Канта

Апликација за мапирање на ѓубрето во вашето место

Не сме сме умориле од објавувања на ѓубриштата во кои живееме, ама можеби ова ќе испадне ефикасна алатка.

Дебакл!

Не баш дебакл, ама одма е друго кога се прави драма. 4 дена пред наградите ни беа дадени 14 предвидувања за добитници Оскар, на другарска база му дадовме бонус од 2 грешки. Дојде време да се пресметаме.

Фотошоп функции на гардеробите за пробување облека

За нас дифтарите, тие гардероби се само за ептен кога мора да пробаш нешто и ги доживуваме како клаустрофобични катакомби во кои те фаќа склет и следствено, запотуваш мишка. Ама за женскиот свет тоа се храмови во кои посветено и трпеливо се менуваат мантии а се прават и селфија за да се покажуваат по другарки или инстаграми. Некои фирми добро знаат дека тие гардероби (дизајн, позадина, светло) се клучни за донесување одлука „што ми стои добро“.

Храната пред да биде набрана

Додека храната уште е во природна околина, во "фабричкото" пакување, пред да биде препакувана за на полица или тезга. Со мали исклучоци ништо не изгледа како што ние мислиме дека излгеда.

Колку беше бескорисен интернетот во 90-те

Во негова одбрана не беше одвратен и мизерно невоспитан како денес, ама па беше така неупотреблив што комплетно ти разјаснува зошто добар дел од медиумите тогаш не ни помислуваа сериозно да ја сфатат новата играчка. 14 веб страни "што ја издаваат баналноста на раниот интернет".

Дизајнер, како тоа евтино звучи

Сите оние луѓе, што на сите оние дијзајнери, уметници, фотографи и слични занаетчии, им побарале да им сработат нешто гага па парите после ќе стигнат, олицетворени во колекцијата на една изгорена дизјанерка.

За германцките работи

Старата лекторска изрека гласи "цела среќа што не се родивме во Германија". (А ако ја немаат оваа изрека треба под итно да ја воведат!)

Непотребна машина за салата

Извршниот директор на една бескорисна компанија го претставува нивниот најнов производ: бескорисната машина за салата. Ако најдете некој аир од неа, можете да пријавите рекламација.

Да видиме што прави Александар Александров

Дечкото е од Бугарија и се занимава со правење визуелни ефекти за Видео Копилот. Кога ќе му се здосадат ефекти снима видеа и тоа одлично му оди.

Како владика оди во офлајн?

Патријархот московски и серуски, неговото преосвештенство господин господин господин (ваљда имаат едно поише од кај нас) Кирил, лице кое има директна вифи врска со севишниот, во моменти кога е време да се спушти антената.

Ја видовте честитката на ФБИ?

Една од најмоќните агенции во светот, ќе си речете имаат ресурси за секакви операции, професионалци од секоја можна структура. Доаѓа време за честитање Нова година и они мртви-ладни на Твитер го пуштаат следниов дизајн:

Изворот на мемето

Кога конечно си нашол оправдање за тоа што си го посветил животот на собирање корици од шкарт екс-Ју албуми, па веќе другарите не те гледаат како фрик. Или на кратко - Југомеме на Тамблр.

Seedo, уредот што ќе те раздели од твојот дилер

„Автоматска машина за хидропоника“ е нешто што личи на мал фрижидер (дизајнерски одлично скоцкано) во кој може да одгледувате најразлични видови зачини (индика) и некои видови зеленчуци (сатива), сред дневна. Целиот систем работи комплетно автономно и комплетно паметно, а единствената ваша задача е да му ставите некаква семка.

Гаџетот што нејќеш да стигне во Скопје

Најверојатно е смислен во Америка, најверојатно се произведува во Кина, и е направен исклучиво за нам да ни скорева јадови - персонален мерач на отрови во воздухот. Го вклучуваш во штекер, почнува да го душка воздухот, го анализира и на мобилен ти прави попис на сите отрови и хемикалии што ги дишеш во моментот.

Треба да ти текне

А на дечкото му текнало да ги најде сите места во Лондон на кои се направени омоти на реге плочи и од тие фотографии да направи книга. Погодете колку пари собра?

Се скарале Скандинавци, и ништо интересно не се случило

Да ти се смачи колку се неспособни Скандинавциве да се спукаат како луѓе. Колку се некадарни да распламтат еден поштен меѓунационален судир. Каде се тука мајките и сестрите? Каде е тука крвопроливање? Каде е господ и секогаш погрешната религија? Каде се народните херои? Каде е "не тој е наш херој"? Каде е "ние ве измисливме"? Како они само мислат дека со вакво однесување некогаш ќе се приклучат кон Балкан? Никад. Ќе скапат горе на тоа студот.