Видео

Радост на денот

Возбуда од типот "чичко пушти летки." Деца од Африка за првпат гледаат дрон.

Планета Теретана

Краток, краток документарец кој се обидува да ги опфати сите можни видови што се појавуваат во локалниот билдинг клуб, нивните навики, синџирот на исхрана и хиерахијата на моќ. Ако одиш на вежбање, не се прави дека те нема во видеово.

Невербалните финеси на браќата Коен

Кадар/контракадар е базична филмска цака и е дел од основната азбука на кинематографите. Но, дали камерата ќе снима преку рамо или ќе биде ставена во средина, таа одлука резултира со различно доживување на сцената. А Џоел и Итан Коен знаат уште неколку трикчиња. 

Гаќи против силување

Тајландски изум. Мора да е многу ефикасен.

Најстрашното видео на интернет што ќе го изгледате денес

Нема крвови, нема гадости, нема чудовишта, има еден новинар што оди на ДЕФ КОН (најголемата конференција на хакери) и ги предизвикува учесниците да го хакнат. Он нема претстава што ќе му се случи, вие немате претстава што ќе му се случи. Хорор и ужас.

Спејси вс. Фалон

Задачата им е да одглумат парчиња на тема Куќа од карти, проблемот им е што сценариото за тоа што треба да го глумат го пишуваат 5 - 6 годишни деца.

Forever Young

Таман ќе те потресе видеово, и на крај на одјавата ќе се појави нарачателот. Налет.

Пубертет под опсада

Сараево ја преживеа најдолгата опсада на еден град во модерната историја. Ах, ја преживеа - преку 10.000 луѓе загинаа во тој четири и нешто години долг период од кој треба да се срамат и оние кои го задушија градот и оние кои дозволија толку време Сараево да биде силувано. Ведрана имала 15 години кога изби војната во 1992. 

Журкаџија на денот

Онаа кеса закачена за појасот му служи само за да не одлета во небо, ете, до толку е најјак и до толку му се може!

Птицо кочијашка

Па вие не сте виделе понакурчен папагал. Тоа што тешко се разбира отприлика гласи: на мајка ти така да и скокаш на кафезот... **чко една...

Си биле скинхедси, гејови и муслимани

Равенка од која произлегува дилема што ќе му ги испука преостанатите мозочни клетки на секој скинхед што држи до неразумноста на својата логика.

Како изгледа да затвориш фирма во Македонија

Можеби процесот за отворање фирма е олеснет ама за оној обратниот, да затвориш фирма во Македонија, на човек му треба паралелен нервен систем. Луѓе што минале низ таа централни регистри- нотари- адвокати голгота, викааат дека да знаеле што ги чека, ќе почекале да си умрат.  

Winter is Trumping

Налудничавите идеи на Доналд Трамп добиваат смисла само ако се стават во вистински контекст. Несакани посетители,  контрола на границата, дигање огромен ѕид. Игра на троновите, ви текнува?

Најдобриот Мајк Пауел на човекот

Нацу е од Португалија и е член на атлетскиот тим кој се натпреварува во дисциплини како што се скок во далечина, вертикално искачување и слободни скокови. Нацу е четвороножец и колегите го гледаат како Мајк Пауел.

Сладолед од најсвежиот

Прекини со работа, земај ја таа што ти помага, кревај количката и право на посвојување доаѓајте. Само по пат до пиљара да застанеме.

Како да ослабеш во 4 чекори

1. Намали пиво, 2. Почни да консумираш помали порции, 3. Ухх... Го имавме како текст, ама одлично функционира и како видео. #truestory

Престанете да ги шамарате дечковците

Иако женската шлаканица е легитимирана во безброј филмски сцени како оправдан потег кога ајванот "си го заслужува", не е убаво тоа. Помислете како би ви било обратно.

Мислењето махт Фрај

"Киндл ќе ги загрози книгите колку што ескалаторите ги загрозија скалите" и други ствари од човекот познат по својата прецизна мисла, остар јазик и биполарно однесување (заради кое е на терапија за да ги контролира драстичните промени на расположението).

Велемајсторот против маалскиот

Шаховскиот велемајстор Морис Ешли седнува во парк во Вашингтон да се проба во шах. Таму го дочекува еден од локалните шахисти (хонорарно преварант) спремен со својот пакет финти.

Зошто да не го фрлате бординг пасот?

"Бординг пас" е она парче документ на кое најмногу мислите додека не пројдете и она исто парче на кое најмалку мислите откако ќе пројдете. А штета е да се фрли, има таму доста материјал за користење.

Зауставите земљу, силазим

Откако му нафрлиле стигма дека има врска со вештерство, напуштен е од родителите, изолиран од заедницата и преживува со остатоци од храна. За кого се работи? За двегодишно дете. Ок, во себе ќе пцуеме.

The Revenant како нем филм

Како и да го свртиш, добар филм си останува добар филм.

Не е ајкулата сом

Кит ајкулата може да прекрши човек ко грисина. Ама затоа е доволно интелигентна да остане кротка ако види дека човекот е дојден да ѝ помогне. Пробајте најдобронамерно да му помогнете на глуп човек на социјални мрежи, да ја почувствувате разликата.

Зошто не треба да ставиш ИОС 9 на стар Ајфон

Во Ајфон години тоа стар би било 5ка, уред кој влезе во продажба во кон крајот на 2012-та. 5-та доаѓа со ИОС 6, ова е истиот тој телефон кога на него ќе му се залепи најновиот, од Епл одобрен апдејт ИОС 9.