Видео

Next Time on LSD

За оние што ги сакаат Next Time, ова е бласфемија. За другите - никогаш не биле подобри. Во секој случај, звучат како Лед Цепелин на најлути дроги. Тотално неслушливо, иако, копка идејата како ќе пројдеа со ваква песна на Евровизија. Стварно, како е правено ова?

Пресушени поточиња

Група деца кои не ги примиле во училишниот хор, биле доволно трпеливи и сега - неколку децении подоцна - безмилосно се одмаздуваат. Најлошиот хор, евер. Па уште со амбициозни песни, сосе Can't Тouch This. Да сум на граница меѓу животот и смртта, и да ми ги пуштат нив, отидов карши.

Дуинг бизнис

Не во Маседонија туку во Стокхолм. Презентацијата не со брошури туку со ајпади. Магија.

Дајте тоа лајковите

Маче. Мило мало маче. Сака да биде мајка. Оо♥оо♥оо♥оо....

Го молам горенаведениот наслов

Добро, така се почнува. Но, што после? Како на твојата осигурителна компанија да и објасниш што му се случило на твојот автомобил?

Ај сечи Перо (авто верзија)

Автомобилска верзија на "Ај сечи Перо". Добро направено, мајку му. Нема ни да приметите дека пеат на германски (?).

Анкета со човечки лик

Кај нас на улица новинар ќе те застане само да те праша нешто од типот "Дали ја гледаш Македонија во ЕУ и НАТО." Џими Кимел знае да постави прашање далеку побиску до реалниот живот. За искреноста на анкетираните, можете да позавидите. За коментарот на Кимел за слепиот човек, можеме ние да позавидиме.

Браво стари

Ако не сте знаеле, Супермен е сега бааги остарен. И пошто му дошло памет, не се занимава со новинарство туку живее како уличен забавувач во Нирнберг.

Кога огинот е раат

Во случај на пожар битно е брзо да ти дојде пожарникар. Уште побитно е да не ти дојде ваков пожарникар.

Кога таблетот ќе стивне

Од прва до последна страна, од корица до корица, книга создадена со користење на традиционални методи за печатење.

Деловен момент на вистината

Одлично кратко филмче за еден изум кој - Thanks, god - се уште го нема наоколу: детектор на лаги при аплицирање за работа. Крајот на филмот е прајслес: дали стварно секогаш сакаш интервјуто да ти излезе хепиенд?

Црвенкапа каква што не била

Клипот е базиран на вистинска бајка. Бајка што сте ја слушале и гледале, ама никогаш вака.

Самракот на цивилизацијата

Во параноичното време во кое живеат силните а уплашени држави какви што се САД, сите се потенцијални непријатели и терористи. Можеби Ал Каеда регрутира тригодишни момчиња врзани за инвалидско столче, од кај знаеш? Затоа се тука органите на редот, темелно да ги претресат ваквите андеркавер злостори.

Кога Дејвид Линч прави реклама

Федерико Фелини, Ридли Скот, Спајк Џонз... долга е листата на угледни филмски режисери кои се пробале во светот на ТВ адевртајзингот. Овојпат го одбираме Дејвид Линч затоа што е лесно во неговите реклами да се најде она што ги поврзува: лудило.

Пица рулет

Одличен начин да ги развеселите досадните колективни ждерења на работа. По принцип на руски рулет, нарачувате пица, поделена на онолку парчиња колку што има гладни усти во вашата канцеларија. Само едно од парчињата е дополнето со 'барутно полнење' - она најлутото, што е 1.000 пати полуто од најлутата пиперка. Наскоро, еден од вас ќе почне да чури.

Хјуџ армс, бејби!

Од оние батки кои решаваат добар дел од денот да поминат дигајќи нешто тешко. И после, стануваат големи во мускулите. И после, сакаат тоа да му го покажат на светот. И на крај, стискаат лубеници меѓу нозе?! Па има ли нешто побоље од ваков живот?

Симпсонови - Itchy and Scratchy

Најдобар пример за тоа колку долго траат Симпсонови е компилацијата од сите Itchy and Scratchy епизоди кои се појавиле во серијата. Видеото трае 48 минути.

Обичен кучешки ден

Некое видео клипче со куче, бла, бла, и демек оно е како човек, бла, бла и... не вреди ништо ако не го одгледате до крај.

Како беше на работа?

И вие мислите дека сте имале лош ден на работа? Ѕирнете како тоа изгледа кога сте железнички инспектор па проверувате шини. Спојлер: нема трет.

Евровизискиот спот на Рамбо

Рамбо сепак уште знае да освежи, иако на слична матрица има направено дузина песни (Пластик, фантастик етц). Еве го спотот на неговата песна за Евровизија (Црна Гора) и стварно е буљаш ако не го земе магарето во Азербејџан.

Оглас: Проодувам расисти

Стварно, како да му помогнеш на човек кој е во инвалидска количка а патем има проблеми со луѓе од друга раса? Одговор: со црево.

Уби ме прејака амбалажа

Суштината на интернетот е анонимно да уживаш во болката која некои идиоти си ја нанесуваат сами на себе. Плус да гледаш видеа со мачиња. Овојпат за првото.

Една е мајка

Кога имаш вакви родители, во животот воопшто нема да ти се потребни непријатели.