Видео

Рецепти со грејс период за стрвење

Листа со 45 видео рецепти, на која клучен предуслов за да се појави некој рецепт е да има месо - од типот свинско или телешко, а во најлош случај барем пилешко. На листата, наслови како: Ребро над ребрата, Бургери од јагнешко месо, Свински кременадли во маринада, Мимоза Шарска плескавица... Имате 45 рецепти, таман за од понеделник да почнете нов пост, ама во спротивен правец.

Репортажа за Скопски маратон 2013

Снимката е од минатата година, резултатите се од минатата година, сè на видеово е старо и не е актуелно. Она што е магично во целата работа е гласот на Калински. Може сме грешка, бидејќи со годините гласов успеал да ни се всади во ДНК-а, ама впечатокот е дека Калински може да коментира и џамлии во маало, а тоа да звучи како отворање на Летна Олимпијада.

На Порше црн народ

"Во јуни си купив Порше 911, кола за која требаше да штедам 5 години. Не сум богат шупак што секој ден купува Поршиња. Можеби сум шупак, ама не богат. Значи, ми требаше долго време да штедам за колава за да ја купам баш како што сакав..." После овој феноменален вовед, дечкото нешто збори за проблемите што ги има со колата.

Паметот на чавката

Дури не го видам Аристотел, за мене чавката е крал на логиката.

Скамбег машиновозач

Речиси и да ти падне жал за човек што прави селфи. Конкретниов лик сака да се слика со воз во поминување. Фина идеја, проблематичен е машиновозачот.

Искрениот трејлер за Волкот од Вол Стрит

Не дека не е рецензија на Волкот од Вол Стрит, само што многу повеќе е искористување на секоја можна да шанса да се изнаруга Ди Каприо дека се уште нема да добиено еден единствен Оскар (а Шер има).

Детето што ја прекина вечната битка

Не ја знаеме целата приказна, не сме сигурни како стигнала работата до тука, ама многу е веројатно дека како и сите ние и тој само сака да стигне дома. На патот до целта му се испречува една ограда. Тука почнува битката.

 

Ѕверот

Се вика Френк Медрано и е човек кој сосема добро ја носи сопствената тежина. И мислиме дека целата негова тајна е во музиката која ја слуша, а не знаеме што слуша. Затоа, што да се мачиме.

Како денешни деца реагираат на вокмен?

Девојката (12 години) која некако успеа да го отвори, гордо рече: Се чувствувам како Индијана Џонс! Ама, имаат едно скроз легитимна забелешка: ако сакаш да ја слушнеш 6-тата песна, треба да ги измоташ сите 5?

Мажи, овие ни пукаат сеир

Луи Ц.К. пред некое време заклучи дека статистички мажот е најголемата закана по животот и здравјето на жената (глобално и историски) "ако си машко, пробај да замислиш дека можеш да одиш на состаноци само со пола-мечка пола лав." Ако ви беше нејасно, еве како им изгледаме на жените кога им се сукаме.

Години на лоши фризури

Проблемот со имање модерна фризура е што ќе пројде модата, ама срамот допрва доаѓа. И ова било многу полесно пред 40 - 50 години, кога си се сликал за лична карта па за банкет, а не по 5 пати во тек на работно време како денес.

За диџеите

Што прават и како изгледаат денес диџеите за време на големите концерти. За референца што навистина треба да праат, еден диџеј од времето.

Вистинскиот нов Летерман

Почнува како "дописник" на Дејли шоу, па станува главен дописник (во истиот период со Стивен Карел), за по некое време да добие и сопствено шоу, Колбер Репорт. Сега тој е човекот што ќе го наследи Летерман како водител на Лејт Шоу. Цело ова време тој не отстапува од ликот на Стивен Колбер, кој драматично се разликува од човекот Стивен Колбер. Еве едно интервју од пред некоја година, со овој вториот.

Што сè доктор може да открие од вашите очи?

Една третина од познатите генетски проблеми се одразуваат и врз очите. Знаци на дијабетес, кардиоваскуларни проблеми, оштетувања на нервниот систем се само дел од болестите кои офталмолог може да ги детектира со обичен преглед на очите.

Бирмингем и Јужни ветар

11 и нешто минути драматични моменти над пистата на аеродромот во Бирмингем. Ајде ауто-пилот нека го прави ова да го видиме.

Програмер на состанок со луѓето од продажба

Секој можен програмер / инженер, кога овие од продажба ќе го однесат на состанок со клиент. Наспроти него, маркетинг одделот на клиентот и специјалистот за дизјан. Со него, колегата што е проект менаџер и човекот од продажба. Да, сите изгледате и звучите вака.

Кој ги ебе сиромашните

Кога би требало да се самооценуваме, отприлика до толку ни е гајле за сиромашните. Не само од оваа страна, туку и ти што го читаш ова.

Како да станеш негативец

Не збориме за обично тепачиште, багабонд, некоја споредна улога од неколку удари, туку за квалитетен негативец, што луѓето ќе го зборуваат со страхопочит, плашејќи се гласно да го спомнат неговото име. Еве го упаството во неколку видеа.

Јаки фаци во доба на неебитис

Денеска сите го познаваат како Дон Дрејпер, јаката фаца од популарната серија Mad Men. Но, во 90-тите години Џон Хем бил толку очаен да закачи нешто што се пријавувал во оние дејтинг емисии во кои девојките бираат еден од предложените момци да излезат со него. И завршува со корпи.

Дете, гледај ме во очи!

Сте забележале зошто цртаните ликови на кутиите за детска храна главно гледаат надолу? За да остварат подобар контакт со децата кои минувајќи покрај рафтови главно гледаат нагоре! Маркетинг предатори утврдиле дека со ваков очен контакт, довербата кон еден бренд се зголемува за 16 % а поврзаноста со таа марка за цели 28 проценти.

Годините со Летерман

Нема шанси да направиме сеопфатна ретроспектива на кариерата на Дејвид Летерман кој телевизиски го надживеа својот главен соперник Џеј Лено но деновиве најави дека догодина се повлекува. Бидејќи е тоа импозантна кариера на еден од најбитните чувари на добриот американски дух. Сепак, ни фалеше малку да буричкаме по тие негови парчиња.

"They Can`t Take That Away From Me"

"Гласот на Ела Фитцџералд беше сатен за шмирглата од глас на Луј Армстронг, но кога ќе се споеа во песна, нивната хемија беше совршена. Не беа многу-многу во хармонија (гласот на Армстронг не беше создаден за хармонија), но достоинствениот свинг на Ела и нејзините задевања со грубото, добродушно р'жење на Сачмо беа во неповторлива симбиозa".

Најдоброто од Борис Елцин

Младиве живеат во доба кога со Русија неприкосновено царува Владимир Путин и неговиот имиџ на строг, зезнат, силен, озбилен, супер-херој, супер-негативен лик.... А пред него, со истата таа Русија управуваше еден друг чичко, со бела коса и малку поинаков стил на живеење. Еве како тоа изгледаше.