Да беа овие изјави од денешно време, ќе беа трајно впечени во колективното сеќавање. Прво ќе се појавеа на Твитер, па од таму ќе отидоа на Фејсбук, па од таму на сите можни портали, за на крај фотките да завршат на Инстаграм или како гиф на Тамблр.
Мала фото ретроспектива како изгледал авио-превозот во 30-тите години на минатиот век. Нема да ви се верува колку од тогаш до сега напреднал... капиталистичкиот инстинкт за екстра профит и вештината што повеќе луѓе да се напикаат на ист лет.
Како и другите и оваа е за собирање пари. За разлика од другите, оваа кога би ве пресретнала некаде без мислење ќе и оставите пари (а не е со бебиња, мајки, кучиња, мачиња...).
Пред некој ден фудбал играа Украина и Франција. Натпреварот заврши со резултат од 2:0 за Украинците. Ако го додадеме и ова, тогаш конечниот резултат е 3:0.
Читател ни испрати своја фотографија која учествува на меѓународен натпревар (и веќе влегла во потесен избор), најучтиво замолувајќи да и дадеме публицитет. Со задоволство. Али јеби га, имаме и нешто да додадеме.
Ќе ви дадеме мал увид во содржината па сами решете ја дилемата од насловот. 145 џамбо фотографии од кои им паѓа вилица и на мажи и на жени плус 200 фотки од позади сцената. Со оваа ексклузивната збирка можете да блудничите за само 120 долари.
Тоа е слоганот на една извонредна кампања на швајцарскиот меѓународниот Амнести. Дизајнерските решенија одат по сити лајтови и ефикасно ја доставуваат поентата, луѓето од лежерниот Цирих малку да се сепнат.
Решение за горечкиот проблем на објективно немање простор за нови споменици доаѓа од еден британски скулптор. Се разбира, предлогот треба да се приспособи на нашите услови пошто ако ставиме уште еден Чакаларов во Дојранско, само тоа газот на коњот ќе вири надвор.
Даг Џонс е актер со прилично дебело актерско досие. ИМДБ му брои 117 улоги и тоа во познати и популарни филмови. Сепак, Даг Џонс ретко кој го познава на улица.
На студент по архитектура му здодеало да се тупи за концепти, да црта непостоечки згради за измислени клиенти. Па решил за не големи пари да купи стар ученички автобус (три бона), да го преправи (шест бона) и сега ја тестира "функционалноста на својот проект" акајќи по Америка со своите пријатели. Е, не.
Карл Ворнер е еден крајно креативен дечко кој постојано работни нешто, од телевизија до фотографија, реклами, па и книги. Ова му се годинешните пејасжи што ги создаваше од храна.
Бил Вотерсон е авторот на легендарниот стрип Калвин и Хобс, човек кој стига до својата слава по повеќе години работа на најразлични позиции кои никако не му прават мерак. Ова е неговиот совет за животот, без разлика што и каде работите. п.с. има и п.с.