Канта

Појадок за шампиони

Пар згодни гаџети кои можат да го разубават најубавиот оброк на денот (заедно со ручекот, вечерата и сè што е помеѓу).

Жена со илјада шминки

Без да ја коментираме стартната позиција на девојкава, ќе продолжиме кон сите варијанти што таа може да ги извлече од себе. Се вика Таманг Панг и чуда може да направи од своето лице, со малку вештачки трепки и шминка.

Коце, глеј ваму

Ние не се возиме, железничарите стално неплатени, објектот е ругло. Што може да се направи од едни пруги кои никого не го прават среќен?

Жива е!

Се вика Валерија, во душа е Словен а по шасија Пластика. Една од оние девојки кои нема да ви се намрштат ако и речете: Женска, кукла си. Не затоа што е феминистка, туку затоа што и е тешко да се мршти.

Човек, како ситно тоа звучи

Во војна, луѓето се користат како топовско месо. Во уметноста - како пиксели. Барем во концептот на Крег Ален кој прави прави портрети на познати ликови од поп културата.

Холивуд со брада

Како што Фотошоп може непоправливо да разубави некоја девојка, подеднакво лесно може и да ја направи во циркуски фрик од 19-ти век. За да не мора пред и потоа фотографии, ликовиве ви се веќе познати.

Најдете 7 разлики

Само клик ве дели од еден ментален предизвик кој ќе ја тестира вашата способност да се фокусирате и да ја контролирате својата перцепција.

Оригинал тебешко

Кинеските вештини да прават лажни копии на познати брендови не завршува со Adibas, Sonia или Fuma. Сега почнале да фејкаат и месо.

Знаци крај патот

Добар дел од македонските копирајтери би можеле да уплатат курс кај некој од следниве клошари и автостопери. Или за занает или за искреност.

Ви се вапца?

Баш е православно кул да станеш в зори (во четврток беше тоа?) и домашните да те најдат како го правиш Кени од Саутпарк. Ако старите велигденски дизајни ви се помалку здодевни и сте подготвени годинава да вапцате јајца со мотиви од поп културата, елајте.

Равнајс!

За секој што е, или познава некого кој е опсесивно - компулсивен. За сите оние нередот им личи на хаос и секогаш и секаде пробуваат да ја средат околината под конец. Ѕирнете колку би изгледал досадно нашиот свет кога таквите би победиле.

Поинаква кино димензија

Не е сè во 3Д -то. На Тајланд имаат едно обично дводимензионално кино со најнормално платно и пристојни седишта. И местоположба од која течат лиги.

Какви се шансите?

Некој ќе лапа 640 милиони долари колку што изнесуваше рекордната лото добивка во САД (изгледа тројца ќе ги делат парите). Статистички, шансата да се добие оваа премија изнесуваа 1 на 176 милиони! Што сé е поверојатно да му се случи на еден Американец?

За чашата

Оптимистот: чашата е полуполна. Песимистот: чашата е полупразна. Реалистот: Чекајте бе луѓе, не ве разбирам:

Конобар нас мрзи

Си имате работа со спор, досаден, никако да погледне наваму, добро бе, работи ли некој овде - келнер? Еве начин како да му ја наплатите лошата услуга а тој формално - правно ништо да не ви може. Освен ако не е појак од вас :)

Предизвик за Коце

Семафорите се урбани симболи прилично инертни на дизајнерски промени. Она со бројките не е лошо, ама ова е уште подобро. Нормално, додека нема гола женска на нив, пак ќе има абдали кои забораваат на тргнат на време.