Видео

Радоста на сцената

Вакво изненадување им се има случено на Фолтинци во село во Словенија (а види ја и приказната на Димса за Минхен). Овојпат за едно швајцарско-германско женско дуо (се викаат Boy). За првпат во Америка, за првпат во Бруклин, си рекле, ајде ќе им отсвириме нешто наше па некому може тоа ќе му се бендиса. А оно...

Еден звук, песни рој

Ако си тон мајстор во потрага по нови звуци, најдобро е да имаш некој како Генадиј Ткаченко. Ама ако го немаш, ќе заврши работа и ако се закочи во вистинско време додека девојка во кола јаде сладолед. Маста ѝ ја извадија.

Да, ова важи и за хотелот кај што ти си спиел

Да видите како на следното легнување во хотелска соба, ставање глава на перница и покривање со прекривачот, ќе ви текне на нас. Една од жените која средува хотелски соби подолго отколку што некогаш се надевала: "па попрво ќе спијам во кола, него во кој било хотел." Исто така, боси во купатило - НИ-КА-КО.

Тинејџери вс. Виндоус 95

- Ова е првиот компјутер што е некогаш направен
- Праисториски... стар диносаурус
- Виндоус 95? Како 1995-та?
- Сè изгледа досадно и антички
- Наратор: Не ти ги отвора страните затоа што на Виндоус 95 нема ВиФи. Копиљ: Штооооооо? Па како се закачуваш на интернет ако нема ВиФи???

Со алал нека ви е Брегзит-от

Ако некогаш ЕУ фати да собира аргументи за раскинување со Британија, слободно може да почне со ужасување од видеово.

Кои се гласачите на Трамп?

Работник, домаќинка, канцелариска службеничка, луѓе од народот, оние кои живеат од сопствениот труд, ги исправаат медиумските неправди кои му се нанесени на Доналд Трамп. Рекламата е бесплатен подарок од Saturday Night Live.  

Еволуцијата бара вакви

Руски момчиња решиле без брзање да ни објаснат како може да се наполни мобилен телефон со помош на напонот од шините. И ние не брзаме, брза некој воз кој во следната прилика ќе го оправда насловот на оваа статија. 

Од состанокот на црнците комичари

Седеле Кат Вилијамс, Кевин Харт, Дејв Шапел, Крис Рок, Трејси Морган, Крис Такер и Берни Мак, кај Еди Марфи дома. Сè понатаму ќе раскаже Џеј Фароу.

Статија за човек и пијано

Глен Гулд ветуваше дека кога ќе наполни 50 години, ќе го остави пијаното и ќе се посвети на сосема други работи. Два дена по 50-от роденден, телото се спротивстави на ваквите планови.

Спремни за Олимпијада?

За сите што планираат да одат а и нас нè лакомат летоска да зашибаме за Рио, 12 минутна показна вежба за тоа што ги чека на улиците на овој град.

Приказна за лека ноќ

Една кратка и веројатно многу неефикасна приказна за заспивање. Чита Џенифер Гарнер.

Бизнис на денот

Мелани и Фрaнческа одат по ливади со онакво како за фаќање пеперутки и собираат воздух. И потоа воздухот го ставаат во тегла. И потоа продаваат. 115 долари за тегла. Не се жалат.

Кога на претседателски кандидат му ставаат зборови во уста

Ако мислите дека ова е лесно имајте предвид дека: треба да му најдете текст кој ќе изгледа како автентично да го кажува, на лице да изгледа како да верува во тоа што го зборува и сите негови постапки и движења да одговараат на тоа што го зборува. Хм...

Кога комичари би пишувале порно сценарија

Најслабиот дел од порното се дијалозите. Не дека некој се буни заради тоа но ова е добар обид да се поработи на проблемот. Двајца комичари им кажуваат реплики на овие што се бембаат и на моменти тоа знае да биде урнебесно. 

Порно проблеми што не ги разбираат луѓе што не работат порно

Порнсуп е веб-серијал на Порнтјуб во кој главни ликови се Мануел и Кајли, брачен пар кој речиси сме сигурни дека ги знаете и само по име, иако може не знаевте дека се во брак. Во серијалот двајцата најчовечки расправаат за проблемите во порно еснафот.

Љубов на ескалатор

Скриената камера како ретко одвратен телевизиски производи (што, сакаш да кажеш тебе не ти е смешно што те правиме мајмун пред камера???) е едно од поголемите зла што можат да ти се случат во текот на денот (#firstworldproblems). Технички дефиницијата го опфаќа и следново видео, ама па не е сè во дефиницијата.

На шефицата, мамицата

Шефот/ шефицата сигурно не ви се згодни како Софија Вергара ама ќе ви дојде да ги гушнете. За што се работи? Еден дечко цели 3 години ѝ е личен асистент и Вергара конечно решила (за потребите на кампања!) да го почасти: бонус (непознат), костум (комада 1) и слободен ден (комада 1). И овој кутриов ќе се распадне од толкава добрина.

Ни брат Љубе* вака не се извинуваше

Како Северна Кореја ПР-овски  му ја извади маста на американскиот студент обвинет затоа што украл некое знаме со политичка парола. Откако покајнички се изнарика пред цел суд, 21 годишниот пишман изјави дека тоа е "најголемата грешка во неговиот живот" и дека на таков чин го "охрабрила католичка црква поддржана од американската влада".  

Органски бетон кој сам си ги лечи пукнатините

Истиот процес со кој настануваат пукнатините во бетонот (на чии поправки во ЕУ годишно се трошат 6 милијарди долари), искористен за нивно пополнување. Во цементот се уфрла бактерија која може да мирува 200 години ама ако ѝ наиде вода, ете ја неа на работа. Просто, генијално.

Потеклото на иксот

Не потеклото на буквата, туку потеклото на нејзината функција како симбол што означува нешто непознато. Како и куп други паметни работи што ги користиме ама поим немаме од каде доаѓаат, и на ова корените му се во арапскиот свет. П.С. Сте чуле за ал џабра? Нормално дека да, само што во не арапскиот дел од светот ја викаат - алгебра.

Географија по Џон Оливер

Се што треба да знаете за државите низ светов слободно може да почнете да го учите од Џон Оливер. На лекциите паралелно се предава - географија, геополитика, историја и како им изгледаш на комшиите.

Пилешки сендвич без антибиотик

Сабвеј на времето тргнаа одлично, како поздрава и посвежа алтернатива за сендвичи. Но, на шемата "здравје" се налепија и други играчи и работата отиде надолу. На пример, во 2014-та продажбата им паднала за 3 проценти иако истата година отвориле 778 нови продавници. Сега најавуваат пресврт во нивното мени, ќе биде без антибиотици. Иако и натаму би сакале нивните сендвичи да се јадат три пати на ден, 8X1, на гладно срце.

И роботите имаат душа

Музика и текст од реклама за заштита на животни, видео од тестови на роботи. До крај, ве остава завиени во тага  да не можете на тостерот во очи да му погледнете што толку сте го стискале.