Видео

Утринска песна за шампиони

Не е лошо со оваа песна да ви почнува секое сабајле. Јер со самото слушање на оваа песна, веќе ви се случило најлошото што може да ви се случи па онда денот може да тргне само на подобро. Без заебанција, ова стварно боли.

Бил Мареј го пее Боб Дилан

Ако некогаш сте го слушале татко ви како масакрира некоја песна (ни крива, ни должна), тогаш се' ви е јасно. Само овој пат го трпите Бил Мареј.

Сам себе го терцирал

Грлото е инструмент создаден да произведува по еден тон во единица време. Но, има луѓе кои го имаат хакнато инструментот и тоа звучи фасцинантно.

Што ли е полошо?

Како изгледа спој на две ужасни работи од две различни декади: домашна журка од 90 -тите години и хит од новото време.

Од пиво до амеба

Пивото е производ на соработка меѓу повеќеклеточно животно наречено човек и една едноклеточна габа наречена квасец. Двајцата потекнуваат од ист организам. Откако се одвојуваат, секому од нив му треба огромно време да се развие, но, откако го завршуваат тоа, многу брзо повторно се наоѓаат.

Што не прави Дејвид Финчер?

Запрашан да го опише својот процес на работа, режисерот објаснува дека тајната не е во тоа што го правиш, туку во тоа што не го правиш. Ова е процесот на Дејвид Финчер.

Се гледаме на следниот скопски маратон

Иако се носи на грб и е туч тешко (цирка 5 кила), овој ранец на млазен погон помага на секои истрчани 100 метри да ќарувате по неколку секунди. Па да видиме чија мајка џетпек плете.

Дефиниција за кочење на лице место

Тестот не е за камионот, тестот е за бариерата. А бариерата држи, држи со цела сила. Немаме точни технички податоци, ама камионот е голем и е прилично залетан. Бариерата сепак држи.

Бескрајни цртани за вас прекрасни родители

3 маратони од по 3 часа и нагоре. Прво 3,5 часови Попај, па 4 часа Душко Долгоушко и компанија, па Мики Маус и неговите цели 6 часа. Тоа ви се 13 часа раат од деца... со исклучоците каде што ќе имаме деца раат од родители.

Како да направиш хит, без ни најмалку талент

Да не спомнуваме имиња, ама се знаете. Прво и најважно, како во ретко која професија тука треба само да имаш желба (ок, и пари). Не ти треба ни да знаеш да пееш, ни да знаеш да свириш, ниту да знаеш да напишеш песна. Само гледај научи го текстот за да бидеш уверлив/а.

Видео за страста и посветеноста

Еден прилично едноставен дечко од Сан Франциско. Има две работи кои ги прави. Вози точак и прави пици. Видеото е за него и за она што овде многу недостасува - страст.

Tiny Detectives

Затоа што егзистенцијалните дилеми и маката со разбирањето на универзумот, не се ништо во споредба со проблемите да се биде кус и детектив во исто време.

Т'га за причина за навивање

Во некој оддел за опскурни спортиски статиски запишана е ставката - најмногу последователни извикувања на име на фудбалер за време на Лига на Шампиони. Рекордот е 9 пати, рекордери се навивачите на Наполи, името е Гонзало Игуаин, а целата журка ја прави Децибел Белини, официјалниот најавувач на Наполи. Кога сме веќе во Наполи, да видите Пандев како го испочитуваа.

Продавачот што си ги мрази муштериите

Чикава има продавница за стрипови. Ниту ја сака продавницата, ниту сака стрипови, а па најмалку муштериите. "Абе на времето фармерите знаеа што прават. Ги ставаа во стриповите во полското вц, за да се бришат. Пошто стриповите толку и вредат."

Диско во секој од нас

Дечкото зема тројца комплетни дунстери од публика и за кратко време, наспроти првичните сомнежи дека од нив нешто може да испадне, тие ја сфатија шемата.

Љубов боли и на 4 години

Како и Дино Мерлин и малиов не е Супермен. Девојчето што му се свиѓа, се јавило на друго дете. Како и секое машко, и нашиов маж достоинствено ја пребродува маката - плачејќи и барајќи одма да и се јави на телефон!

Како да ви го расипам Фајт Клуб во 11 минути

Офцијалниот наслов му е - Се' што е погрешно со Фајт Клуб. Официјалната намера му е ова од нашиот наслов.

Камбербач не може да каже - пингвин

Има нешто магично околу зборот "penguin" што човекот кој глумеше се од Шерлок и Џилијан Асанж, до Кан и Смауг, не може никако да го совлада и да го каже како што треба. Стварно не може.

35 години еволуција на биро

Од преполно биро со најразлични предмети што ни требаат за работа, со помош на технологијата сега сме на лаптоп и биро преполно со предмети што само мислиме дека ќе ги користиме за работа (без разлика на тоа што ќе го видите во видеото).

Служба за спасување работи што сте ги изгубиле

Од КЛМ не разбираат дека се што ќе постигнат со рекламава е за прв пат во живот да ви дојде желба да заборавите нешто во авион.

Што ти е човек

Уметноста помага да му ѕирнеме на човека во душата. Магнетната резонанца е за остатокот од него..

Митлоуф копиљаци

Песната од Митлоуф што ја знаете, од дечурлана што воопшто не ги знаете. Ама имаат мерак, и имаат талент, и одлични се.

Бадвајзер против Бадвајзер и возење

Лекција од Бадвајзер за правење реклами против пиење и возење пијан. За почеток земи лабрадор. Потоа сите ќе те догледаат до крај, без разлика колку е тажно.

Карташката приказна на Вили Нелсон

Не знае човек што во ова видео е пофасцинантно; дали приказната, дали трикот со картите, дали што сето тоа заедно го изведува никој друг туку легендата Вили Нелсон.