Видео

Како непотребно се троши струја

Човекот се возел по пат и не му се верувало - одеднаш наишол на неверојатен призор како попусто се троши енергија. Огромни фенови, вртат по цел ден и само арч прават. 

Машко извинување

Клучно, никогаш да не кажеш извини, никогаш да не признаеш дека си згрешил, и никогаш да не ја спомнеш спорната ситуацијата. Клучно х бесконечност - ова функционира само со други машки.

Бендот кој веќе го нема

Викендов во Шведска загина комплетната постава на инди бендот Viola Beach. Со автомобил излетале од 25 метри висок мост и се залупале во канал. Четири члена на бендот, плус менаџерот, сите на место.

Иги Поп наапан на технаџиите

А како да не биде наапан, реума фати гол грмејќи од сцената рефрени како  "I Wanna Be Your Dog" а младиве генерации слушаат тупца-тупца. "No fun" за Иги. "Фејк! Фејк! Фејк!", елоквентно ќе објасни стариот рокер.

Жижек и сексот

Кога ќе прашаш филозоф како Жижек за сексот (а всушност и не го прашуваат за тоа туку сам ја тера натаму), нема да му треба многу за да дојде до - лениновата концепција на трудот.

Две жени се подобри од една

Машина е машина ама две се две. Не зборуваме за тинејџерки или милферици. Зборуваме за сортирки. Туго моја капиталистичка.

Ме боли главата, мислам дека ќе ми падне

Никому не можеш да му доловиш колкава главоболка трпиш. Освен ако не му покажеш што чуваш под јорган.

Човекот со козите

Ако ви кажеме дека живее на подножјето на Мајевица во Босна и дека според него нема поубаво место за живеење, ќе помислите дека имаме видео со уште еден класичен балкански абдал. А човекот - преубав. Дајте шанса - не нему, себе!- да го сослушате на мир.

Најтажната навивачка приказна

Трагедија до сега неопеана, најлошото нешто што може да му се случи на кој било вистински фудбалски навивач. Ни тоа што е реклама не ја намалува тагата.

Медитација, собрани видеа

Сите оние чудно релаксирачки клипови што ни овозможуваат блицови внатрешен мир и задоволство, собрани во една компилација што хипнотизира.

Фрозен, гето верзија

Римејк на највпечатливата сцена од детскиот филмски хит, онаа пред вратата, кога Ана ja тера Елза да си играат. 

Чесноста и политиката

Џорџ Карлин од времињата кога американските демократи бираа меѓу Ал Гор Боб Дол кој викаше "Јас сум едноставен и чесен човек" и Клинтон чија порака беше "ОК, јас сум полн срања, како ви се свиѓа тоа?" И Американецот пресуди: Овој Клинтон барем е искрен! Ставете го Трамп наместо Дол и видеото може да добие денешен датум.

Зошто толку се плашиме да згрешиме?

Кетрин Шулц (Њујоркер) на ТЕД: Сакам прво да зборувам зошто заглавуваме во тоа внатрешно чувство на исправност. И да ве уверам дека е можно да се излезе од тоа чувство. И дека, ако успеете во тоа, тоа е најголемиот морален, интелектуален и креативен скок кој можете да го направите.

Тато има близнак

Девојчето комплетно се збуни од ситуацијата меѓу нејзинииот татко и неговиот брат близнак. Неоти па ние знаеме кој е кој.

Бре, говедо!

Не им е на полицајците лесно. Па уште на крај им дофрлаат дека треба да го затресат малку :)

И исламофоб може да биде начитан

Сакајќи да го дискредитира и улови на трик, новинар на Ал Џезеира на својот соговорник (Тони Робинсон од англиската Пегида) му вели дека ќе му цитира делови од Куранот, а всушност му чита делови од Библијата. Тонч. 

Ајде да видите уште еден разорен град

Си стои онаа поента со која ги проследивме морничавите снимки од сирискиот град Хомс (види: Знаете ли кога ќе се вратат овде?) , но ајде да фрлиме едно поинакво светло на проблемот, барем во подолгорочна перспектива.

Бил Маер рецензија на претседателската трка во САД

Човекот е про-демократи и е про-Сандерс, и има објаснување зошто. Надвор од тоа ништо не му се свиѓа, со тоа што Трамп му  е крајно интересен заради способноста да биде политички некоректен, а никој од неговите гласачи да не му замери за тоа.

Пинцгауер на стероиди

Доаѓа од Русија, се вика Шерп и може да стигне кај сакаш, дури и ако тоа кај сакаш е сред езеро.

Како да си го средиш животот со канцелариски штипки

Ако животот ти се состои од овие 15 работи што ти прават неред на биро или по дома, тогаш после видеово можеш да сметаш дека ти е среден.

Како Супер Боул стигна до реклами од 4 милиони долари

Целиот спектакл што денес го гледаме почнува во 1967-ма. За на полувреме се ангажирани два колеџ оркестри, а термин за реклама чини околу 160 долари (во денешни пари). Речиси 50 години подоцна, на полувреме се ангажираат најголемите музички ѕвезди, а цената на терминот за реклами почнува од 4 милиони долари за 30 секунди.

Хендрикс од кој ќе гледате дупло

Девојката се вика Џес Гринберг и навистина опако ја свири Little Wing на акустична. Ако концентрирано го одгледате цело видео, а сигурни сме дека ќе биде така, кога некој би ве прашал: "на кој праг од вратот ѝ е поставен штимот?", би одговориле: "кој врат, кој праг?? Јер сте љубители на музиката и не ве занимаат други детали и такви ве сакаме.

Супер Боул реклами, генерација 2016-та

Прво од најважното - годинава емитување од 30 секунди, чинеше над 5 милиони долари. И за овие пари, секој можен термин беше продаден. Ова е изборот на Ад Вик и Дејли Бист за тоа кои компании најдобро ги пополнија баснословните термини.

Селфи, следно ниво

Дечкото што го има смислено ова, Николас Вугние, концептот го нарекува - центрифон. Концептот во основа е Ајфон врзан со рибарски конец, кој го ракуваш како да е кладиво.