Видео

Живот во една соба на 100 начини

Никој не избира од мерак да живее во стан од 20 квадрати, ама луѓево тврдат дека можат целото искуство да го претворат во мерак, колку-толку.

Кога нема кој да каже „Царот е гол“

Џастин Вилман во серијалот “Magic For Humans“ (го имате на Нетфликс), демонстрира една техника која одамна е позната од детските сказни а во ново време постојано се вежба преку партиски собири. Наравоучение: кога во публика се твои луѓе, секого можеш да убедиш дека си најјак.

Војко В а не Кање В

Вуду Попај на времето знаеше да освежи со некоја неочекувана рима и стиховен пресврт потег ама Војко В. е 5 пути од тоа. Војко побарал 150 грама мортадела, тетката исекла ама испаднало 160, го прашала дали може, а Војко ѝ рекол: НЕ МОЖЕ! Од Рејџ до сега немаме слушнато така јасен отпор на системот. Струшки вечери на поезијата, се разбираме ли за следната година?  

Норвешкиот автопат од 40 милијарди евра

Автопатот не е позлатен ама е долг 1.000 километри, и не сите илјада се по земја, некои се на 300 метри под вода, други се столбови сред норвешко море, трети се на мост што плута, а ги има и низ планини. Целта е сегашните 21 час потребни да се стигне од еден до друг крај на Е39 автопатот, да се намалат на половина.

Еврибади денс нау

Многу скоро, ништо што ќе погледнеме на видео нема да биде реално. Едвај чекаме да видиме како ќе изгледаат видеата на Мелита. 

Битката Кока-кола вс. Пепси низ децении реклами

Ако некогаш си се сомневал во моќта на рекламата, само следи како џингл на Кока-кола успева да му го привлече вниманието на 5-годишно дете стандардно незаинтересирано за што било околу себе. Не дека Пепси е нешто послаб.

Што знае Ганди што е јога

Човекот кој е скоро па заштитен знак на јогата, оди на час во едно од овие „јога-студија“ кои се заштитен знак на речиси сè пак што е неподносливо околу јогата.

Како се стига до огласи „евтино Пинарело, малку возено“

Ако е ефтино и е Пинарело (Бјанки, Сервело, Ес-воркс... што и да е), тогаш или некој лаже или некој краде. Никако не е дека сте имале среќа и сте нашле некој/а што го купил/а и не се разбира што има .

Пратеници, фатете се за факинг работа!

Јасна и јебитачна порака од Австралијанците до нивните политички претставници во парламентот. Појасно од ова, здравје.

Остави Кинез да изрезили цела фотографска фела (и да и симне цена)

Истото што го прават со секоја можна индустрија, кинескиов фотограф им го прави на сите свои колеги низ светот. Сите оние моќни ефекти пред кои сме беспомошни како публика, овој пат добиени по принцип „направи сам“, без компјутерски магии и илајдници долари вредни роботски раце.

Престани да се трудиш околу себеподобрување

Повторувај:
- Животот никогаш не е океј.
- Никогаш не е комплетно океј.
- Понекогаш само е помалку „не океј“.

Честито, стана Данец. Ок, не баш, ама добар почеток.

Како времето ги брусеше Камењата

Фото-портрети на луѓето од Стоунси, бендот во кој денеска заедно имаат близу 300 години. Како се менуваа тие неповторливи ликови, од 1962 година до денес. Да не може човек да се реши кога била најружни.  

Се претера со уметноста

Следново се случува во Монтреал, овие се Ле Мутонс (mouton = овца) и се крајно упорни во тоа, и во која и да е пораката што ја имаат.

За вештачка интелигенција и безбедноста

Во говорот Џејмс Микенс објаснува: „Некои луѓе влегуваат во технолошката индустрија за да создаваат понови, повозбудливи видови технологија и тоа колку е можно побрзо. Мојот говор е против овие луѓе и ќе сруши некои важни професионални мостови, што најверојатно ќе ме натера да се приклучам на манастир или друга организација фокусирана на покајување.“

Маж мора да знае да ги бира своите битки

Искуството во проценување на ситуацијата се сведува на тоа да не се прецениш себе, ниту да го потцениш другиот, па макар тоа било и петел. Во спротивно имаш ова.

Основи на справување со напаѓач вооружен со нож

Видеото доаѓа од кинеската полиција и не ни дава причина да се посомневаме дека ќе функционира во најголем дел од случаите на вооружен напад.

На слика одамна не веруваме, од сега веројатно и на видео

Дечкото експериментира со нови техники за подмладување на дигитални модели (компјутерски создадени), по пат ти прави шубе по цел спиок на основи зошто да не веруваш во тоа што го гледаш.

Социјалист каков што ни треба

Лабаво, пред океан, со укулеле на клупа, овој хавајски кандидат за Конгресот им објаснува на своите гласачи некои основи на демократскиот социјализам. На пример, дека човек не е сoздаден само да 'рмба. 

И ти можеш да бидеш суперхерој, само немаш кој да ти прави специјални ефекти

Да не се лажеме дека е до срце, душа, пари, кој ти е татко / мајка, сè е во добро склопени специјални ефекти, инаку сè изгледа глупо.

Четвороножните браќа Далтони

Три кучиња за кои не е сигурно дека имаат некакво педигре, ама затоа е сигурно дека се од исто легло.

Атлетска вежба: Есента во мојот град

Кај и да е, ќе стигне есен, а тоа ви е време на дождови и калишта. Време е скопјани од градските и приградските населби да почнат да вежбаат.

Додека штурците си свиркаат

Фасцинантна видео снимка од воено-градежен потфат на мравки. Илјадници или милиони од нив изградиле импозантен висечки мост до главната фортификација на нивниот смртен непријател  - стршлените. Кој тоа го командувал, како тоа оди, господ ќе го знае. Јасно, вакво единство кај нас веднаш би се квалификувало како фашизам. 

Договорот за менување на името, до референдумот и потоа

Како што излезе дека повторувањето е мајка на договорите, така не е ни за сомнеж дека за референдумот ќе имаме можност репризно да гледаме како ни се сервираат истата позитива, напредност, историски успеси и шарена иднина со кои беа проследени Договорот со Бугарија, воведувањето двојазичност во земјава и слични достигнувања. Да повториме.

Запознајте го Вектор

Вектор е робот, и не прави нешто посебно многу, и ако некогаш се случи како човештво да се прелажеме и да почнеме да им веруваме на роботи тоа ќе биде заради Вектор и такви како него. За сега е Кикстартер проект, ама до октомври би требало да биде готов производ.