Видео

Езоповско видео

Има такви што се осеќаат најјаки, оти сите им се плашат и дека никој ништо не им може. Седат така најбитни на своите омилени места и уживаат во моментот.

Стоунси ги најавуваат Пајтоновци

Мик Џегер прифаќа да испадне глуп додека се заебава со староста на Монти Пајтон. Го кажува за нив она што секој нормален би го кажал и за Стоунси. Ете, тоа е се тие ненадјебиви фраери. Прајслес бонус: Чарли Вотс оптегнат на кауч.

Машината што јаде дрва

Едно од оние зен видеата во кое гледаш други луѓе како работат. Овие работат со тешка машинерија чија единствена цел е претворање на здрави и стоечки дрва во ништо.

Реклама на диви води

Една од оние "оди па објаснија на состанок со клиентот" реклама. Овие некако успеале да ја објаснат, а Дискавери каналот да ја прифати.

Ќе издржите ли да го одгледате цело ова 3 минутно видео?

Ух, ова боли! Признаваме, ние не издржавме. Ужасно е какви сме станале.

Лоши вибрации

Кампања за зголемување на свесноста за ризиците од чување оружје дома. Наменета првенствено за заштита на најмалите. Слоганот на кампањата гласи: "Ако го најдат, ќе си играат со него". Како е тоа визуелизирано?

Чак Џонс го црта Душко и Којотот

Две видео делиции за фановите на цртаните филмчиња. Маестро Чак Џонс лично. со придружни коментари ги црта Душко Долгоушко и Којотот (Брзата птица не ја спомнуваме од што не ја поднесуваме).

Ајде да не летаме

Шармантна и бескомпромисна пародија на сето она што се случува за време на авионските летови. На индијски, плус стујардесата е врв. 

Изолирани ритам секции

Прво неколку бубњеви, после неколку басови и удрете на вежбање.

Фејсбук

Затоа што никој не може да направи да ти биде склет, како што ти сам можеш да си направиш кога изигруваш стражар на Фејсбук.

Кај ќе ти оди душата, кампања на денот

Ако сме поштени, песната можеш да ја ставиш и на реклама за Нутела и да те расплаче. Како и да е Ирска знае да направи кампања против пребрзо возење.

Рапот на Клинт Демпси

Капитен е на американската фудбалска репрезентација, со Гана играше 60 минути со скршен нос, на Португалија и го збрчи вториот гол. Инаку игра во Сиетл. Уште поинаку, го занима риболов и хип хоп. Видеото продуцирано од Најк ѝ е посветено на неговата сестра Џенифер која на 16 годишна возраст неочекувано умира од мозочен удар.,

Џон Оливер го растура Доктор Оз

Џон Оливер станува супер интересен феномен на американската тв сцена. Прво ги сруши серверите на FCC, потоа ја демонтираше ФИФА а овојпат го мези Доктор Оз, миленикот на површните поборници на здравиот живот, од Бостон до Кисела Вода. Како што дефинира еден наш ербап дечко од Америка: "Оливер моментално ѝ ја ебе мамата мамина на Америка на начин на кој Америка не може да му одолее. Ко кај нас Љубчо Георгиевски 91-ва".

Сè или корпа

Предизвик: да натераш девојка што прв пат те гледа да влезе кај тебе во кола. Предизвик мастер левел: треба да ја натераш да влезе без да и кажеш ниту еден, единствен збор. (Нормално и да не биде на сила). Користење читови: колата е Ламборџини.

Џегер и Боуви на тивко

Ако има нешто за што се добри двајцата тоа е за слушање, за гледање никако. Ако има некаде каде што двајцата заедно се добри за слушање тоа е Dancing In The Street. Наспроти се, еве ви го спотот, со нив двајца и ниту еден единствен збор или музика.

Кондоми против преправање

Речиси сме сигурни дека Дурекс нема поим за тоа кој е нашиот сленг израз за нивниот производ, кога одлучил да поврзе реклама за кондоми со фудбалери кои лажираат фаул. Карма, колку толку.

12-те вебиченствени

Видео омаж на најјаките интернет ликови, оние кои го редефинираа поимот за жестокост и ги принудија ликовите како Клинт Иствуд да се повлечат и да почнат да снимаат филмови за пички. Значи, оној со нончаките на рипит, јасно?

Лекции по историја: Зошто Бетамакс изгуби од ВХС?

За тие што зборовиве во насловот ништо не ви значат, глупо е допрва да проверувате на Википедија. За вас другите, една од причините е што буквално е полесно да шверцуваш ВХС видеорекордер отколку Бетамакс. П.С. Овие со авторските права уште пред 30 и кусур години биле истите плачковци ко денес.

Од дизајнерот на Ф-15 за тоа колку е глуп Ф-35

Човекот кој работи на Ф-15, а потоа е дел од групата која ги поправа сите дизајнерски грешки на Ф-15 и го создава Ф-16, седи и 10 минути го растура секој можен аспект на Ф-35, најновиот воен авион на САД. Зошто видеово? Затоа што: открива некои основни работи за воените авиони, објаснува како "стелтот" всушност никогаш не работел и ова го знае цел свет, а објаснува како и армијата е обична бирократија (со многу пушки) која само гледа зграби што е можно повеќе пари.

Како да извадите што сакате во Фотошоп?

Генерално постојат два клучни проблема со денешните фотографии. Првиот е што ги има премногу. Вториот е што на нив може да се најде работа која не сакате да ја видите. За првиот проблем не можеме многу да помогнеме.

Стивен Хокинг vs. Џон Оливер

Двајцата Британци. Двајцата соодветно славни во Америка. Првиот е еден од најбрилијантните луѓе на планетата, вториот се појавува на телевизија еднаш неделно и никогаш нема да излезе со Чарлиз Терон.

Шапел се отвори кај Летерман

Пред десетина години Дејв Шапел требаше да почне нова сезона од Шапел шоу и едноставно не ја почна. Од сите теории што се вртеа околу случајот, на крај излезе дека тој не се појавил на снимање и дека дека цело ова време доцни за на работа. Плус за парите и за работата.

Еднаш мадафака, секогаш мадафака

Семјуел Џексон не мора да му ја мисли што да прави ако некогаш го начекаат лоши дечки во темница. Им го вади фамозниот библиски монолог од Палп Фикшн (а како што ќе видите, впечен му е во меморијата) и лошите дечки ќе завршат бледи како Кира Најтли.

Баба која ескалира

Баба пред ескалатор. Попрецизно, баба која нема идеја како функционира ескалатор. Но, затоа е тука тој да ѝ помогне: Ѝ вика: "Ти само фати се за мене." Таа се фаќа, и тргнуваат....