И денес да беше калеш Анѓа жива, ќе кукаше дека "турски не разбирам". А како да разбира, кога од оние синхронизации, човек не може веќе да чуе ништо на тој убав јазик. Затоа ве носиме во една катедрала во Копенхаген, да си ја наполниме душата со мелодија која лесно ќе ја препознаете.
Тој е гневен на светот само затоа што е правдољубив. Тој го мрази лицемерието на околината затоа што тој е искрен и доследен на себе. Околу него се калкуланти и фејкери, тој е прав и бескомпромисен. - Хеј! - Хеeј... Тој е гневен на светот само затоа што е правдољубив.....
Едниот е глуп, другиот е поглуп. Двајцата се дел од една од најуспешните комедии на сите времиња, сè додека некој не седна да се помачи и од неа да направи драма.
Ова нешто е измислено само затоа што Јапонците не можеле да поднесат колку е хаотично регуларното пакување на лубениците и како изгледал нивниот транспорт. Тие стварно успеваат да добијат коцкасти лубеници, ама сега проблемот им е што тие не се јадат. Ова не значи дека тие не се продаваат, и тоа како украси по цена од 100 долари за лубеница. Бонус "ова е 3 до 4 пати поскапо од цената на регуларните лубеници."
Со едноставност на ниво на ИКЕА, шведски интернет провајдер објаснува како би изгледало кога целиот живот би имал "лаг" (да доцни 2 секунди зад се) како вашиот интернет.
Ако нешто знаеме тоа е дека интернет публика има трпение само за клипови до минута и пол, и ако имаш некоја поента гледај тоа да го направиш во овие 90 секунди. Затоа ви пуштаме реклама за Leica од цели 45 минути.
Производителот (Forever Lock) тврди дека не постои човек што може да го отвори ова без клуч (сите фори со брусилици, бонсеци и слично, не важат). Го изгледавме видеото и му веруваме на човекот што збори. Јапонско е.
Окулус Рифт е компанијата што произведува очила за виртуелна реалност. За компанијата (и производот што го има) Фејсбук плати 2 милијарди долари. Русинов е најдобра потврда за тоа колку добро функционира и колку е уверлива технологијата што ја купи Фејсбук.
Кога ти работи некој со вакви перформанси, прва ставка што ја гледаш е - фира. Кај конкретниов мајстор, ни тоа нема. Плус, некако те исполнува кога гледаш друг кога добро работи.
Како што пишувавме, неодамна славната филмска компанија Пате на интернет закачи импресивна видео архива од 3.500 часа. Овојпат издвојуваме неколку интересни документарни сведоштва од нашиот регион.
Неколку среќни луѓе зборуваат за семејството, како и колку тие луѓе им значат и слични работи, притоа блажено несвесни дека ни родена сестра не би препознале на улица. После тоа следува пишманот.
Видео снимка од 1975-та година, кога Боб Дилан првпат во живо ја изведува протестната "Hurricane', песна инспирирана од неправдата кон боксерот Рубин Ураганот Картер, човекот кој деновиве почина на 76 годишна возраст.
Ако некој ден нè посетат вонземјани и од нас побараат да им објасниме некоја клучна разлика меѓу женскиот и машкиот мозок, ќе им ги пуштиме овие два клипа.
Летерман најави дека ќе се пензионира, СиБиЕс објави дека Колбер ќе го менува. Сега "новото дете" дојде на гости кај стариот, да се видат. Промената ќе се случи дури во 2015-та.
Ако сакаш да ги излудиш овие, ги носиш на Иво Лола Рибар и ги пушташ од Алумина до Чакаларов да извозат 1,2 километри со вкупно 5 семафори. Сигурно во Етиопија во моментов со еднакво неверување гледаат некое слично видео на тема семафорите на оваа делница.
Брајан Кранстон "Breaking Bad", Келси Грамар "Boss", Џон Хам "Mad Men", Питер Краус "Parenthood", Дамијан Луис "Homeland" и Кифер Сандерленд "Touch", седнати на маса и зборуваат за драма и за глумење и за награди. И така, цел час.
Влегуваме во фабриката на соништата каде што веќе 50 години се произведуваат сликиците за сè поамбициозните албуми за светските првенства во фудбал. За актуелниот, Бразил 2014, просечно би требало да купите 4.505 сликици за да го наполните албумот со 640 сликици. Но, ако го чувате 5-6 децении, би можеле да се надевате на колекционерска вредност од повеќе илјади евра.
Рон Џереми држи неколку интересни рекорди. Освен шампионатот во својот основен занает (најмногу улоги во порно филмови), тој е рекордер и по бројот на музички видео спотови во кои учествувал (вкупно 48, втор е Мет ЛеБланк од Френдс со само 7). И тука не престануваат чудата.