Видео

Едно незгодно

Група Американци, меѓу кои и црнци, за викендот за католички Велигден решаваат да скокнат малку до Европа, конкретно Италија и Шпанија, и да видат како таму се слави воскресението на Исус. Кога таму некоја позната кореографија.

Уште „мајмуне“ не му рече

Макрон беше во посета на Кина од збир на причини кои главно се сведуваат на зорт. Пристигна со стандардниот пакет финти за опуштеност на западните лидери, од кои дебело страдаат западните општества. Па на пример на официјалното фотографирање со Ши, застана со раката во џеб, за што инстантно беше опоменат од дежурниот фотограф.

Оланд си призна како попче

Руските пранкери Вован и Лексус (истите оние кои го шупчеа Заев и на крај не му дигнале телефон пошто им досаѓал) го навлекоа францускиот екс-претседател да го признае она што го призна и Ангела Меркел. Мислејќи дека зборува со Порошенко, Франсоа Оланд потврди дека договорите од Минск за Запад му послужија само како купување време додека ја спремат Украина за војна.

Тајната на песните на U2

Прцање со стереотипноста на музиката и особено текстовите на бендот од Даблин кој некогаш донесе свежина но потоа стана некако преголем а Боно почна пресериозно да ја сфаќа својата улога во животот на оваа планета (мада, оној последниот албум со катаљарда преработени нивни песни добро ни легна). Дечкото го сконтал „рецептот“ на песните, плус фацата му е ултра-меланхолична.

Не треба фала

Имате ли глупа навика на пијано да пишувате на бившата/бившите? И утредента сабајлето да ве изеде жив срам од себе и да ви дојде да пропаднете во земја кога ќе видите што све сте пишале и колку сте биле бљак? Постои само една грешка која сте ја направиле а можете да ја поправите следниот пат и ништо од тоа каење да нема: не сте биле доволно пијани.

Ја расплака, бе!

Дечкото ѝ ги објаснува тајните на циклопејските градби, финесите на антедилувијалните цивилизации, мегалитните структури на Ѓобекли тепе во Анадолија.... Сè тоа фино. Само што таа е професионалка на Твич и од друго ги вади парите. Кутрата, мина низ ролеркостер од емоции. Боља врска немате видено.

Не е проблем што си сиромашен, туку што и за тоа не те бива

„Да се биде комплетно бескорисен е луксуз кој можат да си го приуштат само богатите, а ти не си богат, сиромашен си,“ ќе каже неименуваниот интернет мотивациски говорник.

Нема долар, нема санкции, нема хегемонија

Марко Рубио за суштината на паниката во Вашингтон околу де-доларизацијата на глобалната економија. Oгромен дел од американската надмоќ почиваше на тоа дека доларот е светска резервна валута. Американските санкции (a.k.a економски тероризам) стануваат јалови во свет во кој се тргува во јуани, рубљи, пезоси и рупија.

Каде ќе мочка Дени?

Дени Тодоровиќ е носител на пенис и мустаќ. Дени е и нон-бајнари (нашки: ни ваму-ни таму). Ни ги доловува проблемите кога мора да оди во јавно веце: ако оди во машко како што му налага биолошката опрема, ќе го зезаат пошто носи штикличиња. Ако оди во женско, нечија мајка може да помисли дека е педофил.

Пазете се од господинот Бејкер

Од документарецот посветен на еден од најдобрите тапанари на сите времиња, еден од најлудите тапанари на сите времиња, еден од највлијателните тапанари на сите времиња, човекот на чиј табиет потсетивме во статијата „Џинџер Бејкер, терсене“.

Алекс Стајн ги начека сите колеги на исто поило

Деновиве нема медиум во САД што не е нацртан пред Трамп кулата во Њујорк, чекајќи го пристигнувањето и можното аспење на Трамп. На задоволство на Стајн таму се и сите медиумски тешкаши, со директен пренос.

Како разузнавачите ги инфилтрираа компаниите што ги водат социјалните мрежи

Едно е дека вработените на Твитер (пред доаѓањето на Маск) се ултрапрогресивни и тоа никого не изненадува дури и кога новинарите ја добиваат внатрешната комуникација меѓу вработените. Тоа што изненадува во оваа комуникација е како во неа константно се појавуваат ФБИ, ЦИА и слични, па приказната се претвора од 'гледајте прогресивците се пристрасни во модерирањето на Твитер', во 'постои огромна операција од американски функционери и сомнителни НВО за цензуирање на луѓе на Твитер'.

Добро ние и вакви што пораснавме

Биле на турнир и нашле мртов човек. „Healing Monk“ пробал да му помогне но магијата не била доволно силна пошто на лешот му недостасувала глава. Друг ја пробал „некромансер“ магијата но и од тоа ништо. Притоа, им ја упропастиле работата на форензичарите пошто за некромансер магија се потребни многу светки.

Гревот на Тикток е и што е искрен

Премолчаниот заклучок од целата хајка против Тикток е дека на сите им е јасно дека сите социјални мрежи бескрупулозно ги шпионираат своите корисници, ама проблемот со Тикток е што тој е под власт на кинеската влада а не американската. Излезе дека дополнителен проблем со Тикток е и што тој не е „послушен“ како другите мрежи.

Исус и мајка му на свадба

Да испукаме ние по некоја доза здраво богохулие пред луѓето да ги фати онаа позната велигденска еуфорија кога сите стануваат ортодоксни талибанци па недајбоже да не им го кажеш пасвордот (се роди/вистина се роди). Пазете колку Библијата добива нормална човечка димензија кога ја чита Луи СиКеј. 

На Ѕвезде гранда подоинствено се читаат спонзорите

Додека Украинци гинат на долгата линија на фронтот, на оваа зелка ѝ дале да прочита еден ПР-ЕПП текст за „американскиот бизнис како локомотива на глобалниот раст“, за неговата радост што за Украина се заинтересирале прекрасни добротвори како ЈП Морган, Блекрок, Голдман Сакс, колку бил одушевен од ХИМАРС-ите, колку желно ги чекал Абрамсите...  

Го имаме првиот сокол со цвикери

Се разбира дека немаше да застанат на оние катаљарда родови идентитети кои досега ги измислија бидејќи сите тие имаат едно големо ограничување: се работи сепак за човечки идентитети. Ова суштество, на пример, ја пробива и таа бариера па тврди дека е сокол (црвеноопашест, молим лепо) заробен во човечко тело. Ќе ѝ веруваме ако улови и изеде глушец.

Само што нема судија да свири офсајд

Што е разликата меѓу руски војници во Украина (непоканети од државата) и американски војници во Сирија (непоканети од државата? Претставник на ОН се обидува да објасни дека разликата е во тоа што во Сирија нема американски воени лица. Ако ги нема, тогаш како беа ранети пред некој ден?

Опрости ѝ папе

Се јавува девојка во емисија со Гордон Ремзи. Го забезекнува со омилената комбинација (сакала ванила сладолед со кисели крастивички и ракчиња), малку го ребри заради бифтек што јадела во неговиот ресторан, го трола дек Џејми Оливер е подобар а нему му порачува да се држи до она што го прави добро - кајгана. -  Јадеш ли ти кајгана?, ја прашуваат слушателката. Тука сме.

И Шкода и Ламборџини на паркинг се исто брзи

Дечко од Белград (или барем со БГ таблички) инаку новокомпониран сопственик на Ламборџини дава предизвик до целосната белградска полиција ако може да го фати со нејзините Шкоди што ги возат (и тоа не вака фино), па дури и кани „пандури“ да дојдат „да им....“

Скопје ти никогаш нема ова да бидеш

Можеби Скопје не може да се пофали со вакви подвизи, ама затоа можеме да почнеме да им снимаме на Кинези, Јапонци, Германци, видеа на страв и ужас за тоа како 300 метри улица кај Хубо и Систина лагано се работи веќе седум месеци (од лани од септември) и притоа да се блокира една од клучните сообраќајни артерии на градот која сега може да се пројде само на директна штета на сопственото возило.

Како да засакаме бавни возови

Патници во нормални возови оваа девојка едвај би ја виделе на минување. Оние среќници кои се возат на релација Скопје-Велес каде брзината е ограничена на 20 километри на час, не само што можат да ја видат и фотнат, туку би можеле и да ја насликаат. Во гваж. Да не збориме за други работи кои можат да им паднат на памет додека погледот бавно им швенка по разголеното тело.

Австралиско Градиште

Да имаа нашите езера крокодили, ова ќе беше честа глетка и ваквите сцени ќе беа идентични. После со тавчето ќе се испржеа кобасици „на жетончиња“ а пријатели ќе те прашуваа што тава користиш, пошто и тие имаат слични проблеми кај нив.

Макрон, колку е саат?

Среде телевизиски настап (во кој веројатно зборува како Французите треба да ги стегнат каишите  затоа што е криза), на францускиот претседател му текнува дека носи прескап часовник (велат, вреден 80.000 евра) па брзо му доаѓа идеја да го симне од рака, ама никој да не го види. А таква работа денес не постои.