Глобално мерење на тежина, кое не само што ќе ви каже колку сте подебели отколку што треба, туку и колку сте подебели од остатокот на вашата држава и во споредба со остатокот од светот.
Вашиот браусер сега има многу повеќе смисла. После години и години користење на браусерот само за сурфање и слично продуктивни работи, сега (во Гугл Хром) можете да играте комплетни игри, не на ниво на флеш, туку на ниво на Плејстешн 2. Плус мултиплеер, плус пукање, плус AI... комплет.
Последен број 1 тенисер во светот (а да не е Роџер Федерер, Рафаел Надал или Новак Ѓоковиќ) е Енди Родик и тоа на 1-ви февуари 2004-та. Од тогаш имало:
Ендру Ким е роден 1991-ва во Сеул. Од тогаш, до денес има научено дизајн и има работено со сите од Гугл до Циско. Ова е неговото сфаќање за иднината на Микрософт.
Она што денес се случува со интернетот ги надминува сите разбирливи бројки (најлесната бројка е 2,27 милијарди корисници, месечниот интернет сообраќај не се добројува). Она што не го знаат луѓето е дека цела таа мрежа, со целата нејзина сериозност и сеопфатност се базира на технологии што се едвај десетина години стари. Еве од кај почнавме и до кај сме стигнати.
Во веројатно најзадоцнетото објаснување на сите времиња, дознавме што всушност значат звуците што на времето ги испушташе дајл-ап модемот. И он си имал муабет.
Идејата е што ако ете дома ти е каде, каде поубаво отколку да си на некоја планина, или може не ти е поубаво, колку што ти е полесно и помалку заморно да организираш седење дома, отколку одење некаде. И ти исто заслужуваш да имаше сеќавања како и другите.
Првиот МекДоналдс отвора во 1955 гходина. Во 1976-та некому му текнува дека наоколу има и црнци па ја прават првата кампања која нив ги таргетира. И тоа како: "Место за кое не треба да се дотерувате и да оставате бакшиш" :)
Познато е дека Louis CK го мрази Твитер (се фолира, ама ако, добар е). Не сака никого да следи а оние што него го следат главно ги хејта. Кај него нема да начекате: фалаааа, сите ве сакааам.... Знаете дека ако му пишете, сте го јаделе. Имаме една фина колекција која го опишува неговиот "однос со корисниците".
Ќе си ја пуштите "The piano has been drinking" од Тома Вејтса, ќе најдете некој тишлерски алат и воала - имате јак алиби везден да си ја пеете оваа песна.
Вангел Башевски Барми, еден од најуникатните ракописи на македонскиот интернет простор, конечно решил да засука ракави и да отвори свој портал. Аирлија работа друже.
Пријателство, љубов, симпатија, емпатија, тага, среќа, утеха, поддршка, приврзаност... Секогаш кога зборовите не се доволни, ни останува универзалниот јазик на човечката блискост: гушкањето.
Имаме веќе ние на сајтов речник, ама да пробаме малку поискрено да дефинираме некои зборови. На англиската верзија најбрзо (а без врски) реагираше Сеад Џигал со македонски примери.
Брилијантно смислена реклама. Прво, пиво е машка работа (ок, познаваме и ние девојки кои сркаат како смокови, не е сега тоа поентата). Второ, ако не правиш "машки работи", што ти се случува? Пoчнуваш да личиш на жена ти. Толку, oдиме со сликите.
Ауди, Опел, БМВ, Мерцедес и други мозгале како ќе изгледаат нивните автомобили во 2050-та година. Ниту штрафцигер на стакло, ниту место за лакт да извадиш, ниту прикладно за некој јебодром на Водно, ниту ништо.
Серија згодни графички решенија за кампања на Плејбој, фино вкрстени со нивниот слоган "Задоволството е во твоите раце" (иако, најдобриот слоган евер беше "Плејбој, магазин што се чита со една рака").