено дејство

Драги сопруги, оној вашиот во последно време сè почесто ја вади бурмата? Некако го стегала, го чешала, заборавил да ја стави, особено кога оди "на пиво со другарите" ? Ич да не се секирате, за сè постои решение: жигосајте го говедото, па нека се прави слободен.

 

Како ќе завршиме?

Вака ќе се завршиме сите ние кои кротко чекаме да пројдат митингашите, да помине странската делегација, да замине Трајко Вељановски на работа, да се тргне мешалката за бетон на некоја новокомпонирана зграда... Вака!

Што правеа пред Троновите?

Неделава заврши и втората сезона од "Игра на Троновите" и тоа поспектакуларно од првиот дел. Приказната се прошири речиси за два пати, дојдоа нови ликови со богати карактери а старите станаа далеку поинтересни и компликувани. Приказната нема да ја раскажуваме бидејќи целата работа треба да се изгледа (или да се прочита), ќе се задржиме на актерите и што правеа пред да влезат во светот на Џорџ Мартин.

И тогаш му реков...

Лаги што сите ги имате чуено или кажано, а многу веројатно и двете. И не дека сте излажале нешто страшно, туку најверојатно само сте спречиле непотребна понатамошна дебата и напињање.

"Драги, готово е!"

"Драги, меѓу нас е готово". Така гласи стандардната реченица, додека таа стои на врата, решена да замине кај друг. Каква е неговата реакција? Зависи.

Теории на заговор во поп-култура

10 теории за филмови, серии и музика што можат да му текнат само на интернетот. Од тоа дека Аладин се случува во иднината, дека сите филмови на Тарантино се во ист свет, па до тоа дека Вил Смит е мртов и никогаш не стигнал до Бел Ер.

Демократска естетика

Направивме мала збирка од неодоливо грди аматерски фотографии. Некои рачно зезнати но поголемиот дел упропастени од неподносливата леснотија на користење Фотошоп.

Сега си веќе голема мома

Да се запознаеме со Линдзи Хејвард, висока 208 сантиметри, тешка 109 килограми - чисти мускули! Со други зборови, како ќе изгледа Хулк Хоган кога ќе му досади тоа зеленото и ќе реши да стане плавуша.

Инстаграм м/ж

Како мажите и жените различно ја користат играчката од милијарда долари. Покажи ми фотка и ќе ти кажам дали тоа го сликал некој од поубавиот или од  оној другиот пол.

Мајка и ќерка

Родителите и децата не се разбираат бидејќи често зборуваат на различен јазик. Еве пример како една мајка пробува да ја премости таа јазична клисура и да и каже нешто на својата ќерка, со дикција која малата ја разбира.

Гриз за секого

Направен е како "најразнообразниот сендвич на светот." Има вкупно 41 различен вид салами кои тежат речиси 5 килoграми (само месо), плус 2-3 вида кашкавал и малку зеленчуци, да разбие малку. Висок е 38 сантиметри, долг 61 сантиметар и се јаде околу 10 часа.

Мадона, генерацијо

Најстрашното нешто од Евровизија што до сега воопшто не ви (ни) текна. Нема никаква врска со давање гласови на соседи, ниту со човековите права во Азербејџан. Нешто меѓу Мадона и Бабушките.

Искрени насловни

Машки vs. женски списанија. Текстовите и темите сведени на нивната чиста основа. Плус, неколку основни фори што ги користат списанијата - Глеј, круг!