Првото издание е на 9-ти ноември 1967-ма, и по формат е како весник. Името е трибјут на блуз песната Ролинг Стоун, бендот Ролинг Стоунс, и песната на Боб Дилан "Like a Rolling Stone." За да го издаде првиот број, сопственикот Џен Венер, од своите родители и сватовите (од идната жена, тогаш девојка) се позајмува 7.500. долари.
Или па од времето кога ние не бевме старки за да мрчиме околу тоа каков е цртанот. Сајтот е замислен баш како телевизија, цел ден вратат цртани, и имаш најава кои цртани следуваат. Плус е достапен на сервиси како ИксБМЦ, Гугл каст, Плекс и Року.
Кога вака ќе ги постават работите се она што ние сме направиле (ние = сите луѓе што до сега постоеле) изгледаат жално небитно, плус, многу безвредно кратко сме тука.
Обично прашањето е колку треба да работиш за да ја заработиш платата на Ворен Бафет. Сега истото прашање е обратно поставено - колку време треба да работи Бафет за да ја заработи вашата годишна плата. Многу е голема веројатноста дека од почетокот на текстот до сега, он веќе завршил работа.
Водата што е потрошена за да добиеш една шолја кафе (од одгледување на зрната кафе, па додека да стигне кај вас дома и да го сварите) е околу 132 литра, или исто како да си се избањал + измил заби + едно пуштање вода на казанчето. Има и други математики.
Не е за тоа што ќе направиш со телефонот, туку што ќе направиш од себе. Го имаш стартниот андроид робот, и од него треба да направиш нешто што најмногу наликува на тебе или тоа како ти се замислуваш себе. Нешто како оние куклине за облекување од Политикин Забавник, ама со Дроид.
Животната филозофија на апликацијава е "А зошто да не те гушнам?" Ти ги ставаш нив како позадина, а они секогаш ти се при рака и чекаат само дупли клик за да ја остварат својата животна мисија. Запознајте ги Ooshies и гушкај.
Бурек сакаат жени, обично над 60 години, кои повеќе влечат кон левицата и работат во професии од граѓанско општество или во добротворни цели. Хоби и е готвење и најверојатно има мачка, вози Алфа Ромео, омилен филм и Фарго. YouGov компанијата за истражување на пазарот (во Британија), пушти во продукција алатката со која може да пребаруваш било кој бренд, тим, музичар или политичар и да го откиреш нивниот просечен муштерија или фан.
Маме32 е емулаторот кој со години дозволува на компјутер да симнувате и играте (речиси) која било игра од флипери. Сега Интернет архивата ги одбра најдборите игри од флипери што може да се играат на Маме32 и им направи посебна категорија во која засекогаш ќе бидат зачувани. Плус сите игри може да се играат во браусер.
Колку многу прости математички задачи можеш за решиш за многу кратко време. Стварно се прости, ама па и стварно имаш малку време - 30 секунди. Се збори дека некој од редакцијава ја минал границата од 60%.
Обемен список на телефони и за секој од нив посебно упатство за штедење на батеријата. Генерално за секој уред важи истото - намали светлото на екранот, изгаси синхронизација на се и сешто, и изгаси ВиФи, БлуТут и слично. Тоа што не важи генерално за секој уред, го имате детално наведно кај вашиот модел на смартфон.
Имате десет основни звуци (дожд, громови, бранови, ветар, оган, птици, штурци, кафуле, тибетанско ѕвоно, и прекин на тв програма) што ги палите, гасите и миксате како што ви е мерак, и какво расположение ви треба да ви ѕенѕа во позадина.
На ЈуТјуб ја наоѓаш песната што ти се свиѓа и линкот го пастираш на сајтов. Ентер. На следниот прозор со лев или десен клик (зависи кој ви фати) кликаш на "Download MP3". Толку, ЕмПеТројката ти е на десктоп.
Он-лајн алатка за средување (или реновирање) на дом. Седнуваш и почнуваш да црташ стан (куќа), па какви соби сакаш да имаш, па што мебел и елементи да има во собите, па материјали и бои, и на крај сето ова можеш виртуелно да го прошеташ во 3Д.
Ако ти си човекот од насловот, отворај линкот и почни со злоуставување на колегите (кое не веруваме дека долго ќе ти успева). Инаку, зезалицата е семплер (лупер) со неколку инструменти, што вие ги бирате и "свирите" со кликање во тоа црното. На крај, наспроти целата веројатност сајтов некако успева да извади нешто од вас.
Твоја или чија и да сакаш слика составена од лего плочки. Главно правило за да добиеш нешто, немој да избираш слика со премногу детали. Ништо нема да излезе.
Не е она класичното жалење, поплаки, грабеж, пцуење велосипедисти, па пцуење автобуси, па пцуење пешаци, туку дневната рута на таксистот. Од каде до каде вози, колку патници пренесува, колку добил бакшиш, колку вкупно заработил.
За разлика од бугарската режисерка која низ цел Балкан го бараш потеклото на една песна (кај нас Ој девојче, девојче), сајтов ги собира сите реклами (барем колку може) и ви кажува која е песната во рекламата.
Баш таква е оваа алатка која ви предлагаме да ја пробате. Ги анализира вашите постови на Фејсбук и врз таа основа ви нуди психолошка проценка што човек сте.
Поточно песна на секое лето во изминатите 100 години. За годинава не знаеме која песна ќе ни се заглави во глава, ама еве што се случувало од 1914-та па се до Blurred Lines.