Видео

50 секојдневни митови

Викинзите никогаш не носеле рогови. Ајнштајн не паднал на математика во основно. Суши не значи сирова риба, туку скиселен ориз.

Елен е закон

Прво, точно, лесно им е кога имаат пари. Второ, да, си направија реклама. Трето, нормално, го прават заради гледаност. Четврто, ништо од ова нема да ви важи откако ќе го изгледате клипот. Елен, на гости ја има девојката што после 29 години прв пат почнува да слуша.

Како до светски мир?

Да престанат војните, да се сопре крвопролевањето, да прекинат ѕверствата.... Е, како де? Разоружување, мирољубиви маршеви, гив пис а ченс собиранки? ЛСД му е мајката, тоа го знаат Британците уште од 60-тите години на минатиот век. Армиите да пукнат - од смеење.

Ќе има ли и втор дел од филмов?

Затоа што одамна никој никого нема побарано за жена на телевизија или во јавност (да видиме и ние некоја ќар од целата напнатост периодов) еве едно увозно видео на темава од Полска. Девојката седи во кино, зетот пристигнува преку филм.

Пријателите се познаваат пред лихварите

Другар ти се јавува во 3 часот наутро затоа што му требаат 300 евра, бидејќи изгубил на покер и мора парите одма да им ги даде на лихвари. Дали ќе помогнеш?

Каде отиде?

Стварно, што фали да цапнеш во некоја баричка, плус кладба е во прашање, можеш долар да си земеш без многу мака.

Play again?

Колку малку и треба на една планина да ти направи рестарт и да те врати десет нивоа назад во играта.

 

Познавате по фаца?

Ова е популарен ТВ формат кој се темели на вечната дилема дали човекот е добар и доверлив или е ѓубре скапано. Двајца играчи имаат по две топки (делам и земам). Можат да се договорат да делат и двајцата да земат многу пари. Ама ако еден реши да земе (а другиот да дели), првиот зема мнооогу пари, а другиот го пуши. Ќе гаѓате што ќе биде?

Автохтони градски видови: Ранета газела

Не баш ретка но секогаш одново тажна сцена од урбаните џунгли. Кога малата се спремила да биде лавица а завршува како ранета газела со поткршени нозе. Не се секирајте, ранетата газела не е загрозен вид бидејќи поседува фантастична способност за размножување. Објаснувањето е сосема природно- научно: со оглед на проблемите кои ѝ ги создава одењето, најкомотно се чувствува во легната позиција. 

Позади Беи Д Фиш

"На сите тачно ни е јасно што се дешава ама секогаш избираме да свртиме глава".

Техно палачинки

Каков цар! Видел тој по Јутјуб дека многу добро проаѓаат оние улични продавачи кои знаат жонглерски и други финти па развил своја уникатна техника која се темели на комплетно непотребни потези и тикови. Запазете го колку е вешт и возбудлив!

Кејв во Русија

Nick Cave and the Bad Seeds, Москва, 1998. 45 минути

DRM столица

DRM е една од поглупите технологии за заштита на авторските права во денешно време. Во основа оваа технологија му дозволува на сопственикот на авторските права сам да одреди кога и како ќе користите нешто што веќе сте го купиле од него. На пример, дека еден филм (што сте го платиле) можете да го гледате само еднаш, или дека некоја емпетројка може да ја пуштите само на еден компјутер или на еден плеер (без разлика што и двата се ваши). Колку е глупа целата технологија најдобро ќе ви долови примерот со ставање на DRM на столица.

Старецот и змијата

Змијата е навикната да предизвикува паника и ужас меѓу луѓето, сè додека не наиде на еден ваков дедо, левел Робокап.

Сендвич, одма

Мрзата е мајка на иновацијата.

Кој тоа зјапа?

Мала компензација за сите оние мажи на кои девојките им мрчеле зошто зјапаат во нечие деколте или позадина. Истото видео е и помен за сите оние мажи кои некогаш поверувале дека големината не е важна.

Најлошите на свет

Замислете да се спојат Лени Рифенштал и нејзината режисерска сугестивност со, да речеме Вим Вендерс и неговата естетика. Замисливте? Е па сега замислите скроз обратно.

Кој не слуша, ќе повторува

Оние генерации кои растеа во екс Ју имаа среќа на телевизија да ги имаат вистински лекции за животот. И несреќа да се уверат дека ништо, ама баш ништо не научиле.

 

Како се обраќаше Чавез

Легендарната порака до Џорџ Буш.

Во Тајланд, на количка

Кај нас во парк количките продаваат шеќерна волна и тоа (атер на детството и колку сме ја лапале) е океј. Во Тајланд продаваат инстант ролни сладолед што ти ги прават во живо. И тоа е многу по океј.

Што кога парите не би биле пречка?

Како би сакале да го минете својот живот? Онака искрено, како би сакале? Да, така е, парите... Но, што би правеле кога парите не би биле пречка? Убаво е секој за себе да си одговори на ова прашање, пред или откако ќе го слушне мислењето на британскиот професор по филозофија, Ален Вотс.

На врх брда врба мрда

Слично како што Албанциите имаат тешкотии да ја изговорат буквата "х", пијаните да кажат "Фашистичка Шпанија" (што, не сте пробале?), а жените да изустат "Во право си", има нешто во говорниот апарат на Германците што ги кочи да изговорат - "squirrel". Аха! Да видите само како им трокира вилица на тоа.