Пред години и години (кога ние бевме млади) моливите со таблица за множење беа врвното достигнување во светот на криминално решавање тестови / писмени по математика. Ова што го имаат денес прави ние да изгледаме како да сме живееле во турско, ама на почетокот. Ви преставуваме апликација за решавање задачи од книга.
Разјарен мажјак сред својот ритуал за потрага на партнерка за парење, одеднаш соочен со еден од своите ретки природни предатори - женско со прашање што боли.
За дете од западната хемисфера, суперхерој е некој што има кул гаџети како Бетмен или пак е толку храбар што му се може да носи гаќи преку панталони како Супермен. Свои суперхерои имаат и децата кои немаат среќа да живеат во таков филм. Нивните јунаци летаат по облаците и им носат вода или пак прават некоја магија и почнува да расте храна од земјата. Брилијантно уловено парче од една детска реалност.
Извадок од фински документарец на тема нордиски затвори. Во него управник на Атика затворот од Њујорк (да, тој од филмот) оди во посета на 4 нордиски затвори. Клипов е од затвор Норвешка. Одамна не сте виделе вака вчудовиден човек во години. И вие ќе бидете исти.
Дамата пристигнува на кочија, ја придружува господин со кого доаѓаат до железничката станица. Таа се фаќа за гитара и почнува да ја свири "Didn't it rain". Некогаш луѓето имаа стил.
Детево има 8 години. Ако вие познавате некој на негова возраст искористете го ова додека можете, за да му ги унитштите сите претпоставки дека од него треба да се чека да порасне.
Бил О'Рајли ја промовира новата книга. Промоцијата му е кај Џон Стујарт. Промоцијата е само алиби за седнат и да се распердашат за сè што до сега им било на срце.
Бил Нај за генетски модификуваната храна, на многу човечки јазик. Што сме направиле до сега, што сè можеме да направиме и добро и лошо, и што он мисли за целата работа.
Сме виделe безброј реклами во кои сексот се користи само како мамец за полесно да се продаде некој производ или услуга. Чак и македонските владини кампањи го промовираат сексот ама само за да ни увалат (наши) деца и (нивни) идни даночни обврзници. Камo бре реклама за самиот секс, како таков? Та-даам, еве ја!
Зак Галифианакис и Џими Фалон ја развиваат приказната за двајца пријатели во Америка кои ете сакаат да се видат ама никако да најдат слободно место во своите преполни агенди.
Ви го претставуваме морков, малку постар, ама комплетно еколошки уред кој работи на сончева енергија, има сериозна стапка на компатибилност и дури е и здрав за тебе.
Екипата на Џими Кимел решава да прашува луѓе што значи ГМО. Тема на која сите се јаки, ама во коментари по социјални мрежи и форуми. Вака во живо, малку потешко оди. p.s. О е за организми.
Шест второоделнчиња од основно во Бруклин ги носат на вечера кај Даниел, еден од најлуксузните ресторани во Њујорк. Вечерата е составена од дегустирање на 7 различни јадења од ресторанот, со ред од предајдење до десерт. Нивна оценка - репете од десертот.
Компилација со ММА тепачи од клучните моменти кога само едниот останува на нозе, а другиот неприкосновено се приковува за патос. Без нечкање и танцување по терен, чисти нокаути.
Ова видео ќе го видите деновиве на разни страни и главно ќе биде насловено "Американски дрон на видео снимил војник на Исис како ебе магаре'. Прашања од здравиот разум: - Колку дронови наоколу снимаат луѓе како имаат секс? - Како знаат дека црепов е баш член на Исис? - Ако снимката е автентична, нели Бредли Менинг за објавување воен материјал попи 35 години затвор?
Опишана како „компјутерски генериран вокалоид", Хацуне Мику има одржувано дури и концерти во „родната" Јапонија. Но вчера прв пат настапи во големо телевизиско шоу, и тоа кај Летерман. Ете, и тоа се случи.
Неколку луѓе (сите башка-башка) се договараат да се видат со другари. Заедничко за сите овие што ќе ги видите е што имаат по неколку казни за пребрзо возење. Веројатно после ова, веќе нема да имаат.
Модна недела Милано. Како што е ред сите дизјанери, стилисти, модни блогери и секој што некогаш отворил Пинтерест или Тамблр, е дојден на неделата. Секој е дојден со свое непогрешиво мислење и секој без право да каже - не сум чул.
Интересен судир во либералниот дел од американскиот спектар на мислења: Бил Мар смета дека Исламот во моментов е главната матица која произведува ставови и практики против основните човекови права и дека е тоа единствена религија која се однесува како мафија, во стилот "ќе те убиеме ако кажеш нешто погрешно." За Бен Афлек тоа е расизам.