Видео

Во сè да се гледало оружје

Полицаец претресува осомничен човек. Одма ја примети цевката! Еднаш, двапати, трипати... Не џабе толку вицови има за нив.

Јапонија, земја на ужинката

Стандардот е дека учениците имаат мал / голем одмор и на еден од нив треба да ја изедат ужинката или оброкот. Во Јапонија во основа имаат час по ужинка. Паузата за јадење трае колку еден школски час, 45 минути, и се смета за образовен период, исто како час по математика или друг предмет.

Кревање тегови, водич за почетници

Само треба да ги следиш твоите соништа и упатствата од видеово, и можеш сè да постигнеш (на тема кревање тегови).

Знаете кога ќе се вратат овде?

Хомс, сириски град кој во мирните времиња имал луѓе колку Скопје. Пред да почнат да го ослободуваат: прво опозицијата од режимот, па режимот од опозицијата, па ИСИС од сите други... Денес е речиси комплетно слободен, од луѓе. Замислете го оној граѓанин на Хомс, денес сместен во Дизелдорф или Норчепинг, еден ден му викаат: "Војната кај тебе заврши, можеш да си се вратиш дома. А ќе има и некоја паричка за реновирање...."

Иднината на спортските преноси

Според Микрософт, еден ден сите вака по дома ќе гледаат пренос од НФЛ. Ќе биде тоа милина, да се пљачкаат овие луѓе излудени од спектаклите кои им ги пружа тешката машинерија што ја носат на глава.

Во ова цел ден би зјапале

Обична машина со најобична механика, без ниеден импозантен трик во неа. Што прави машината: крши јајца и двои белки од жолчки. Белките на една страна, жолчките на друга страна, белките на една страна, жолчките на друга страна.... Нек се моја душа смири.

Циркадијален ритам, контролорот на сите ваши внатрешни часовници

Теоријата е дека секој внатрешен орган функционира по сопствен внатрешен часовник, и дека од тебе зависи дали овие часовници ќе бидат синхронизирани.

"The Revenant" од Тарковски

17 сцени од филмови на стариот мајстор Тарковски, 17 сцени од последната мајсторија на Инариту. Поделени на половина екран, споени со музиката на Руичи Сакамото.

Молив кој не затупува

Мицубиши не прави само автомобили, имаат тие и фабрика за моливи (а очигледно немаат фабрика за острилки). Еве што смислил Јапонецот на тема моливи и тенкоминци. Ти го тупиш, тој се врти. Исто како со човек.

Тајниот талент на неколку жени

Хелен Мирен - мавање со камшик, Џејн Фонда - ослободување од лисици, Џенифер Лоренс - пантомима, Кејт Бланшет - шпага на екс, Рејчел Вајс е корисна за на пазар. Има и други.

Ако рекламите за газирани пијалоци беа искрени

Затоа што никој не би ни помислил да се освежува со пиење течна бомбона, потрошивме милијарди долари на реклами за да ве убедиме дека ова е подобро за освежување и од вода. И ни успеа.

Њујорк ги собра најдобрите

Се викаат New York Gypsy All Stars, песната се вика Melandia. На кларинет е македонскиот Авенџер Исмаил Лумановски. Е, не!

Свадбен танц со поклонот

Нема подобар начин да ги натераш гостите на твојата свадба да ти дадат пари во плико од тоа да воведеш правило секој да игра со својот поклон. Мада, многу нејасно е како онака се врти. Што магија е ова??

Интернетот ја уби вистината

"Информативниот супер- автопат некаде попат се претвори во Булшит булевар а вистината остана прегазена", вели тој за времето во кое наместо од медиуми, луѓето се информираат од Фејсбук постови.

Во Тајланд на улица

Кога веќе си патувал до Тајланд за одмор, си се тормозел по пат, си плаќал сместување, греота е да не стигнеш да отидеш на плажа. А не дека е далеку плажата.

Ти не си ти кога си гладен

Ова се сетапот: 17-ти ден на диета, само што го заврши денот со овошје и ти доаѓаат на ред протеини. Прв оброк во денот. Старт.

Абре женче, свести се, не спиј ти

Околу сексипилот и адвертајзингот, освестени жени негодуваат што неосвестени жени прифаќаат да бидат третирани како објекти во рекламите. А треба како субјекти. #WomenNotObjects

Емотивен (и напнат) трибјут за Фреди Меркјури

Фарук го сака Фреди. Има сличен физикус, Фарук има и мустаќи, пред себе има клавијатура а го знае и цел текст на Bohemian Rhapsody. Што може да фали? Па, сè друго. Замислете како е да сакате да стигнете до 7-ми спрат а имате скали само до трети, па на крајот на скалите си викате: "Ќе скокнам бе, ќе добацам!" Легендата вели дека после песната, снимателов му има кажано на Фарук: "Тоа е тоа, друже, отприлика". 

Нема срам од работа, Џејсон Статам издание

За воопшто да стигне да биде "оној љутиот, Гај Ричи што го става во филмови," Статам безкомпромисно прифаќа каква било тезга само за да се појави на телевизија (делумно и затоа што алтернативата буквално му е улична тезга на која продава фалц парфеми и накит). Со оваа методологија, Статам завршува во неколку спотови, како танчар, речиси скроз гол. Спотвиве се од '93-та и '94-та, првиот филм со Гај Ричи му е во '98-ма.

Не е можно толку да сме напред со технологијата

Кога гледаш технологија што наликува како да е од Ѕвездени патеки, а се што ти иде на памет е - мора да може и друга пијачка да прави. Шише што создава вода од воздух.

Шемса версус Крафтверк? Дај!

Идејата за спој на германските пионери на електронската музика и... хм, Шемса, е толку перверзна што облековме кожни гаќи за да бидеме спремни за соочување со тоа аудио чудовиште. На луѓево веќе ништо не им е свето. Ако можат да си дозволат да го прават ова со Шемса....

Како Руси прават пауза во возење

Има двa прекрасни моментa во ова руско видео со насилство. Првиот е како нормално си тече муабетот во колата. Вториот ќе го видите сами.

Конан на гости во Катар

Локацијата што Конан ја посетува во Катар е Ал Уеид, карактеристична по тоа што таму има американска воена база со над 10.000 американски војници.