Видео

Луѓето што никогаш немаат пробано чоколадо

Брегот на Слоновата коска е последното место на кое ти текнува кога некој ќе спомне чоколадо. Тоа не и пречи на земјата да биде најголемиот извозник на какао во светот со 1,6 милиони тони годишно. Луѓето од насловот се истите луѓе што ги произведуваат овие 1,6 милиони тони. Ова е нивната реакција кога прв пат ќе пробаат.

Што е татко без брада?

Таа го познава како нормално влакнесто створење кое ја чува и ја игра. Тој оди до купатило и се враќа мазен и никаков. Нејзината реакција е праведна: Си го сакам тато назад!

Среќа на стари години

Имаше еден виц кој одеше вака: Фамилијата морала да го остави дедото во геријатрија. По некое време во државна геријатрија, решиле дека стариот заслужува подобро, па нашле скапа, приватна. И стварно....

Скопје 63

Документарец за земјотресот во Скопје, скоцкан од материјали од Застава филм, Филмски новости и тоа што можело да се спаси и што остано од архивата на Вардар филм по поплавата и земјотресот. Целата приказна почнува уште во добрите денови на Скопје.

Веројатно најважната дилема околу Троновите

(Во понатамошниот текст може да има спојлери во зависност до каде сте гледале) Прашањето е кои му се родители на Џон Сноу, а теоријата (истата е сериозно поддржана и во книгите) е дека тој не е копиле на Едарт Старк, туку е на Лијана Старк (сестрата на Едарт околу која почнува целата војна) и Раегар Таргериен, синот на Лудиот Крал. Ова го прави Џон Сноу обединител на целиот Вестерос, плус му дава одлична комбинација на натприродни моќи. Бонус, излегоа блуперите од 4-та сезона + новите ликови за 5-та сезона.

Sunrise, sunset, Samsung

Кратко филмче целосно снимено со Самсунг Галакси С5. За човек што знае што прави, 16-те мегапиксели на Самсунг, плус малку играње со ХДР-от, се сосема доволни да долови еден ваков Трст.

Како изгледала Палестина во 1896-та година?

Седум години пред Илинденското востание, браќата Лимиер најмуваат камерман (со платени придонеси) да ги направи првите снимки од Палестина и Ерусалим. Овој најверојатно им јавил, "Овде нема ништо, досадно е". Век и нешто подоцна, ги стига клетвата да живеат во интересни времиња.

Зошто да не се закачаш со мечиња?

Затоа што секогаш излегуваат со големи мајка мечки. Видеово има претерано многу Блер вич проект завршеток. Нормално, Русија.

Машката мизерија на браќата Коен

Нивната филмска кариера е богата и комплексна но на неа може да се гледа како на една долга студија на машката меланхолија. Видео есеј посветен на опседнатоста на браќата со различните варијации на машката сјебаност, раскажан преку нивните 16 заеднички филмови. Нормално, видеото е насловено: Men of constant sorrow. 

"Next director" награди на ЈуТјуб и D&AD

Во конкуренција влегува секој краток филм, спот, реклама или брендиран контент се додека е пократок од 5 минути. ЈуТјуб знаете кој се, а D&AD се Design and Art Direction, британска образовна добротворна организација која постои "за промовирање на врвност во дизајн и адвертајзинг." На кратко, многу убави работи за гледање.

Стоп конзерва!

Таман кога луѓето помислија дека од ласер можат да се збунат мачиња, кучиња и други носители на пониска интелигенција, Господ ни го праќа овој наш брат за да нè натера да не носиме прерани заклчучоци.

Како да зборуваш за Израел (и за што било друго)

Џон Стујарт има проблем да каже нешто за Израел без притоа да биде нападнат од другите дека е предавник, платеник и сл, исто како што е кај нас за: кој почна да краде, кој прв почна да ги троши парите, кој ги потроши парите, кој ја почна војната, кој кого натера да ја почне војната, кој го продаде името, а кој допрва ќе го продаде, кој ја уништи земјата...

Ренци вика: Шиш!

Матео Ренци е актуелен премиер на Италија кој на Бенито Мусолини му ја одзема титулата најмлад италијански премиер (од обединувањето во 1861-ва година). Ренци е толку млад што на англиски можат да го запишат, ваљда, догодина.

Теолошки доказ за бананата

Зошто бананата е ноќна мора за атеистите и дали е можно таква совршена каква што е (повторуваме: бананата) да не е креација на Семоќниот, во следново видео за кое уште не сме сигурни дали овој нè заебава.

Баучот на досадата

Денешната армија трудбеници можеби веќе не се "презрени и гладни" ама затоа се сè почесто "осамени и јадни". Ова е химна на сите оние кои работниот живот го минува во безлични 2 на 2 метра преградени коцки кои треба да глумат кул простори за работа.

Ти ќе нè пукаш, копито едно!

Иако со жртвата на ова видео ја делиме истата ДНК структура, има нешто фер во приказни во кои ловецот станува плен. Го исплеска ко јамболија.

Право на непоминување

Русија. Семафори. Црвено. И ништо не е како што си замислуваш. Ова е еден од примерите кога упорноста не се исплати.

Човекот што го прави најдоброто парче леб со путер

За тие што го гледале "Jiro Dreams Of Sushi," дечково е како Џиро, ама за леб и путер (за другите, под итно да го гледате). Се вика Ден Ричер и по цела кариера како готвач на најразлични врвни компликувани јадења, сега се има посветено на правење леб и мачкање путер. Има цела филозофија околу работата.

Утешително видео на денот

Прашањето е околу вечната машка несигурност - Дали е важна големината на пенисот, а одговорот е доволно успокојувачки за достоинствено да можете денес да се вратите дома после работа. Сето ова што го има во видеото е базирано на еден куп наука и тоа не е спорно. Дилемата е колку од овие студии се изработени од мажи кои немаат потреба од постоење на вакви студии.

Инструментална политика

Оној јапонскиот политичар кој сред прес конференција фати да рика да плаче (види: Каде се парите?)? Е, го опеале, тоест го одсвириле. Пијаното е уметничка транскрипција на неговиот нервен слом додека она другото е буквален гитарски стенограм. Перфектна заебанција.

Упатство за држење политички говори

Штета што Хал Крутенден не е политичар, бидејќи една работа сигурно ќе знаеше, како се држат политички говори. Накратко, за основните финти во овој жанр.

Судовите некогаш се луксуз

Јес да сме ви ние легалисти до коска, кога ќе го изгледате видеото (иако е со хепиенд), единствената дилема може да ви биде: стрелање или инекција.

Вести од светот на кратко

Прво сликата што најдобро го опишува целиот судир меѓу Израел и Хамас, а потоа рецензија на две недели вести од Џон Стујарт. Заклучок: Излуде ли светов?

Така расте Европа

Стара народна италијанска песна која често им се пее на деца. Потекнува од Првата Светска Војна и е нешто помеѓу македонската "Вака ли бе Цвето?" и Штулиќевата "Усне вреле вишње". Плус малку ПТСД синдром од која страда и главниот јунак Марио и далеку повеќе од него, неговата екс драга. Наравоучение: Батали курвата, да живее Италија! Невердлес, убаво анимирано.