Видео

Слушнете си ја омразата

Видео експеримент на литвански центар за човекови права ефикасно покажува како звучи онлајн омразата кога ќе се изговори гласно, пред жив човек кому му е наменета. Поучно (неоти) за сите оние бедници кои по интернетов масовно истураат кофи говна едни на други.

Татко на денот, шупак на векот

Таткото е тука на својот син да му влева сигурност и стабилност, да го охрабрува, подржува, да биде цврстата точка во неговиот детски универзум. Е сега, замислете го сето тоа ама обратно. Не малку обратно туку многу обратно! Хомер Симпсон е срушен од пиедесталот.

Како да станеш нетолерантен на глутен

Базирано на медицински студии кои допрва треба да бидат спроведени колку повеќе луѓе има околу тебе толку е поголема твојата нетолерантност на глутен. Ова е само еден од советите.

Слепа посветеност

Маж и жена со регуларен живот сè додека не се случи нешто што ќе тестира сè што до тогаш го земале здраво за готово и кое ќе инспирира снимање клип што ќе ви го скрши филмот дека вие имате проблем.

Никој не може да биде експерт во Фотошоп 1

Прослава на 25-от роденден на Фотошоп. За да не излезе само празно фалење и да бидеш сигурен колку добро си ја вршиш работата од тогаш собери ги луѓето што се експерти за работа на твојата апликација, и дај им да работат на првата верзија. Експертско покајание.

Логични прашања (што ќе ни направат проблем)

За Еболата, и позицијата Прва дама (или Прв сопруг) и нејзините активности, и како Бил Бур тоа махерски го спои со позицијата сопруга на водоводџијата што ти работи дома.

Најнепотребниот ДНК тест во историјата

Прво на памет доаѓа сцената од Шампионите на Шутка, со чиката кој се сомневаше дека 40-на години помладата сопруга го носи неговото дете. Тој човек имаше основа да се надева дека ДНК-а тестот можеби, колку и да е тоа нверојатно, ќе биде во негова корист. Тој, имаше. Новиов лик е нешто сосема друго.

Љубов од високо

Запознавање, вљубување, првиот секс, болното раскинување. Една фино скоцкана романтична врска каква што ја гледа - таванот. 7 минути.

Енко и Сецко повторно заедно

Не работеле на иста ствар уште од 1996-та, ви се верува ли? Ама, еве ги! Двајцата наши драги луѓе повторно пичат заедно, за сецковиот Mooger Fooger, во песната "Продолжи да сонуваш" која го најавува новиот албум на бендот. Енко со вокал а неуморниот Сецко со неговите цврсти гитарски паравани. Ајмо браќа!

Дијаграм на женскиот Матрикс

Бидна уште еден 8-ми март а мажите пак ништо не дознаа за жените. За математичари, проблемот е лесен. Координата X - згодна, координата Y - луда (последното парче од дијаграмот е прајслес). Ако имате 7 минути, бурјум. При крајот има и упатство за мажи. Нормално, многу пократко.

CNN Breaking News: Граѓанска непослушност

Знаете дека CNN има фетиш за ова и е еден од глобалните виновници за тотално девалвирање на смислата на "Breaking News". Брејкинг њуз им беше  информација за потонувањето на Титаник, брејкин њуз им беше и дека вистината за летот на MH370 нема да се дознае со години. Овојпат имаме пример за брејкинг граѓанска непослушност во срцето на Америка, Вашингтон.

Je Suis Arthur

Ќе го препознаете Артур во себе затоа што и тој дел од денот минува на она место кое го прави полош отколку што е. Значи, што прави Артур? Чмае во кола и пизди.

Тест за внимание

Генијална маркетиншка идеја. Спотот ќе ве натера да обрнете внимание така што ќе ви покаже колку сте лоши во обрнување внимание. Twelfe points!

Што е добро и на Андерсон Купер му е драго

Конан O'Браен е првиот американски меинстрим водител кој по прекинот на санкциите отиде да снима во Куба. Притоа најде за сходно прописно да ги изруга СиЕнЕн и целиот нивен концепт за пренесување вести, посебно закачувајќи го Андерсон Купер. Купер го изгледа тоа и одговори.

Девојката која му го исполни сонот

Ко копиљ на суво ги глумите сцените од штотуку одгледаниот акционен филм или боречкиот спорт по кој се палите. Подоцна пораснувате, фаќате девојка и соништата ви се остваруваат.

За нас, инвалидите

Ние не трчаме и имаме многу јаки причини насобрано за тоа: немаме време, воздухот во Скопје е загаден, патеката на Вардар или е преполна или нема жив петел, зимно време е ладно, летно време е полно со мушички. Дечкото на видеото скроз поинаку од нас. Ама, нему му е лесно, тој има време, воздухот не му е толку загаден....

Ох, колку е глупо да си на диета

Нашата страна во постапката ќе оставиме да ја застапуваат овие пет видеа од Карт Ноaр (патроните за еспресо). Вашата страна не е релевантна.

За грст оризови колачи

Најголемиот дел од човештвото не му верува доволно на колегата ниту да му дозволи да им одбере доручек, а не па дека колегата со чеканот ќе биде синхронизиран со тебе во дел од секунда. Овие двајца колеги се Јапонци.

Како звучи мирот?

Она што деновиве си го правиме меѓусебе не е ништо во споредба со омразата и масакрите кои со децении си ги правеа Ирците. Ваљда и овде ќе дојде ден кога ќе нарачаш пиво и ќе чуеш некој ваков шанкер кој никој не ни помислува да го прекине. Пссст, тој ја пее Bright Blue Rose.

Секој кадар од "House of Cards" е ист

Директорот на фотографија на мега популарната серија за Френк Андервуд и заврзламите на вашингтонската политика има сосема едноставен трик како да го креира кадарот. Ќе видите колку е тоа едноставно смирување на сцените а тие сепак да имаат потребен контраст. Дај плаво. Дај жолто. Акција.

Ќутењето е злато

Проклетството на некои е што не изгледаат паметно дури ни кога ќутат, други пак можат да бидат бескрајно забавни и драматични и без ниту еден кажан збор. Ова се Оскарите без дијалог.

Денови, Токио

Работна недела во Јапонија. Почнува во понеделник, завршува во сабота навечер, а ти изгледа како да трае пола месец. Помеѓу, јадеш мусли.

В за Варуфакис

"Драги Грци, се предаваме, земете ни ги сите пари!" Тоа е поентата на оваа одлична германска заебанција на "своја сметка" во која ги опеваат сите  стеротипи кои за нив кои ги имаат Грците.

ММА борач vs. програмери

ЕА спортс прави игрица со ММА борачи, и како што е ред ги лиценцира ликовите и ги вика самите борачи да се видат како изгледаат во играта. Еден он нив не е задоволен од перформансите на неговиот виртуелен лик. Целата работа ја поднесува во многу ММА стил.