Видео

Ние и светот 100 души

Популацијата на цел свет сведена на 100 луѓе. 50-50 сме машки и женски. 1 човек контролира 50% од сите пари на светот. Се зборуваат 5 јазика, сè останато е бука и галама.

Мајнкрафт со баскет не се избива

Видеово следи две приказни. Татко ги вади синот и внукот на игралиште за прв пат во живот да фатат баскет и еднаш да му направат мерак да дадат кош во маало. Првата приказна е на 8-годишниот син гејмер кој се обидува да даде кош, втората е на 8-годишниот внук гејмер кој во знак на протест што не му даваат да се врати дома да игра Мајнкрафт, демонстрира граѓанска непослушност. Ќе ги препознаете кој е кој.

Бабунски се збуни

Некој заебант му прави трикче со карти на бабун. Почовечка реакција од ова, амин. Нели е бе така, драги наши креационисти?

Пази, мотор!

Звук на моторче кое ви се приближува не можете да утнете. Освен ако некој од Агушеви не ви доаѓа на точак.

Леонардо Ди Каприо ја поздрави Ѓупска маала

Перверзно добра заебанција. Последниот оскаровец "малу задоцна" ама направи уште една брилијантна ролја. Ако за она со мечката доби статуетка од филмската академија на САД, за ова треба да добие споменик од општина Струга.

Беспотребна анализа на "Две птици со еден камен"

Немате вие толку мислено на фразава колку што дечково зборува за фразава. А има поента.

Робот кој ќе ве замени во интернет кавги

Кога ќе отвориме некоја бескрајна "дебата" по тоа фејсбуците и кога ќе го прочитаме квалитетот на коментарите, имаме чувство дека многумина веќе го имаат ова корисно чудо и наголемо го употребуваат. Човек може и 'ракописот' да им го познае. Да не делела државата бесплатно вакви а ние да не знаеме? 

Прозорец што се претвора во балкон

Охохо кога ова ќе дојде и кај нас! Охохо кога ќе стигнат и фушерајките, јер наш народ обожава да помине поевтино!

И хартијата е душа

Со помош на хидраулична преса некој сака да го демантира правилото дека лист хартија не може да се свитка на половина повеќе од седум пати. И навистина - хартијата попушти. Ама, на многу неочекуван начин.

Крешимир Мишак за корпорациите

Цел ден аргатуваш за корпорација за да имаш пари да купиш храна од корпорација во супермаркет на корпорација за навечер да гледаш телевизија со која управува корпорација за вести за политичари кои зависат од корпорација. А кога ваквиот живот ќе те разболе ќе побараш лекови направени од коропрација.... Комунистичките шефови можеа само да сонуваат за ваква тотална контрола.

Како се трола феминистка

Дечкото ја извади од штикли соговорничката со пар мачо бабури од типот "жените заработуваат помалку зашто се понеамбициозни, жена сака дома да седи, ти треба дома да седиш". А таа една озбилна па накострешена па не ѝ се верува што слуша. А требала само пред емисија малку да гугла со кога оди на тв дебата.

Нема веќе другари, има само Хајнекен

Дилемата е ако имаш само една карта за Лига Шампиони и твојот клуб игра против Реал, дали ќе одиш сам на стадион или ќе останеш да гледаш со другарите. Дилема околу која навивачите на Милан нема да мора да се секираат во следни 5-6 сезони.

Црна магија

Гледање како некој сече патлиџан со ултра остар нож знае да биде воодушевувачка работа. Изненадувачки е што ова во рикверц станува бескрајно поинтересно.

Ете некој аир и од бебиња

На полувремето на Сакраменто Кингс на публиката ѝ беше понудена забава каква што овде би предизвикала лавина морализаторски осуди и повици за линчови. Трка на бебиња кои ползат. Хмм. Плавокосото бебе се држеше добро сè додека не ги покажа своите црногорски гени.

Римтутитуки, 24 години подоцна

Членовите на ЕКВ, Партибрејкерс и Електрични оргазам на времето се качија на камион и ја шпартаа нивната музика по Белград, обидувајќи се да се спротивстават на безумието на војната и да го надгласаат звукот на оружјето и хушкачките медиуми кои го подмачкуваа. 24 години подоцна, излезе комплетниот видео материјал од тоа.

Јазикот во историски рикверц

Поента на видеово е колку назад во времето можеш да се вратиш а и натаму да го разбираш англскиот јазик. Блазе си на нас што сме тазе со јазикот. Ок, освен каменот од розета.

Близначки од пеколот

Не само што се идентични близначки, не само што се облекуваат комплетно исто туку и зборуваат исто. Си упаѓаат во реченица и ја довршуваат заедно. Неподносливо.

Што ни е проблемот што мразиме евтини работи?

Зошто многу повеќе ги цениме работите што скапо ги плаќаме, со примеси на "зошто не треба ништо да даваш гратис."

Како е кога сè е обратно?

Како? Како во Јапонија. Ниту светот ги разбира нив, ниту тие го разбираат светот. Пример, адреси. Посветено на сите таксисти и поштари што не можат да најдат адреса во далечното, неистражено и егзотично - Козле.

Обесправени бели деца

Соработник на Дејло шоу седнува со група бели деца кои целиот живот се маргинализирани. Во што? Во тоа што никогаш не виделе бел претседател.

Не се срами, почешај си ги јајцата

Алтернативен наслов: Мажи не е важно колкави ви се јајцата, важно е да ги почешате.

До линчот и по него

Клипот е од Бруно, филмот за австрискиот моден репортер, и е сниман во Арканзас, еден од упорно најзакоравените делови на САД. Случувањата во рингот се по сценарио, сè надвор од него е на "што ќе даде Господ."