Видео

Дисторзии од грло

Мајкл Винслоу ("Полициска академија", ви текнува?) важи за човек кој во своето грло поседува 10.000 звучни ефекти. Да покаже дел од нив, во "Whole Lotta Love" од Цепелин.

Добредојдовте никаде

Документарен трејлер за една ромска фавела во Софија и европејскиот живот на нејзините жители. Наратор е актерот Итан Хок.

Кога Ајфон 6 стварно би бил подобар Ајфон

Како би изгледало кога Епл всушност би послушал што бараат од нив купувачите. На пример, апгрејд на Епл Мапс во Гугл Мапс, или полнење преку старите кабли од Ајфон. И еве што друго:

 

Бизнисот со изнајмување машки слуги

Идејата е дека најмување стриптизери за другарки е клише и глупо. Ако стварно сакаш да ја израдуваш, најми и машки слуга. Целиот сервис не е зезалица, него е регуларен бизнис, а услугата чини од 80 долари на час до 300 долари на ден, за работи како "служење пијалоци, палење цигари, правење инстаграм фотки и слично."

Во чест на татковците чии деца слушаат глупа музика

Имале среќа да растат во време кога имало добра и храбра музика. Денес имаат несреќа да имаат деца кои слушаат One Direction. Да ја погледнеме таа нивна тага.

Како се градеше рекламата за Моторола

Дрога5 сними 4 реклами за 4 нови производи на Моторола (два телефони, паметен часовник и безжични слушалки). Водилка во рекламите им е зошто да земеме луѓе што знаат ЦГИ, кога може да земеме мајстори.

Мажи, сè е лага

Девојкава објаснува некакво направи сам упатство за жени, за тоа како да ги зголемат градите без операции и чуда. Она што ќе заврши работа поштено, ќе заврши. Само што после ова вие веќе ни на соптвени очи нема да може да верувате.

Совеста е женско и вози мотор

Девојката сака да живее во чист град. Сограѓаните баш и не ги помагаат во ова. Еден по еден ќе им го дотера паметот. Освен ако не ја прекрши некој по пат.

Шкотска си бескрајно

Како и во регуларна врска, на Англичаните им текна колку многу им значи Шкотска, само кога Шкотска почна да размислува за раскинување. Гледано од тука, аргументите за заминувањето од Обединетото кралство се многу човечки и многу логични. И другата страна има човечки аргументи за останување, и доста економски и логистички, и едноставно - вака е подобро. Гласањето е во четврток.

До Епл, околу Ајфон 6

Едно клучно прашање од човеков - кој ви рече дека сакаме поголем телефон? А по пат ќе ги закачи и за еден куп други работи, плус има и за АјВоч неколку прашања.

Проблеми на татковци со брада

Веројатно децата се единствени луѓе што нема да те испрашаат и да ти направат инстант психо-тест за тоа што си пуштил брада. Барем додека се прцули. Ама затоа оди објасни им дека си истиот човек кога ќе ја избричиш.

Каде се денес?

Што се случува со цртаните ликови кога ќе им заврши славата? Кој се здебелил, кој се вработил во супермаркет, кој работи во телефонски центар. Има и некои што им оди добро.

Ситно, ситно

Не може да ви објасниме со кое неверување го изгледавме видеово, и после тоа пак уште еднаш. Детево се вика (барем уметнички) Fik Shun, и до вадење од памет ја има навежбано песнава.

Првото шоу на Џон Стујарт после 11-ти септември

Се случува на 20-ти септември, и во него Стујарт го кажува своето гледиште околу целата ситуација, и како човек чија главна работа е да ги насмее луѓето треба да се снајде после таква трагедија.

Рапот, тоа е суштина

Ова веројатно е првото претставување на рап музиката на еден голем американски медиум. Од емисијата 20/20 на Еј Би Си во 1981-ва година (за споредба, Yo! MTV Raps доаѓа дури 7 години подоцна). Освен документаристичката вредност, прилогот е занимлив и заради темелноста и професионалноста која денес тешко се среќава. Плус, човек може повторно да се заљуби во Деби Хари.

Многу деца, многу разочарани од живот

Глупо е да му се смееш на човек што има проблем, ама кога е во прашање човечки пинцур а проблемот е што му избегал балонот, природно е да му фаќаш сеир. Предупредување, дечурланава масовно ќе ве фатат на емоции и на крај може да завршите поразени.

Supervenus

Да пренесеме технички за видеово: автор е Фредерик Доазан, снимено е 10 кадри во секунда, и до сега има собрано едно десетина награди на најразлични фестивали. Тема - жена.

Како се заклучува врата со виљушка

На пример, сте купиле нова кукла на дување и сакате да ја пробате на раат во соба која нема клуч на врата. П.С. Дувајте ја дури откако ќе ја сфатите финтата бидејќи типот од видеото толку споро раскажува што е можно малата да се издиши.

26 филмови за до крај на година

Лежерна есен без премногу супер-херои, галаксии и апокалиптични уништувања. 26 филмови со 26 трејлери. Направете пауза.

После ова ќе мислиш дека цел живот си сакал рагби

Пред почеток на следна летна сезона, го викаме Чарлс Денс во Охрид, му ги постројуваме келнерите и тетките од сендвичарите и таксистите и пазарџиите. Мора да успее.

True Bull

Пред три години беше адвокат на Линколн, денес е негов возач. Метју Меконахи, облечен како Расти Кол од True Detective наспроти еден голем бик. Рекламната серија ја потпишува Данецот кој го режираше Drive.

А ова сме ние во Универзумот

Група научници ја прават најголемата мапа на Универзумот, и каде во него се наоаѓа Млечниот пат (збутани сме во ќош еден). Најлошото нешто што може да излезе од ова видео е што ќе осознаеш колку премногу си небитен.

Животот не станува полесен, ти стануваш подобар

Во епизода на Луи од 2011-та, Луи Ц.К. размислува да се откаже од комедијата. По едно шоу се среќава со Џоан Риверс и таа го разубедува и му објаснува зошто станала комичарка, момент што само он може да го сфати како погодно време за да и се фрлиш на Риверс.

Игра на ефектите

Годинава на Емми наградите Родео ЕфИкс беше победник во категоријата Извонредни специјални и визуелни ефекти. Наградата ја доби за работата на 4-та сезона од Игра на тронови. Еве што им е работа. (потенцијални спојлери)