Видео

Градоначалник на денот

Идеолошките битки околу џендери/мендери беа подносливи па дури и занимливи за следење кога се однесуваа на возрасни лица, ама после некој посака да ja спушти битката меѓу децата и младите и да прави каша-попара и во тој свет. Не поминува тоа секаде лесно и мазно.

До пред некоја година овој ќе беше жив запален на лице место, денес објаснува

Колку ти е покомплициран одговорот на прашањето „дали 12-годишно дете може да даде согласност за секс со возрасен?“ толку повеќе треба со време да си бараш чаре кај надлежни институции.

За 30 години сите ќе бидеме геј?

Бил Мар извади јака статистика: во секоја наредна генерација, уделот нс ЛГБТ популација се дуплира. Пред 1946 година (генерацијата на Бајден), помалку од 1% Американци биле геј, меѓу бумерите ги имало 2,6%, 4,6% кај Генерацијата Икс, 10,5% меѓу миленијалците а 20,8% меѓу Генерацијата З. Ако се следи овој статистичка траекторија, во 2054 година сите ќе бидат геј.

Бизнис лекции од Илон Маск

- Како може да се отпуштат 80% од вработените и да се води Твитер со само 20% од луѓето? - Ако не се обидуваш да водиш глорифицирана активистичка организација која ќе се бави со цензурирање, сфаќаш дека добар дел од луѓето можеш да ги ослободиш од работните обрски, одговара Илон Маск. На овдешните активистички медиуми им е гајле за ова, покриени се тие со грантови.

Канада не е да ја рачунаш за озбилно

Група канадски машки парламентарци парадираат околу маса носејќи бели и розевки розеви чевличиња (број +45)  на високи штикли, за да ја помогнеле борбата против насилството врз жените. Како одење на штикличиња помагаат во таа борба, нив да ги прашате. Ама, ако идејата ви звучи глупо, чекајте тек да ја видите реализацијата.

Дали е време за роботски синдикати?

Робот воден од вештачка интелигенција папса сред работа која со денови, години и децении молчешкум ја обавуваат стотици илјади човечки робови, од македонските погони до американските стоваришта. Коштал 20 милиони долари. Намести неколку кутии. Колабираше.

Ова го немавме чуено

Балканските фудбалски трибини се инкубатори за некои од најсочните пцовки, клетви и закани кои се имаат изнедрено на овие простори. Но, секогаш постои место за нови иновации и крикови на ранетите души на спортските фанови. Колку треба да те изнервира еден фудбалски судија за да зажалиш што не си крокодил?

Раус, раус, Аналено моме

Троа дебакл и резил ѝ се случи на шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок во Пекинг. Откако почна да кажува кој е правилниот став за Ујгурите, Тајван, Русија... домаќинот ѝ кажа дека не им требаат лекции од Европа. А потоа ѝ беше покажано каде е вратата, без ракување.

Не прашуј ако не си спремен за одговорот

„Не мислам ништо, не се разбирам во политика“, рече жената обидувајќи се да го избегне прашањето на новинарката дали треба сите во Украина да се обединат против руските агресори. А потоа нешто се прекрши во неа па сепак реши да ѝ каже што мисли за војната. Според видеото, на крајот сепак некој ѝ затропал на врата. 

Маск го подзапука Закерберг

Такер Карлсон го потсети Илон Маск дека Марк Закерберг од Мета/Фејсбук себе си се смета за олд скул либерал кој е против цензурирање. На ваквиот опис Маск имаше да додаде една стара народна: Не го гледај што зборува, гледај го што прави. 

Што носат машките години и зрелоста

Дечкото сочувал видео со него од пред пет години, кога се направил крш па бута некаков џанк фуд после пијанка и не знае гзот кај му е. Но, дечкото сака да ви покаже и ново видео од него, од пред некој ден. Сè се може, само треба да си упорен.

Јакуза дромец

По облекување, држење и муабети, сите се тие исти, од нашиве шабани, преку оние од белградските сплавови па до џенем во Јапонија. Вајс го претставуваат Коико како олдскул јакуза кој е познат по краткиот фитил, иако зналци тврдат дека нема шанси јакуза вака да се чатали пред камери.

Бејвоч реално

По свое нахоџење, можете да имате различни асоцијации на оваа ситуација. Фан на актуелната власт може ова да го гледа како операција на опозицијата да ја спаси Македонија. Фан на опозицијата пак, може да гледа копрцање на власта да се прикаже како државотворен спасител. Едно наравоучение е несомнено - научете сами да пливате, пошто сте го јаделе.

Како се чува француската демократија

Бидејќи лесно може човек да се помеша да појасниме, овие со шлемовите, штитовите и пендраците не се тие што ја чуваат француската демократија, туку тоа се оние со дуксерите и ранците.

Ќе викне ли некој „Експертот е гол“?

Све мој до моега експерти за зелени енергии доаѓаат на панел на конгресно сослушување и притоа биваат соочени со банално прашање: „Колкав процент од нашата атмосфера е составен од јаглерод диоксид?“ Зналците лицитираат со пет проценти, седум, осум проценти.... Не се ни приближно блиску. Уделот на CO2 не е ни еден процент, ни половина процент, туку  0.04%.

Назад, назад, трансџендер моме

„Зошто мислите дека транс-жените не треба легално да се третираат како жени?“ „Затоа што сум молекуларен генетичар “ одговараа таа и потсетува дека да се биде машко или женско е резултат на развоен процес кој не можете да го вратите назад. Леле бе ова научнициве, стварно ли мислат дека знаат повеќе за луѓето од идеолозите на новото време?

Вештачката интелигенција го создаде Џо Роган

Многу фасцинантен и истовремено збунувачки е овој некст левел шит со артифициелната интелигенција. Чујте еден комплетно фикционален подкаст со Џо Роган (кој не е Џо Роган) и извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман (кој не е Сем Алтман). Комплетниот дијалог е дело на вештачката интелигенција.

Џо Бајден во земјата на чудата

Американскиот претседател Џо Бајден ко да не го позна малото кафеаво човече па брзо го батали за да се поздрави со бел стар човек во униформа кој од некаде му се виде познат. Малото кафеаво човече е Риши Сунак, премиер на Велика Британија. Пазете ја таа негова збунка фаца откако беше тргнат на страна.

Маск нагази новинар на BBC

Новинар на BBC мислеше дека ќе пројде лесно нафрлувајќи му ја на Илон Маск стандардната фраза дека откако тој го преземал Твитер, на платформата се зголемил говорот на омраза. Не, не пројде ич лесно. После неколкуминутно измачување да каже барем еден пример, новинарот конечно успеа да ја смени темата на ковид. И тука статива.

Варуфакис држи лекции по здрав разум

Таа била загрижена за Кина зашто истурале пари во Африка за таму да им градат пристаништа. - Пристаништа? Што има лошо во тоа? прашува Варуфакис. - Да, добро, слично и ние правиме, почнува да ретерира соговорничката. - Не, не, тие тоа го прават многу почовечно од Америка. 

И Арапот знае за заебанција

Има разни друштва кои се пренкаат по интернет (австралиското друшто на Шами милиoни направија од тоа), но Арапиве ни се коњак. Глупи заебанции ама тие урнебесно се забавуваат. Имаат еден џин и едно џуџе. Џуџето се плаши од животни, џинот се плаши некој да не му земе јадење, ама ај, да не влегуваме во детали.

Како зборување со политичари е вежба по залудност

Џон Стујарт достигнува сосема нови нивоа на пристојност обидувајќи се да не се лизне на провокациите на соговорничката и разговорот да почне да го тера на нејзино ниво, како би се завршил со нејзина увреденост дека ете со Стујарт не може смирено да се разговара. Тој има две прашања наједноставни за одговарање, под услов да не си кабает.

Момчето со форхендите

Форхендот важи за посилен и посигурен тениски удар отколку бехендот (фанови на Федерер да не рипаат одма). Момчево има 12 години и два форхенда затоа што e aмбидекстерен, состојба кај лица кои подеднакво ја развиваат и левата и десната хемисфера на мозокот па затоа подеднакво добро се служат со двете раце. Кај и да му ја пуштиш, нему му доаѓа на форхенд.

Како се ребрендира пијачка за да звучи здраво

Не мора ништо да смените во самата пијачка. Само треба да ги смените пораките за таа да звучи поздраво. Дека е 100% природна и растителна (оти па другите се нериродни и меснати), дека е 100% органска (оти претходно била неорганска), дека е безглутенска, дека има ниско ниво на натриум.... И одеднаш, старата добра Кока-кола станува шемаџиска за сите трагачи по здравиот живот.