Канта

Најскапите сендвичи на светот

Листата е направена по основа на цената на клуб сендвичите во хотели во главни (или големи) градови низ светот. Во секој град се зема цената на клуб сендвич во хотел со 5, 4 и 3 ѕвезди и се вади просекот за градот. На прво место е - Париз.

Светот на Ѓоковиќ низ македонски очи

Новак Ѓоковиќ од неодамна има туристичка агенција која нуди некои доста интересни аранжмани (адреналински одмори, соло летувања, тениски туризам и сл). Не ни е тоа муабетот. Од сите слики на светов кои им се достапни, Ѓоковиќ и неговиот веб тим за својот сајт ги одбраа сликите на Роберт Смилески, еден наш човек кој ужива да ака по светов во сопствена режија и истовремено е одличен фотоаматер.

Милениумски спојлер

Кино Милениум ви дава две можности, за 200 денари да го гледате мега популарниот Avengers во 3D или на сајт да ви го раскажат бесплатно. Од А до Ш.

Дечко, многу си згодна

Нормално дека нè влечеше идејата вистината да ви ја кажеме на крај, но, да ја почнеме ферски оваа недела. Сè згодно што ќе видите понатаму е машко. Патаја, 2012. - избор за најубав трансексуалец на Тајланд.

10 начини како да изгубите пријател

Ако уште имате пријатели, а по никоја основа не ги заслужувате, тогаш имаме 10 начини како да ги уверите дека стварно сте премногу скот за да се дружат со вас.

Имиња ли се имиња

Оригиналот сите сте го слушнале, само не ви текнало како може да го искомбинирате. Како на пример: Jafar- Jaclose или De Niro - De Faro.

Реклами без извини

Додека една реклама стигне до публиката, треба да ја пројде агенцијата, луѓето од маркетинг, директорот... За ова време таа станува незабавна, конфекциска и "безбедна." Сепак, некогаш "рекламџиите" сакаат да си го направат меракот.

Палачинки, од новите

Ајде сега фино лепо еснаф на палачинкари да се собере и да седнат да се договорат кој ќе почне да ги прави палачинкиве. Се викаат Harajaku палачинки, најлесно можат да се објаснат како палачинки во форма на гиро. Кога ќе се договорите пишете.

Свет без 5 богаташи

Што ќе изгубеше светот, ако ги немаше овие 5 богаташи. Ок, ако ги немаше нив, ќе имаше други, ама не е тоа поентата.

Фори за секој ден

Нема фундаментално да ви го сменат животот, ама барем ќе ви решат некои мали глупи проблеми за кои мислите дека "ете така треба да биде тоа."

Сериозно навредливи реклами

The Chip Shop Awards е избор на најкреативната реклама на годината. Без разлика дали е прифатена од брендот за кој е правена, без разлика колку е навредлива, без разлика на се. Важна е само идејата.

Мода за шуто и рогато

Модните трендови се демократска придобивка. Проклето демократска придобивка.

Мајсторе, претна!

Низ Лас Вегас шпарта автобус што им запира на луѓе кои претерале со пиење и им нуди целосен третман за отрезнување: кислород, инфузија, витамински инекции, лажен повик од жена ти... Еве како изгледа внатре автобусот од ЈСП Мамурлук во кој не важи правилото да седне постариот (џабе ќе го барате наш Адо на сликите, тој е профи).

Проклета декаденција

Верувале или не, постојат држави кои имаат авиокомпании и во кои таквиот превоз станал толку вообичаен што кога некој патува, не му доаѓа цела уплакана фамилија да го испрати! Во таквите земји, почнале да се занимаваат и со тоа кои се најдобри а кои најлоши седишта во авионот (хинт: авион е тоа металното што лета). 

Еден месец без шминка

Не само шминка, туку 30 дена со комплетна забрана на сите форми на женско тимарење: без креми против брчки, креми за очи, парфеми, депилација, фенирање, исправање на косата. Дозволено е само она што е потребно за најосновните хигиенски потреби. Госпоѓата е 39-годишна новинарка на Дејли Меил.

Татко фотограф

Џејсон Ли е фотограф кој парите ги вади од сликање венчавки и невести пред свадба. Џејсон има и две ќерки. Кога не можел да ги однесе ќерките да ја видат мајка му (која била дијагностицирана со рак), Џејсон почнал да ги слика малите. И уште не престанал.