Видео

Што ме питаш are you gonna go my way?

Апостолски направил уште еден богохулен мешап, кој функционира бескрајно природно ем заразно. Шемса и Лени Кравиц, ко Боро и Рамиз! Ова да го чуеме во живо и после слободно можеме да ги закачиме чеканот и наковалната о клин.  

Што и да се реши деновиве, ова пак ќе важи

"Попрво би да имам демократија што не секогаш оди во моја корист, отколку да немам каква било демократија," порачува Џонатан Пај за брегзит и Трамп, и потоа ги имате најдобрите две и кусур минути предавање за демократијата и сè што сте заборавиле околу неа.

Дојде време и ние да запалиме свеќа

Не се секирајте, се знаеме. Ова има сосема поинакво наравоучение: Кому му е потребен пријател кога има стопен кашкавал?

Банкина на денот

Ние сме народ кого го занима само големата слика и решенија кои ќе дојдат од врвот. Мали изуми кои подобруваат или спасуваат поединечни животи обично не се вредни за нашето внимание. Ама, сепак, ѕирнете колку ова е ветувачки добро.

Пред да е доцна

Сцена од филмот за кој пишувавме тука која го покренува она прашање "Што ако стварно?" И стварно, зошто луѓе онака опседнато висат на Фејсбук, нон-стоп заклучуваат дека е нешто крај а никако да стават крај?

Паганизмот во американската армија

Бидејќи земјата дозволува слободно да одбереш во кој Бог ќе веруваш, расте бројот на оние војници кои не можат да се решат за еден. Тор, Один, Зевс или Перун, секој е добредојден кога ќе се најдеш во некоја авганистанска недојдија.

Ѓуро: Како се камуфлира прдеж

Ѓуро започна нов серијал наречен "Живот за почетници" и повторно е бескрајно шармантен. Кашлицата ("ни приближно"), луфтирањето и Дип Парпл ни се видоа најјаки.

Анти-стрес мадиња

Сега секој може одвреме навреме да ги почеша, без разлика дали ги има во својот основен пакет. Овие се лепат по масата на која работите и во секое време ви се при рака.

Ова треба Оскар да добие

Што и да ви кажеме, нешто ќе упропастиме. Си работат луѓето, секоја чест.

Како Есма треба да биде дочекана

Искрено се надеваме дека таму негде горе, Есма и Љиљанa Петровиќ Батлер ќе успеат да ги надминат овоземните недоразбирања кои ги имаа додека беа меѓу нас. И дека ако има Господ, ќе ја натера Љиља да ја пречека Есма со некоја од овие песни.

Неудобно ви е некако?

Решете се од тоа чувство како јастог. Тој успева да расте само благодарејќи на тоа чувство на нелагодност и притеснетост. Да имаше јастогот доктор, ќе му дадea валиум. И никогаш немаше да порасне.

За бизнисот со природни елки за Нова година

Лошо: за божиќни празници во САД, фармава сече и продава еден милион елки. Добро: секоја следна пролет на местото на исечените дрвја, сади еден милион нови елки. И така цело време. Просечната елка е висока околу 2 метри и се сечe 8 години по посадувањето. Овие милион дрва треба да бидат исечени во рок од 6 недели.

Како Кинезите прават мутерче

Ние имаме ковачи, Хрватите имаат и Мишо Ковачи ама Кинезиве се вон секоја конкуренција.

Зошто нашите партнери нè излудуваат?

Затоа што сме убедени дека во љубовта бараме среќа а всушност сме во потрага по едно чувство кое за првпат го имавме во детството, смета филозофот Ален де Ботон кој поголемиот дел од својот работен век го мина промислувајќи ја таа заебана психоемотивна машинерија наречена љубов. Што би се рекло научно: месо гледа, компир вади.

Сакам да бидам претседател

Песната е снимена во Флорида во 2009 година, ама па што. Паљачо и Дисторзија.

Како изгледа поправање на џиновска гума од 30.000 долари

На еден од оние џиновски булдожери му се дупнува (или како и да се оштетува) гумата, по што завршува на поправка. Процедурата наликува на операција на човек, ама за разлика од операција е чисто уживање да се гледа. Доброто е што гумата има гаранција од 4.000 работни часови, па ова не се така чести поправки.

Дутерте во божиќно расположение

Во сеопштата војна против нарко-дилерите на Филипини убиени се 5.617 криминалци, од нив над 3.600 се убиени од улични осветници, другите илјада и кусур од полицијата. Дутерте во изборната кампања најави дека ќе убие десетици илјади криминалци, притоа повикувајќи ги луѓето да убиваат нарко-зависници. Кога дојде на власт, се што вети почна да остварува, а овие над 5.600 луѓе се убиени од 1-јули годинава. За Божиќ тој испрати срцепарателна порака до целата нација - гледајте ова да не ви е последниот Божиќ.

Кога е време да дадеш отказ на работа?

Веројатно прв симптом - си почнал да кликаш на видеа за тоа "Кога е време да дадеш отаз на работа".

Роботот што веќе ти го има научено потписот

Поштен човек ќе се воодушевува на технологијата и инженерството зад нејзе. Криминалец ќе се воодушевува на способноста на машинава совршено да напише кој било потпис и одма ќе бара кој може да му ја донесе (по можност без царина).

Суперхеројот што му треба на човештвото повеќе од кој било Авенџер

Супермоќта што ќе ја поседува овој праведник е на луѓето во лице да им кажува дека "серат", и соодветно на ова тој ќе биде познат како - Булшитмен. Најдобриот дел од целата работа е што ликот, супермоќта и името се дело и желба на - Карл Пилкингтон, богот меѓу луѓето. Плус, сака да лета.

Фејсбук не е бесплатен

Тоа што не ти бараат пари за да користиш нешто не значи дека луѓето не заработуваат пари од тебе, а оваа алхемија на правење пари од податоците од своите посетители Фејсбук ја има совладано непоправливо добро.

Англиски за почетници

Иако пред некој месец сами се спасија од миграцијата, сценариото само по себе е британски кошмар: полски пензионер кој успева за кратко време да да научи англиски јазик и трга за Британија. Ај сега да видите како така црно сценарио може да се направи неодолива божиќна реклама.

И ти ли брате Монтреал

Првиот снег секогаш е посебен сеир кога ќе зафати делови од планетава што снег имаат видено само на Зимска Олимпијада, ама не и за луѓе што редовно се потрупани со снег, како жители на Монтреал. Во нивна одбрана ова се случува на удолница.