Видео

Ти треба, ти треба

За да го изгледате клипов без да се напињате што зборат Французиве, ви треба само информација дека рекламата е за Тик-так.

Како да излупиш јаболко за 18 секунди

Уште еден од оние совети што успева само на интернет или ако си нинџа со 10 годишно искуство во кујна. Дечково е и двете.

Долга е раката на Русинот

Во Русија е смислен ултра софистициран и ефикасен систем против кражби на гранапчиња и трафики. Бонус од изумот: не можеш да фатиш грип од продавачот.

Малиот херој

Шофер на ученички автобус добива инфаркт среде возење во полна брзина. За среќа, во авотбусот се вози едно неверојатно прибрано дете. Џереми Вутчик, седмо оддление.

Лупење јајца

Животно заинтересирани да заштедиме драгоцени мигови во пост - велигденскиот период на масовно лупење јајца, за помош се обративме до Господин Господин Интернет. Што научивме?

Монструмот од веш машината

Ете зошто ние мажите цел живот имаме одбивност кон сè што е поврзано со темата алишта  - перење, пружање, пеглање & диплење. Затоа што уште од мали нозе влечеме страшни трауми.

Ај сечи вени

Песнава и онака е тешко поднослива, уште нашол да ја препее Кеба. А на Кеба не му е првпат, претходно ги има обесчестено и едни Ролинг Стоунс (Paint it black). Индира, сè ти е простено!

One Old Vision

Со помош на Фреди Меркјури и другарчињата од Квин,  се враќаме во 'мрачните' денови на музиката, кога околу една песна се мозгало, се свирело, се пробувало, се дискутирало, а и се пушело во студио. Сега се буричка по компјутер.

Кај курвите во Амстердам

Можно е прво да помислите: Ех, каква ______________ (одлична/одвратна) земја е оваа Холандија, проститутка треба да игра за некој да ја примети. Памет во глава, песната завршува.

#цицки

Како жените да ги натераш да си ги пипкаат почесто градите (за нивно, а не за наше добро)? Така што ќе направиш такво видео по кое ќе посакаат да симнат една мобилна апликација и да си одберат батка кој ќе ги потсетува на тоа. Сосема неозбилно за една сосема озбилна работа. Така се прави тоа.

Тајсон, бившата и Бред Пит

Мајк Тајсон за тоа како Бред Пит го зафркнал, ама бил премногу разочаран за да го здроби од ќотек.

Пес

Ние го ставивме на ауто-риплеј. Прво затоа што ништо не ни е јасно. Второ, веројатно и нема што да ни е јасно, ама пак заслужува ауто-риплеј.

Фејсбук од 90-ти

Замислете дека сме некаде на средина на 90-ти. Сега замислете дека имате интернет (дајл-ап, не мора повеќе). Ај сега кликнете на сликичката во вашиот вебсајт браусер.

Ух, ова е страшно

60 секунди кои ќе ви покажат како дрогите и алкохолот го менуваа лицето на некогаш убавата Линдзи Лохан во последните 25 години.

Ако не е јасно зошто Спрингстин е Boss

Затоа што има направено куп добри песни. Затоа што знае да се шали со себе. Затоа што нема гајле да се појави на нечии веренички фотки. Затоа што знае анонимно да засвири како уличен изведувач. И конечно, затоа што на 62 години му се може ова: 

Секој купувач не е на арно

Му доаѓаат дома заради неговиот оглас и додека тој им ја опишува гитарата, ставаат чорапи на глави. Начинот на кој дечкото заќуте е прајслес а за продолжетокот на сцената, пари би дале да го видиме.

Ете го чарето!

Имате грда и дебела жена што сака да зановета? Решението е едноставно, треба само да примите анестезија и да се надевате дека ќе пројдете како холанѓанецот Хууг Босе. После операцијата на колкот, од некоја чудна реакција на анестетикот, човекот не престанува да се смее. Жена му не може да го поднесе. Нему - сеедно. Ѕирнете како тоа изгледа.  

Сите песни од Евровизија

Парчиња од сите 42 песни кои ќе бидат испеани на Евровизија 2012. Со нечии (глупи) коментари. Уште по првиот коментар ти доаѓа да стиснеш стоп (го руга Рамбо), ама после си викаш, чек да видам што ќе каже за Македонија. И така, малку по малку, ќе се изнаслушаш глупости.

Алтер егото на Коби

Коби Брајант не би можел толку да испопромашува топки колку што генијалецов би можел пак да ги спопика. Нормално, реалноста би била сосема поинаква: од Коби немаше до топка да дојде.

Баш боемска рапсодија

Музиката не мора да престане кога сте пијани. Музиката не мора да престане ни кога такви пијани ќе се соберат во полициско возило (освен ако цајканот не ви нарачa нешто од Џенан Лончаревиќ). Боем фром Кенеда.

Претседателски миксови

Предизборната кампања официјално уште не почнала за Обама, ама човекот сериозно се загрева. Покрај бацувањето и гушкањето бебиња, Обама почна и со пеење. До сега има испеано по една песна од Лејди Гага и LMFAO, и еден дует со Мит Ромни.

Принцезата и мажот на претседателката

Ај да ја разгледаме целата ситуација. Сопруг си и на финската претседателка. Ти имаш 63 години, таа има 68 години. По службена должност, сопругата те носи на некаков прием и таму те седнува до принцеза. И тоа принцеза со деколте. Како маж треба да знаеш дека единствено ти си виновен што изгледаш бескрајно глупо кога те фатија :)

Клоца и хауба

Имаме моторџија и жена возач. Во нејзина одбрана, од видеото личи како он прв да почна. Во негова одбрана, од видеото личи како она баш нешто и да не е добра. Цело видео ќе го гледате подзинати.

Луѓе, го снема!!!

А сега, молиме за внимание и висока концентрираност! Пред вас е исклучително парче магија кое не се гледа секој ден. Не Коперфилд и други тракатанци туку вистински доказ дека животот е илузија. Стивнете ја околината, отворете си ги чакрите и пробајте да откриете како е можно ова! Ние од сабајле сме на рипит, мозоците ни се чорба.