Видео

Еден живот, еден Гарнет

На вечерта на враќањето во Тимбервулфс, Кевин Гарнет беше дочекан од еден од неговите највпечатливи фанови, и еден од првите вирални херои на интернетот. И Тимбервулфси уште го памтат човекот.

Каква боја е фустанот?

Што толку цел интернет се напали за тоа каква боја бил фустанот? Па одговорот е толку едноставен.

Леонард Нимој за Ѕвездени патеки

Во програма од 1982-ра, Нимој го дава своето мислење и сеќавањата за првата генерација (неговата) од Ѕвездени патеки.

Совети од учителот

Прва грешка што можеш да ја направиш е да помислиш дека си на негово ниво (кој и да си), втора грешка е да не го ислушаш ова. Советите на Андервуд од првите две сезони од Куќа од карти.

10 години ЈуТјубирање

Нема ништо лошо во видеово, лошо е што 80% од овие од прва ни се познати. Провери колку клипови ќе препознаеш, па многу работи ќе ти станат појасни околу тоа на што си ги изгубил последниве 10 години. Монтажата е од некои од највиралните видеа што се појавиле на ЈуТјуб.

Зошто никогаш не се лаже татко

Малиов му рекол на татко му дека го закачало некое дете. Овој сетил за што се работи па му оддржува една таква лекција која веројатно нема никогаш да ја заборави. А и да ја заборави, ја има кај нас.

Како Полска победи во војната со Оскарот

Иако навиваме за рускиот Левијатан, за најдобар странски филм беше прогласен полскиот Ида. Излегува режисерот Павел Павликовски. По 50-тина секунди од неговото заблагодарување, продуцентите на шоуто почнуваат да го бркаат со музика. Ама, Павликовски упорен, сè додека командантите на Оскарот не го признаа поразот и отсвирea повлекување.  

Како се чисти снег во Казахстан?

На почетокот имате една чиста лента и една лента полна со снег. Минува надлежниот чистач и ситуацијата станува обратна.

Гозба

Цртаниот на Дизни што доби Оскар за најдобар краток анимиран филм, на тема како кучето му е најдобар пријател на човекот, и како жена може сè да расипе. И прокељ и магдонос.

Оскар анонимус

Оскар немаат добиено легенди како Гери Олдман, Роберт Дауни, Ралф Фајнс, Едвард Нортон, Ди Каприо.... Ама затоа во алејата на бесмртните актери, со Оскар за најдобра машка улога, штотуку влезе Еди Редмејн. Ху? Игзектли. Во 90 секунди сè што треба да знаете за него. Доста му се, засега.

Шарлиевите ангели кај Ферал Трибјун

За оваа средба пишуваше Борис Дежуловиќ во постхумното сеќавање на трагично загинатите браќа од Шарли Ебдо кои во полн состав (Шарбоние, Волински, Тињус...) во 1994-та ја посетуваат редакцијата на Ферал Трибјун. Овојпат имаме видео за обратната страна, за тоа како на Шaрлиевците им изгледала таа посета на воено трауматизираниот Сплит.

Уште пократка историја на времето

Замислете свет во кој не постои 15 до 3 или 9 и 25. Како човекот успеа да го скроти времето истовремено станувајќи негов господар и слуга. Кога престанавме да јадеме кога сме гладни, туку го правиме тоа кога е време за јадење.

Звуците кои ги изеде емпетројката

.mp3 беше револуционерна компресија и њојзи хвала. Ама во таа компресија изгубивме детали кои најчесто не ги ни забележувавме а кои ни ја осиромашија калоричната вредност на она што го слушаме. Студент од Харвард покажува што испуштаме кога слушаме една позната песна во емпетри фајл. 

Слабејте со Talking Heads

Толку нема кој уште да слабее бидејќи сите се веќе во тој филм, останаа уште пополнетите фанови на Дејвид Брн да се издефинираат. "Stop making sense and star burning calories". Добра заебанција, следни се фановите на Канго.

Викенд со Вајс

Ги водиме како документарци, ама многу повеќе се репортажи за "вести од светот" што никако да најдат ред и да се појават на вести и дневници. Изборот е од околу дваесетина вакви репортажи.

25 години правење што сакаш со Фотошоп

Една од најмоќните алатки со најголем придонес за глобалната креативност наполни 25 години. Видеово НЕ е ретроспектива на овие 25 години.

Искрена реклама за дијаманти

Не дека видеово ќе ти послужи како некакво алиби ако ти е дојден редот да купуваш дијамантски прстен (кај ќе бегаш ако е 5-ти месец трудна???), ама добро е за да знаеш дека си во право за тоа што мрчиш.

Порно ѕвездите против 50 нијанси сиво

3 порно ѕвезди (Nadia Styles, Mercedes Carrera, Nina Elle) со 5 причини зошто не го бива филмот и многу замаглени пиксели.

Златни наши феминистки

Ако имате жена за која мислите дека честопати знае непотребно "да ве пресече", одгледајте го ова и ќутете си после.

Како да живнат скопските шанкови

Шанковите честопати знаат да бидат окупирани од намќори кои едвај чекаат да слушнат куртоазно прашање од типот "Како е?" за да си ја отворат душата и да му го истурат на соговорникот сиот чемер кој го насобрале во себе. Ова би била фина одбрана од нив. Ако некој угостител ја набави оваа алатка, ете не нас одма на тој шанк, облечени во гумено.

Човек, другар, навивач

Ако може да судиме, тогаш пропустот му е што сред лето, сред Турција влегува на стадион облечен во мантил. Ако може да му се восхитуваме, е што на трибини пробува да прошверцува цела гајба пиво, а не шконтарски само за себе.

Најдобрата лажна емисија за готвење

Денес пробуваат еден нов кујнски апарат кој прави сè, наспроти традиционално готвење на шпорет. Ќе готват жежок мокар ориз (а.к.а. рижото).

Стравот песната ја чува

Можеби секој од нас треба да си одбере песна која ќе му се најде за глумење нормалност во случај непотребно да се исплаши. Еве да речеме, Шанделир е зафатена.

Марвин Геј на суво

Ја земаш "I Heard It Through The Grapevine," вадиш цела музика и инструменти, а го оставаш гласот на Геј. Паузите се морничави, се друго мерак.