Видео

Пржење на денот

15 години одлежано 26 минутно парче виртуозен прог-рок инструментал. Во екипата се Дионис Стратров (бас и програмирање тапани), Бобан Василевски (гитара) и Петар Лукиќ (клавијатури). И сите играат во напад! Само најхрабрите ќе издржат до крај.  

Украински маалски активизам

Во Украина актуелна е измама во која луѓе одат по станови на постари пензионери и им нудат најефтина можна замена на старите прозори со нови со подобра термо изолација, за што само треба авансно да дадат некоја сума на пари. Откако ќе земат аванс засекогаш ги снемува ликовите. Како последица на ова, во земјата се појавија и „активисти“ кои ги чистат измамниците.

Пејчиновски, чао

Младиот охридски шаман на гитара, Дамјан Пејчиновски, ја отсвирува Бела Чао во десет различни гитарски стилови. Кој од кој поинтересен и позабавен. Алал, момче. Какви сè погани усти ја извалкаа оваа песна, ќе треба долго вака да ја плакнеме.

Густав, сите епизоди

На 80 години почина творецот на Густав, еден од саканите цртани во социјалистичкото минато на Македонија и Југославија. Марсел Јанкович беше графичар, илустратор на книги, историчар на културата и почесен претседател на унгарската уметничка академија. Има номинација за Оскар за краткиот филм Сизиф а во 1977 добива Златна палма во Кан за филмот Борци. За Густав го пишуваше сценариото. Компилацијата трае 2 часа и 20 минути.

Што софтвер има овој Магнус Карлсен?

Му покажуваат различни позиции на шаховска табла и тој погаѓа од која партија и од кој дуел се! Побогу, од кој свет е дечкото? Па колку партии тој има во глава? Ние прееска се пишувавме на Скајп пошто никако да текне дека она со пченкарно се вика проја.

Сте пиеле ваква?

Ние богами, да. Оваа е плава (уште таква не сме пробале), нашата секогаш била главно жолта и главно лозова, ама, клучната карактеристика која сакаме да ви ја покажеме, скроз исто.

Како се хакнува куче

Двајцата негови сопственици, решаваат одеднаш и во исто време да се затрчаат на различни страни, за да видат кого повеќе сака. Ако сите кучиња се како ова, одма го покажуваат багот.

Две пчели на еден проект

Како знаеја дека Фанта во пластично шише затворено со капаче е добра за нив бидејќи содржи хранлив шеќер? Како знаеја дека треба да се распоредат на спротивните страни на капачето за да бидат најефикасни? Како знаеја на која страна се отвора капачето? Многу, многу работи не знаеме ние за нив. Ама па, за курчење нè бива, шо...

Тука почна Брегзит

Поминале цели 11 години од едно од најлегендарните ТВ моменти, кога ведрата Холи од најпопуларната британска утринска програма, сосема наивно го прашува нивниот редовен шеф, Италијанецот Џино, дали може малку да се преправи еден традиционален рецепт.

Се кладиме дека ова е истата жена?

Ќе си дозволиме да не нè занима вашето мислење ако не се согласувате со нас, бидејќи и ние со слично неверување пристапивме кон клипот, за до крај да не веруваме на ништо што гледаме на интернет, па и во живо.

Отпадот од едно затворање

Во Данкин донатс ѕвони за затворање за дента, што значи сè што е останато непродадено на рафт мора да заврши во канта за ѓубре. Толку многу кутри недолжни крофни. И така секој ден, во секој Данкин донатс.

Норвежани ни го лупаат Васил

Ако ги мислите Норвежаните за воздржани и прекумерно воспитани луѓе кои со секој збор внимаваат да не навредат некого, чекајте да го слушнете ова друштво на ајкули. Го распараа.

Јонче во Њу Орлеанс

Дружината ја свири „Ако умрам ил загинам“ среде улица во Њу Орлеанс. Инаструментално, мислиш спремни се секој момент од некоја од тие кафаните да излезе Јонче Христовски и уште еднаш да замафта со сакото.

Веганка си најде кубаска

Кога живееш во хармонија со природата, во неа многу лесно наоѓаш здрави алтернативи на нездравата, процесирана и комерцијална храна. Ете ја неа, итрица мала, веднаш препозна интегрален колбас, веќе жбурнат со стапче и спремен за консумирање. Кечапмајонез?

Бомби без граници

Газдата на кулата Ал Џаваа во која беа сместени Ал Џезеира и други медиуми, моли некого од израелските власти да дадат само уште 10 минути пред да ја ракетираат зградата, за да можат луѓето да соберат нешто од опремата. Неколку минути подоцна, кулата е збришана од а до ш.  Вака ни озлогласеното НАТО не ја залупа озлогласената РТС.

Најзаслужените шамари на светот

Нејасно е како е можно некој да е глуп до толку да не заслужува да се спаси. Ама па фино што се спаси. Иначе, како ќе го шамараш?

Далеку е сонцето

Зад она што се случува меѓу Палестинците и Евреите во Израел, не стојат само некакви ултра-религиозни екстремисти од двете страни. Идејата дека „имаме право да ги мразиме, протеруваме и/или убиваме“ е одамна и бааги метастазирана. Млади луѓе од западен Ерусалим, со насмеани и добродушни лица, ги опишуваат своите „конструктивни предлози“ за решавање на проблемот. 

Има ли песна?

Во чест на сите оние кои околу себе наоѓаат музика дури и во најнеочекувани детали кои за останатите остануваат само неважни секојдневни фусноти. Знаат ли таквите колку се благословени?

Совршена реклама не пос...

Боб Дилан ја има Hard Rain's Gonna Fall а газда Мамиќ од Живинице го добива овој адвертајзинг еп, благодарејќи на триото Мирсада и јарани. Ова да се чуе на финале на Супербол, веќе ништо нема да биде исто на овој свет таговен.  

Команда „балалајка“

Балалајка е руски музички инструмент (три жици, дрвено триаголнесто тело) и истовремено, една од топ петте команди кои ги знае овој грд убавец.

Господине Звонко Богдан, кажете ја онаа, нашата

Веќе ги замислуваме оние безумни мк талибанци како викаат: аман бе со тие југоносталгии, сфрј-а, звонка богдани и слични пропаганди отрови за валкање на чистиот македонски мозок. Така, така...  

Како гори електричен тротинет?

Не да гори, пржи. Притоа, изгледа како да ги компензира сите штетни гасови кои не сте ги пуштиле во атмоферата кога сте го возеле него наместо некој стар дизелаш. Ова е некој Хрват, огорчен што тротинетот му изгори пред очи, ама па и малку среќен што не му бил оставен во кола.

Отаде бетер

Разговор што ќе почне со: девојко, а дали редовно се бањаш, ставаш дезодоранс, се депилираш... обично не може да продолжи кон нешто многу полошо. Кај „кралица Клеопатра“ може.

Хетфилд не e на чисто со вакцината

Фронтменот на Металика вели дека не му е јасно како ќе изгледа концертната иднина на бендот, особено што и тој е скептичен околу вакцинирањето. На еден подкаст, Џејмс Хетфилд откри дека ни како дете нема примено ниту една вакцина, од религиозни причини (родителите му биле посветени членови на Христијанска наука, верско учење и пракса кое се противи на медицински третмани). „Ако ептен бараат пасоши, тогаш ќе донесам одлука.“