Вебалици

Сакаме попис. Точка.

Бидејќи ние од рамковни причини се плашиме да се попишеме, можеме само да замислуваме како би изгледала една ваква пописна мапа на Македонија.

Ајде Далтони

Бидејќи знаеме дека ви е досадно во канцеларија, еве една шарена игра за да видите кој од колегите да го земете со себе кога треба да бирате завеси или бои за ѕидови. Од прво играње, нашите резултати се вакви:

Уништувач на документи (ама намерно)

Некогаш едноставно не можеш да се разбереш на факултет / работа / проект дека тоа што не си напишал некој документ не значи дека си мрза, туку само дека имало поинтересни работи за правење. Едно од можните решенија (барем за кратко) е тој другиот да добие корумпиран документ што не може да го отвори. Го имаме сајтот што ќе ви заврши работа.

Андроид 3 х 2

По два примерока на три типа на апликации за Андроид. Сите се бесплатни и сите добро функционираат. Некои ги имало наоколу, некои се скроз нови. Сите заслужуваат инсталирање.

Кока-кола калкулатор на калории

Една лименка Кока-кола има 139 калории. За да ги потрошите овие треба играте 17 минути баскет или 22 минути аеробик или 32 минути пилатес. Калкулаторот ги има (речиси) сите пијалоци на Кока-кола, а има и посебна опција да ви пресмета колку актвиност ви е потребна да симнете 50, 100, 150 или 200 калории (па после удрете математика).

Ф1 трка од сите страни

Неколку дена откако му помогнаа на човек да скокне со падобран од многу високо, Ред Бул монтираше панорамска камера од 360 степени на нивниот Формула 1 болид. Еве како изгледа трката кога би му биле качени на ушка на болидот.

Свила

Колку порано го фатите ова, толку поголем дел од работниот ден ќе изгубите. Во основа имате 6 бои и три начини да ги искористите. Целото е толку добро направено и толку лесно, што после некое време ќе помислите дека стварно ве бива за овие работи.

Комплименти за итни случаи

Во секое време кога ќе ви фали некој убав збор а немате некој во близина (или воопшто) да ви даде кураж, отворете го линков. Знае он што да каже.

Кој, како прави пари?

Една од најголемите мистерии околу бесплатните интернет сервиси е како прават пари? Како може Скајп да го држи цел и ништо да не ти наплаќа, зошто Дропбокс да ти даде 5 гига простор на интернет за џабе, зошто Андроид е бесплатен дури и за компании, за Твитер и Инстаграм да не збориме.

Панорама од Марс

Комплетно средена и функционална панорама од Марс од 360 степени. Не е нешто посебно одржувано местово, ама пак - панорама од Марс.

Најпријатното место на интернетот

Не навлегуваме што ви е и зошто ви е така. Ама ако нешто не е како што треба, барем ова може да го направиме за вас.

Кој колку лаже на Твитер

Апликација која проверува колку од луѓето што ве следат (вас или некој друг) на Твитер, се вистински, колку се ботови а колку од нив воопшто не се активни.

Не си ги прочитал и не мора

Најголема лага во историјата на интернетот - "Ги имам прочитано и се согласувам со правилата на користење." Свесни дека ова никогаш не се случило, група на адвокати, правници и актвисти, направија сајт, на кој во неколку точки и човечки разбирливо објаснуваат на што се согласувате секој кога ќе ги прифатите условите на некој сајт.

Џек порачува

Комплетната кариера на Алек Болдвин изгледа како да беше едно големо подготвување за улогата на Џек Донаги (30's Rock), необјасниво арогантниот директор на НБЦ, со уникатно радикален шовинистички став кон сè и сешто.

AirMech

Вашиот браусер сега има многу повеќе смисла. После години и години користење на браусерот само за сурфање и слично продуктивни работи, сега (во Гугл Хром) можете да играте комплетни игри, не на ниво на флеш, туку на ниво на Плејстешн 2. Плус мултиплеер, плус пукање, плус AI... комплет.

Како да го кренеш интернетот во воздух

За секој пат кога ќе ви дојде да уништите некој текст или било што напишано на интернет, ова е линкот што треба да го имате во букмаркс.

Еволуцијата на мрежата

Она што денес се случува со интернетот ги надминува сите разбирливи бројки (најлесната бројка е 2,27 милијарди корисници, месечниот интернет сообраќај не се добројува). Она што не го знаат луѓето е дека цела таа мрежа, со целата нејзина сериозност и сеопфатност се базира на технологии што се едвај десетина години стари. Еве од кај почнавме и до кај сме стигнати.

Гугл чуда

Додека го индексираше светот, Гугл ги собра и Светските чуда. Ама не само оние редовните 7, туку многу, многу повеќе. Распоредени се по тема и локација, а за секое имате водич, информации, дополнителни фотки, видеа и 3Д модели. Скоро како да сте биле таму.

Најмалата ИКЕА на светот

Ве носиме во најмалата продавница на ИКЕА. Во неа собрало точно 2.800 производи. Се простира на површина од 300 на 250 пиксели. Нејасно?

Sworly

Нешто слично на Pinterest, ама направено за музика. Гледате што музика објавиле другите, објавувате вие што сакате, бирате што ви се допаѓа, правите листи. Се со многу сликички и многу ЈуТјуб.

До каде ќе добаците?

На пример, имате 45 минути и ви се вози точак. Сервисов ќе ви покаже до каде можете да стигнете. Има опција да ја задоволите љубопитноста и за кола и за пешки. И додека го разгледате сервисов, ви поминале 45 минути. А вие одморни. Интернет, корисна работа.

Кога нема Фотошоп и онлајн е добро

Ако си професионалец не постои програм што може да го замени Фотошопот. Ама, кога ќе заглавиш на тазе инсталиран компјутер или на туѓа машина, зорт претставуваат и најмали задачи како менување на големина или сечење на слика. Еве букмарк за такви ситуации.