Вебалици

Сајтот што ги уништува вашите слики

Наспроти сите сајтови што се тука да го разубават 19-то селфи што сте го направиле од утрово, стои Коруптус кој ќе направи сè за вашата фотка да изгледа како да ја спопаднале сите можни проблеми и грешки што може да и се случат.

Корелација, мајка на сите заеби

Ултразабавен сајт посветен на статистичките корелации, една од омилените алатки на џанк науката или политичките дебати. Сè со сè можеш да поврзеш и после да си тегнеш заклучоци до бескрај.

84 дена зјапање

Ова е колкав дел од животот имаме потрошено гледајќи ТВ серии и шоуа, и тоа ова бројка е без Митбастерс, Сипмсонови, Саут Парк, Џон Стујарт, Колбер, најразлично ЦСИ, се од Дискавери, Нешнл Џиографик и 24 Кичен. Ај сега ти да се провериш до каде си.

Дигитрон за "времето е пари"

Ќе треба да одвоите 10-тина минути за прецизно да одговорите на прашалникот ама вреди (или барем ќе дознаете дали вредело). На крајот добивате одлични информации за тоа колку пари чини вашето време. Не само врз основа на едноставно споредување на вашите приходи туку одговори и на следниве секојдневни ситуации:

2048 (мајки...)

Лошо: играва има сериозни шанси да ви го уништи денот. Добро: играва има сериозни шанси на работа да изгледате како заинтересирано да работите на нешто. Сè што треба да направите е да спојувате исти бројки додека да дојдете до 2048. Ние стигнавме до 1024.

Ако можеш, ти најди го авионот на Малезија Ерлајнс

Еве како изгледа мометалната потрага по авионот од летот MH370 - имате 160.000 квадрати, секој од нив со големина милја на милја (1,6 км х 1,6 км). Авионот е во центарот на целата мапа и е со соодветни димензии пропорции во однос на коцката.

Popcorn Time

Ова е најдобрата новина, која нема долго да издржи. Нешто како сервисот на Нетфликс или Хулу за гледање филмови, со таа разлика што бесплатно ги имате сите најнови филмови во одличен квалитет и плус се бесплатни (и нелегални). Ја пуштате апликацијата, бирате филм и стискате плеј, Popcorn Time се снаоѓа од каде ќе го стримува.

Го знаете ли диското на Јутјуб?

Оваа супер интересна алатка Јутјуб ја има пуштено уште пред 4 години, ама тивко, скриено, да им е мерак на луѓето кога ќе ја најдат. Финтата не е за клипови со мачки туку за музика, да создадете бескрајна река песни по ваш избор. Еве како:

Очи сами флапат, прости ми

Ако и на ова се навлечете и заради тоа нас нè мразите, стварно не сме ние криви туку вие треба да одите на некоја бајачка. Прво авторот сам ја повлече Flappy Bird, играта која го предизвика најмасовниот love/hate однос кон една игрица кој досега е виден. После Апстор порача дека нема да ги прифаќа безбројните клонови на оваа игра. И сега, еве ја во адрес-барот, како брајова азбука.

Зошто мажите се кул и зошто ќе изгубат

Деновиве пренесовме за мапите со автоматското комплетирање на пребарувањата на Гугл. Кога почнувате да пишувате нешто и врз основа на тоа што останатите веќе барале на тој збор, Гугл погаѓа што ве интересира. На таа тема читател ни испрати два скриншота кои ќе ви го објаснат насловот.

За каде ми треба виза?

Добра и корисна веб алатка. Посетителот ја одбира земјата од која доаѓа и добива јасен преглед за тоа за кои земји му е потребна виза, а за кои не.

SkiChallenge '14

Лошате вест е што на толку чекање тек сега ни текна на игрицава. Добра вест пројдени се само 2 трки, имате уште 4 за возење, плус Олимпијадата во Сочи, плус имате различни типови трки, плус од годинава игрицата ја имате и за смартфон, па кај и да сте ќе може да се тркате. Можете да ја играте во браусер, а може и да ја симнете па да ја инсталирате. Ајде пробајте се.

Мерење на интернет пениси

Го пишуваш твоето име во полето и базирано на тоа системот ти кажува колкав ти е на интернет. Како стигаат од твоето име до големината на пенисот, тоа они знаат. Плус, можеш да споредуваш.

Како би изгледал ти на мет

Иако не е ни приближно одвратно до тоа на што би личел кога навистина би го користел, апликацијава зема ваша слика и ве претвора во 5-годишен зависник на метамфетамин.

Дали те бива да направиш една улица во Скопје?

Сметај дека некако си добил врховна власт и дека баш ТИ треба да решиш како ќе изгледа некоја улица во Скопје (или кој и да е град што сакаш да го владееш). Ти даваат да одбереш колку метри сакаш да ти биде широка улицата и после тоа редиш елементи: лента за автомобили, посебна за автобуси, посебна за велосипеди... Едноставно имаш можност да ги исполниш сите свои влажни урбанистички соништа. Ај види на што ќе ти личи населбата.

Смирувачко денгубење

Кога сте слаби со нервите, или ви е убитачно досадно или... што и да е, дузина небитни интернет сокаци кои можат да ви дојдат баш фино.

Стани пилот со клик

Најблиското искуство што ќе го имате со влегување во пилотска кабина на воен авион (зад вистинско влегување или возење на некоја од симулатор игриците). Сликиве ќе направат да имате новосоздадена почит кон пилотите. Барем на поновите авиони.

90-ти на копче

Џубокс со музика од 90-ти, генерално лоша музика, од која (во зависност што сте слушале) ќе ви падне сериозен срам пред самите себе. Нема бирање жанрови или бендови, има само една тема - 90-ти, а Дејвид Хаселхоф е тука за да ви ги послужи.

Гугл финта за кратење време

Ни го нафрлија ова топче на Твитер па ние го одбиваме до вас.

Viber за Виндоус

Сервисот за бесплатни пораки и бесплатни разговори и бесплатно праќање слики, во најновата верзија стана достапен и на компјутер. За почеток го има на Виндоус и Мекинтош.

Инстаграм фотки за луѓе на кои животот им е премногу досаден

Сајт за сите што имаат Инстаграм, ама немаат ништо интересно да објават (или барем они така мислат). Колекција на слики, поделени по категории (забава, шетање, коли...), подготвени да ги ставите на Инстаграм и да изгледате поинтересно.

Сајт за опуштање

Содржина - пејсаж од идила (река, езеро, море, дожд, ливада) а во позадина оди автентичниот звук што би го начекале ако навистина сте таму. За тие што и покрај тоа нема да знаат да се опуштат, има и една тетка што ќе им помогне.

Камчатка, еве нè и нас!

Ова е одлична презентација за тоа зошто е измислен интернетот. Да можеме да кмишиме во нашите соби и канцеларии и одеднаш да се најдеме над Камчатка.

Како Твитер изгледа во живо

По некое време зјапање во сајтот на Tweetping добиваш чувство како да го гледаш светот како се буди и како си легнува. Сервисот ги следи сите твитови објавени низ цел свет и ги означува со по една точка. Утрово, по 15 минути гледање на сајтот Европа и Азија блештеа, потоа почна полека да се буди и западниот брег на САД.