Видео

Мерак на прво слушање

Кубански гитарист, со посериозен стаж, прв пат во живот го слуша Стиви Реј Вон (веројатно од американски турист или слично нешто). Му треба време да се прибере од чудење што сè колегата успеа да извади од гитарата. „Овој бе ништо не повторува...“

Расизам? Lighten up

Нема шанси на маркетинг тим на компанија како Хајнекен да им се омакне контроверзниот момент во нивниот штотуку повлечен рекламен спот. Ама, битно да се врти муабет. Значи шанкер пушта пиво, пивото лизга и продолжува покрај неколкумина црнци за на крај да застане кај една бела жена. А слоганот на пивото е „Sometimes, Lighter is Better“. Кварно :) 

Веројатно најважниот коментар околу сослушувањето на Закерберг

Кристофер Вајли (дечкото од Кембриџ аналитика кој заедно со Гардијан ги воскресна сите проблеми за Закерберг и Фејсбук) на Си-ен-ен во врска со конгресните сослушувања:

- Да гледаш членови на Конгресот како го испрашуваат Марк Закерберг, е „нешто како да го гледаш дедо ти како се обидува да поправи видео-рекордер.

Колку луто ти е доста?

Еден од главните вградени човечки параметри е да се бега од секаков вид болка (што еволуциски се покажало како многу корисна работа). Исклучок од ова правило се луѓе што јадат луто и се упорни во тоа. Натпреваров се случува во Британија и почнува со лабаво лути пиперки па прогресира накај Каролина рипер.

Премногу емоции во едно видео

Ентузијазам, неуспех, пад, шокираност, упорност и само упорност, повторно неуспех, помиреност со неуспехот, најискрена радост што целата работа заврши (без жртви). Сакаме да кажеме - девојка прв пат се качува на лизгалки.

Orbital - Box, на пијано и тапан

Проектот им се вика „Акустик електроникс“, на пијано е Ема Попивода, на тапан е Александар Петров, и ако ве бендисува во четврток (12 април) во Станица 26 ќе има уште од ова, од Крафтверк до Моби и Продиџи.

Некогаш многу е тешко да браниш фудбалери или фудбалски тренери

Ние разбираме дека насилство нема што да бара во спорт, ама за првиот тренер би било добро да се потруди по дома да не му го дознаат клипов за колку толку да зачува достоинство.

Квизот што ги „обработи“ американските гласачи

Понудата што во 2014 беше дадена до корисниците на Фејсбук е „реши го психолошкиов тест и добиваш 5 долари“. Сето ова беше направено во име на академско истражување, и така остана барем додека податоците и резултатите од ова истражување не завршија кај Кембриџ аналитика.

Ми рушимо силос - силос руши нас

Лево на сликата е јавната библиотека во Вордингборг, Данска. Десно на сликата е простор подготвен за рушење на силосот. На средина е силосот што треба да се руши. Три-четири, сега.

Мохамед Али за расната сегрегација

Кога водителот е од привилегираната бела раса а гостинот храбар и без влакна на јазикот припадник на црнечкото малцинство, веќе претпоставувате какви позиции имаат за прашањето на расната сегрегација. Но, пред сите претпоставки, треба да знаете дека вториот е Мохамед Али.

Звукот на не-тишината

Еден единствен звук, непријатен но крајно субверзивен, може да ја уништи сериозноста на религиозните прововеди поефикасно од цела ренесанса оставштина. Чујте како богохулно добро тоа звучи.

Лет над елоновото гнездо

Годинава површината на фабриката на Тесла во Фремонт беше зголемена за речиси два пати и достигна речиси 92 хектари. Ова е само под кров, не целиот плац на кој се наоѓа фабриката. За споредба површината на целиот плац на поренешен Охис (колку што ние можеме да премериме) изнесува 102 хектари.

Македонија до Киншаса

Единствената разлика меѓу македонски и политичар од Конго е што на сечење лента наш фрла три лопати земја, а нивен плука три голтки пиво (нема теорија Шилегов да го прифати овој адет). Инаку, важноста на инфраструктурниот објект кој се пушта во употреба, горе-долу иста.

Где Дунав љуби небо

Видеото нема никаква врска со песната на Јосипа Лисац, ама ете, баш тоа ни текна кога го видовме овој тачдаун. Кратко и јасно.

Ренди да ви покаже како се прави реклама за пиво

Нема причина зошто кој било бренд на пиво би одбил вакво злато од реклама, ама таков е животот и не му е гајле за твоето имање или немање причина па оваа реклама не успева да мине кај „клиентот“ и останува само на Јутјуб.

Човекот кој го спаси Исус

Историско - библиско наравоучение: Исус настрада распнат на крст само затоа што во публика не се најде некој поштен човек со кацига. 

Како се руши куќа, кога имаш вишок куќа и вишок џип

Да претпоставиме дека ете некако не постои опасност дека некоја штица ќе ги пробие шофершајбата и возачот како локум, и дека куќава некако го има заслужено ова што и се случува, а исто и џипот. Е, со ваков сетап ликов и понатаму е многу идиот.

Ќорсокаците на интернетот

Сакате да избришете свој профил на некоја платформа? Тука се дизајнерите на сајтовите кои имаат задача да ви помогнат да заборавите од каде трнавте и со која цел почнавте да буричкате по сајтот.

Малку тој, малку таа

Човекот покажува дека има ненадјебива техника во борба со замислен противник. Таа го остава да се доискаже за на крај да му покаже дека стапот некогаш има само еден крај.

„Цел“ Јутјуб во две монтажи

Пред да стане „платформа“ за креатори, брендови, влогови и што сè не, Јутјуб беше сајт за клипови, и тоа клипови какви што ги памтиме од стариот интернет. Не изгледа така ама никој нема загинато во клиповиве, а се здробиле за здробување.

Неверојатното искуство на купување во кинески трговски за фејкови

Да не се сфатиме погрешно, ама сè од ова што ќе видите изгледа како кај нас глатко да ќе пројде за оригинален производ. И тоа веројатно е најмалку неверојатно во целата работа. Она што нас не ќари е ценкање какво што немате видено, и како се подогвени да симнат и по 400 долари. Она што уште не ни е јасно е зошто продавачките се намуртени кога им се ценкаш.

Оди па снимај реклама за Епл

Рекламата е за Хоумпод на Епл, дело е на Спајк Џоунз и излезе исклучително добра. Ова што сега го имаме е снимањето на рекламата и е неспоредливо со што било друго што се прави во овој жанр.

Ноќната мора на Рајан Гослинг

Најнебитната тема на светот може да биде супер сценарио за скеч ако имате режисер на SNL и актер како Рајан Гослинг. 

Со Господ напред

Така работи вистински верник. Пред почетокот на разботната задача, се прекрстува и се помолува Господ да му даде сила. Ако силата не е доволна, ќе се најде некоја цигла.