Видео

Пиони на војната

Сведоштво на човек кој учествувал во одбраната на Сребреница за предлогот кој го добил од својот лидер: Вие малку да изгинете, па на сите да ни биде подобро.

Дебелиот крај - Цена

Македонски песни кубурат главно со текстовите. Или се пребљак ради тоа љубовните јади или пак ќе забегаат во некоја напувана езотерија. Дечкиве смозгале како да ги избегнат тие поетски стапици. Треба да ти текне. 

После долго време, нешто ново од Макартни

Во едно интервју Пол Макартни се исчудува како музиката почнува да се прави на компјутер. Ќе ставиш еден звук и после си играш со копчиња. Интервјуто го гледа некој зналац, седнува на компјутер и го добивате ова.  

Ритамот на говорот

Кога размислуваш како чекан, во сè гледаш шајки. Истото важи и за тапанарите.

Пластика: Не се дува, ама лепи

Една девојка сака да ви покаже колку е лесно да се искористат некои материјали кои обично ни се за фрлање. Со стари пластични шишиња таа лепи, дури и ногарки од столче што ќе можат да издржат човечка тежина. Ах, кој ќе бара сега од тие индустриските фенови.

Како изгледаше хаосот на Црниот петок во Финска

Од Алабама па до скопски Сити мол, тие сцени на шопинг лудилото на Блек фрајдеј изгледаат идентично тажни и шокантни: буткања, влечења, грабања, дрпања, газења преку други луѓе (бидејќи себе веќе си се прегазил кога си решил да си дел од тоа стадо). Чекајте малку, да ја видите Финска.

Кој ќе преживее, ќе мора да се вади

Едноминутно филмче за едно семејство кое мора да се скрие во засолниште. Но, сирените за опасност ги будат и себичните инстинкти за преживување. Каков тонч!

Доцна е за „Cut!“

По реакцијата на неговата партнерка во сцената од филмот „Омразената осумка“, ќе сфатите дека само на Курт Расел не му е јасно дека она што го држи в рака не е евтина реплика туку автентична и непроценлива Мартин гитара стара 145 години. Бидна.

Кој тоа има задремано на концертот?

Оркестарот е американски, музиката руска (Стравински) а за главниот јунак знаеме само дека најверојатно е жена.

Браво Медо, џукело една

Медо е улично куче. Живее наваму - натаму во населбата Стар Аеродром во Подгорица. Деновиве доби заслужен епитет на вистински херој кога спречи една маалска женска да биде ограбена а лопужата го натера во збег. Многумина од луѓето само би свртеле глава настрана.

Совршено наштиманата девојка која не слуша

Менди Харви уште од мала имала проблеми со слухот за на 18 години комплетно да го изгуби и да биде прогласена за глува. За среќа, по неколкугодишна депресија решава сепак да му верува на својот талент за пеење и на мускулната меморија на своето грло. Еве ја на цел концерт, перфектно наштимана и боса, за да ги чувствува вибрациите од бендот.  

Што последно виде Спасителот од овој свет?

Бидејќи не се знае кому е продадена, можно е сликата на Леонардо за која беа дадени 450 милиони долари и следниве 500 години да ги помине како и последните 500, во приватни колекции, далеку од очите на јавноста. Аукциската куќа Кристи пушти интерсно филмче за тоа како му изгледа светот на Спасителот, од она што можел да го види во она кратко време додека беше јавно изложен.

Пица за комшијата

Ни станува јасно зошто на Јапонците им требаа шест и пол години да го најдат стопениот ураниум од Фукушпима или зошто Кинезите им купија четири од шесте најголеми прозиводители на телевизори. Други вештини сега тие развиваат.

Вклучување во Црн петок

За во понеделник да може како за плескавици од Пивофест да се објават бројките за тоа колку е успешен Црн петок во заработување пари, треба народ на Црн петок да се потепа за да купи нешто. Според клиповиве, народот си ја заврши својата работа.

Порно за вас, прекрасни скопски улици

Како за луѓе со неколку децениски стаж во пешачење или возење на улиците на Скопје речиси и да нема некое поегзотично видео од местење на совршено рамна шахта.

Како изгледа паркирањето во Њујорк

„Немој ни да си помислил да паркираш овде“ е кратко и забавно филмче за тоа што мислат локалците за оваа заебанција во нивниот град. Еден паталец вика дека е скроз нормално човек кој успеал да стигне на забава, на забавата цело време да се одушевува какво добро паркинг место нашол.

Кошмар со големина на гаража

Ако до сега сте верувале дека во светот нема никаква потреба од постоење на напалм дозволете да го приложиме клипов како контра-аргумент - осило, ужасно масовно.

Си бил дизајнер и седнал на состанок со клиентот

Клиентот има просто барање, сака да му се нацртаат 7 црвени линии. Ама... некои да бидат зеленкасти, некои транспарентни и сите да бидат перпендикуларни меѓу себе. Посветено на сите дизајнери што треба да разговараат со клиент.

10 години од сега

Не, Амазон нема да доминира со секоја можна индустрија. Да, Епл уште ќе вади Ајфони. 12 топ американски ЦЕО-а (Нетфликс, Дизни, ХБО, Инстаграм...) за Ванити феир предвидуваат како ќе изгледа светот. Според ЦЕО-то на Дизни, дури и за 50 години Дизни уште ќе прави филмови од Војна на ѕвездите серијалот.

Не сме нешто работници, ама можеме да погледнеме

Технички штракање на тастатура е мануелна работа, практично, да не се лажеме, не е, ама па за тоа знаеме да најдеме луѓе што стварно го вадат лебот со раце и се совршено вешти во тоа.

Уапсениот кој треба да има свое шоу

Сме виделе вакви сцени на апсење (хинт: Воденица, брат Љубе, откако „го наместија“ со помош на мистериозна сила која му ја мрдаше раката накај ковертот), но не и некој вака да го задржи својот заебантски дух додека го апсат. „Уууу, јак си“ му вика на пандурот и после го потсеќа дека и „најсилните имаат своја нежна страна“. Цар.

Како беше продаден Да Винчи за 450 милиони долари

Наддавањето за сликата од Исус создадена во 1500-те години, започна на 70 милиони долари, заврши на 400 милиони, а разликата до 450 милиони е за најразлични давачки и бонуси што новиот сопственик треба да ги плати. Ова е една од помалку од 20-те уметнички фотографии кои денеска постојат, а за кои се верува дека се на Леонардо Да Винчи. Аукциската куќа Кристис вршеше пренос во живо од целиот настан, а подоцна и објави скратено видео од наддавањето.

Како изгледа 100-ката на Тесла за 1,9 секунди

Иако е крајно нефер да споредуваш електричен автомобил со автомобил со регуларен мотор (бензин / дизел), забрзувањето на Теслата секој пат до сега изгледа спектакуларно. Сега кога 0 до 100 од 2,5 го намалија на 1,9 ова веќе станува тешко за верување.

Најтажното и најубавото видео што може да го изгледа човек со БМВ

Видеото почнува со тоталка БМВ и човек со шмишајбна. Завршува со ганц ново БМВ пицнато за плац со спремна приказна „ абе професор го има возено во Германија, до факултет и назад“.