Видео

Слава на легализацијата!

Британска новинарка начекува група млади бегалци од Украина и со загрижност ги прашува како е ситуацијата таму, што се случува на теренот. Ама, наидува на соговорник кој има друго да праша: Канабисот овде легализиран ви е?

Репортажата на Скај њуз што за малку ќе беше последна

Екипа на Скај њуз го напушта Киев и тргнува кон Буча да направи репортажа. Ништо посебно далеку, ниту пак посебно опасно по дојавите од локалните извори. На крај репортажата не се случува, а главниот успех на екипата е што сите се живи на крај од денот.

Војна во живо

Дрон снимка, проследена со објаснување,  од блиска битка меѓу украниски и руски сили во близина на Херсон, на првиот ден од војната, 24 фервруари.

Борба со погрешен противник

Двеминутна кавга за ситуацијата во Украина на индиска телевизија. Водител и двајца гости. Водителот и еден од гостите фаќаат да се надвикуваат, третиот трпеливо молчи. Сè додека не му прекипе и реши да ги стави работите на свое место. Значи, мора да го видите крајот.

ММА кој прв нејќе

Како во златните денови на Информиборото, сега дури и од ММА борци се бара да се произнесат за војната Русија- Украина. Прашањето стигнува до 27 годишниот Брус Мичел. Како и 15-те противниците кои ги има победено, и новинарот кој го прашува сам си го бараше.  

Два воена хушкача: Дозволете да ве напалиме

Американскиот сенатор Линдзи Грем (деновиве јавно повика некој близок од кругот на рускиот претседател да го убие Путин) и сенаторот и претседателски кандидат Џон МекКеин, во Украина, декември 2016 година. Пожарникари кои носат бензин на лице место.

Руска инвазија на ИКЕА

По најразлични санкции од речиси сите држави на светот, блокада во најголемиот број меѓународни организации, заминување на сите поголеми брендови од земјата, тоа што најсилно ги удри Русите и ги мобилизираше да излезат на улица и да застанат во редица беше информацијата дека ИКЕА ги затвора сите продавници во земјата.

Бранко Коцкица денес за ова би лежел во Хаг

Многу спореден, а денес многу надреален, исечок од некоја си од емисиите на Бранко Коцкица. Матичниот педагог на милиони југословенски деца ги кани дечурланата на маса „да цепнемо нешто жестоко“.

Камала Харис: Украина за првачиња

Луѓе знаат дека Украина е ептен комплексна тема, од гео-политички, јазичен, историски, секаков апсект. Но, Камала Харис верува дека си ја познава публиката па реши тамошната актуелна ситуација да им ја претстави преку следнава „суптилна“ анализа:

Војната и двојните стандарди

Зошто мора постојано да бидеме потсетуваме дека луѓето кои страдаат во Украина не се муслимани туку плавокоси, плавооки и „релативно цивилизирани“ христијани?, прашува дечкото кој има неколку легитимни поенти на темата. Зошто кога Украинци ќе земат оружје тие се херои кои си ја бранат татковината, а кога истото го прават Палестинци, тогаш тие се терористи?

„Иран или Ирак“ моментот на Бајден

Американскиот претседател го осуди Путин и за тоа доби консензуален аплауз од двете партии во конгресот. За жал, после влезе во „материјална расправа“. „Путин може да го опколи Киев со тенкови, но никогаш нема да ги освои срцата и душите на иранскиот народ,“ порача чичкото.

Ако Хилари не те утеши, кој?

Бидејќи секој сака да слушне како неговата тазе завојувана држава ја споредуваат со Авганистан, пораката на утеха што несудената претседателка на САД ја има за укранскиот народ почнува со: „Абе Русите пробаа да извршат инвазија на Авганистан... па не им успеа“, и не продолжува ништо подобро.

Канонада на украинска новинарка врз Борис Џонсон

Борис Џонсон е во Полска, пред неколку дена границата меѓу Украина и Полска ја минува и новинарката Дариа Калениук чие семејство и колеги (во најголемиот дел) се уште се во Киев, Лвив и остатокот од Украина.

Како функционира светската цесија

Елате да видите како за две минути можете да ја разберете светската должничка криза. Кој колку и кому должи и како тоа секој на секого му должи? На почетокот сте концентрирани и следите со разбирање, после работите почнуваат малку да се комплицираат и го губите есапот, ама, крајот е најјак.

Тик-ток тенкисти

Корисници на Тик-ток, со иста енергија како за рецепт за омлет, почнаа да објавуваат видеа со упатства за стартување и возење на напуштени борни коли и слична воена механизација.

Чиста околина извадија лут спот за „Врие Македонец“

Им гостуваат Кацар и Вена, видеозаписот е на Иван Солунчев, продуцент, микс и гитара - Драги Иванов. Чиста околина маваат воспитни заушки!

Преведувачката на Велт не го издржа говорот на Зеленски

Што и да кажуваше Зеленски беше премногу тешко за германската преведувачка што во живо ја покриваше прес-конференцијаа за Велт.

Нема веќе добри и лоши, сите се лоши

Западот на значителен начин ќе профитира од конфликтот, но тоа не е оправдание за постапките на Русија... Не постои морална височина на која можат да застанат главните глобални геополитички играчи бидејќи сите тие имаат такви утврдени корпоративни врски и такви очигледни територијални цели што не можеме да им веруваме. Ова и повеќе во експозето на Расел Бренд.

На Порошенко не му се паднаа баш најдобрите

Поранешниот украински претседател објави дека останува во Киев со своите сограѓани за да го брани главниот град од руската инвазија. Тој е заедно со својата заштита и останати членови на територијалната одбрана на Киев. Некои од нив не влеваат баш многу надеж.

Алоха за Украина

Американската конгресменка од Хаваи им порача на Путин, Зеленски и Бајден дека е време да се тргне гео-политиката настрана и на Украина да ѝ се даде мир така што ќе биде договорено таа да биде воено неутрална земја. Ни со НАТО, ни со Русите.

Црно-бела Полска

Полска великодушно ги отвори своите граници за бегалци. Ако се бели и ако се од Украина, макар со себе ги носеле и своите домашни миленичиња. Бегалците со поинаква боја на коже се под друг режим.

НАТО: Диверзитетот е нашата сила

Злобници велат дека советник за безбедност му го покажал видеово на Путин па овој рекол: "Ок, упаѓајте". Али стварно, замислете да сте Украинец, руски тенкови баботат по вашата земја и некој добронамерник од Запад ви го праќа ова видео како мотив да издржите. Диверзитетот само што не стигнал за да ве спаси.

Владимир Зеленски, лидер и пијанист

Алал вера она западнине служби како перфектно профилираат политичари сојузници во трети земји. Кај нас знаете кого го црпнаа да ја одработи задачата, во оваа прилика да ги запознаеме талентите на Зеленски, човек кој ја води Украина нападната од Русија.

Зошто Запад не сакаше да го слушне ова?

Уште во 2015 година, еден од највлијателните американски политолози ја опиша иднината на погубната западна политика со Украина. „Ги убедуваме дека ќе бидат дел од нас, ги охрабруваме да играат тврдо со Русија, и тие тоа го прават. Ако продолжат по тој пат, земјата ќе им биде здробена“, рече Џон Мершајмер пред 7 години.