Некој ќе лапа 640 милиони долари колку што изнесуваше рекордната лото добивка во САД (изгледа тројца ќе ги делат парите). Статистички, шансата да се добие оваа премија изнесуваа 1 на 176 милиони! Што сé е поверојатно да му се случи на еден Американец?
Си имате работа со спор, досаден, никако да погледне наваму, добро бе, работи ли некој овде - келнер? Еве начин како да му ја наплатите лошата услуга а тој формално - правно ништо да не ви може. Освен ако не е појак од вас :)
Семафорите се урбани симболи прилично инертни на дизајнерски промени. Она со бројките не е лошо, ама ова е уште подобро. Нормално, додека нема гола женска на нив, пак ќе има абдали кои забораваат на тргнат на време.
После онакви балкански војни кои ги преживеавме, картографијата не ни е баш омилената дисциплина. Сепак, ова може да е прилично интересно. Стари карти, од пусто античко, пусто турско па до пусто југословенско.
Сит човек на гладен не верува. А гладен на табели уште помалку. Сепак, еве една научна табела на видови храна, подредени по тоа колку ви даваат чувство на ситост (по изедени 240 калории од секоја). Дилемата е: колачи или банана? Нашиот одговор е: да, може.
Републиканците бираат човек кој на следните избори ќе му се спротивстави на Барак Обама. Еден од главните јастреби во таа арена е Рик Санторум. Еве што треба да знаете за неговата политика.
И суперхеројот на Словачка прави се што може да им помогне на своите сограѓани. Исто како и вистинскиот Бетмен, и тој изгледа опасно кога ќе ја стави својата маска и ќе се шмугне во темнината на ноќта. Да ве запознаеме подетално.