Видео

Скапо е само ако не ги вреди парите

Уметничкиот директор на Ермес притиснат сред интервју за цената на производите на компанијата, објаснува што е разликата меѓу нешто што е многу пари и нешто што е скапо. На кратко, никогаш не е во сумата, туку во тоа што го добиваш.

Лили ма, мала слабост и одма цвикаш

Поголемиот дел од интернет заедницата искрено ја жалеше Онлифанс девојката Лили Филипс, кога го виде интервјуто со неа, веднаш по завршување на нејзиниот самоиницијативен потфат да се рокне со 100 мажи. Беше расплакана и збунета а луѓето лути што порно индустријата така злоупотребува човечки души. Но, Лили се опорави побрзо од ерекцијата на дечките кои учествуваа во рекордната стотка. Сега Лили ќе оди на илјадарка!

Кому му се верува, нека верува

CNN објавија „извонредни моменти“ кога нивната главна дописничка Клариса Ворд сведочи на ослободување на сириски затвореник од таен затвор во Дамаск. „Оставен сам со денови без храна, вода или светлина, човекот не знаел дека режимот на Башар ал Асад паднал,“ ќе нè трогнат сиененовци. Сеирџии забележаа, после три месеци во самица, како бе ноктите толку средени?

Злато од ѓеризот

Ако ви се виде многу мака како доаѓаат до злато во други делови на Азија (види: Како се вади злато од мобилни), тек да ги видите во Индија: сконтале дека онаму кајшто се плакнат златарите, златна прашина од нив се слева во канализацијата. Добро, и? Како и? Вадаш шахта, се пикаш внатре и црпиш материјал. Полниш вреќи и после се ценкаш со чорбаџијата. Мали пари, пошто, не е злато сè што смрди.

Неподносливата леснотија на ребрендирање милитанти

Американскиот генерал бил одушевен: на курдските милитанти од Сирија им викале да го сменат брендот и да не инстистираат да се викаат како што се викаат. За само неколку дена од сугестијата, овие дошле до брилијантна идеја: ќе го вметнат зборот „демократски“ во своето име! Веднаш звучи поинаку! Нели е тоа генијално решение?

Ви текнува дека нема AID vo USAID?

Како некогашно лице од Стејт Департментот, Мајк Бенц е инсајдер од „мочуриштето“. Денес е директор на Фондацијата за онлајн слобода, беше кај Џо Роган и неколку пати баш го остави без зборови. Пар извадока од неговото гостување, за корените на проблемите во Украина и за вистинската функција на омилената владина агенција на нашите невладини.

Сосема ново ниво на претерување со луто

Каролина рипер веќе сите ја разбравме и милионите сковили и сето тоа е во ред. Ама зошто да се застане таму, кога може прописно да се претера на неизбежна лична штета. Па што е полуто од најлутата пиперка? Спреј против мечки другари.

Ајс Ти меѓу Гилмор и Вотерс

Раперот кој е дел од рап метал бендот Бодикаунт сакал да ја работи на легендарната песна на Пинк Флојд, Comfortably Numb, главно за семплирање, а го привлекол и басот на Вотерс. Почнал да работи на песната но продуцентите му рекле да ја батали идејата бидејќи за тоа ќе му треба дозвола и од Дејвид Гилмор и од Роџер Вотерс, а тие двајца се немаат сложено за ништо во последните 20 години. Ајс не е убав но е упорен и ете ја песната.

Да те фати уплав гумена бомбона на рафт да погледнеш

По социјални мрежи има некој нов тренд / челенџ под наслов „салата од траума бомбони“ во кој сега трезни луѓе раскажуваат како се навлекле или што било пикот на нивната зависност (главно од алкохол и дроги). У-плав.

Макрон го пратија на киропрактичар

Како и секое бахато сељачиште, Трамп знае (и сака!) на секаков начин да ја демонстрира својата надмоќ. Памтите како го избутка оној Црногорецот за да се натрти во прв ред. Една од омилените алатки на неговиот грубијански говор на телото му е ракувањето. Кога ќе го зграпчи некого за рака, знае да го цимне кон себе за да го залула и него и неговата самодоверба. Сега има и нова финта за покажување доминантност. Ја вежбаше на Макрон.

Вака се признава: Бев идиот

Многумина во САД и кај нас, по последните избори порачаа дека ја разбрале пораката, го слушнале народот, извлекле поента.... Закерберг се каеше што многу виткал кичма пред властите, Скарбороу и Бжежински беа на баци рака кај Трамп... Ана Каспаријан, која заедно со Ченк Ујгур беа жестоки душмани на Трамп, своето „данас отварам очи, након свих ових година“ го прави поискрено: Бев идиот, требаше да видам како живеат луѓето.

Кина: Играчници - не, е-спорт хотели - да

Во модерна Кина, нов тип на хотели суштински го менува начинот на кој младите го минуваат слободното време. Понудата комбинира виртуелно играње со физичко сместување. Кина моментално има над 21.000 е-спортски хотели кои опслужуваат гејминг заедница проценета на 490 милиони играчи. Само за сместување лани бил остварен приход од 2,7 милијарди долари.

Се спојуваат Германија и Данска

Под Балтичкото море ( и до 40 метри) се гради 18 километри долг тунел кој ќе ги поврзе двете земји со две автомобилски, две железнички и една линија за итни случаи. Буџет: седум милијарди евра. Сега со траект се патува 45 минути, тоа ќе биде скратено на седум минути со воз кој ќе шишка 200 километри на саат. Кај нас за седум минути не можеш да стигнеш од Собрание до Црвен крст. Јбг.

Седмата безумна сила

Извинете ако ви одземаме време, ама следат цели девет минути од оние луѓе кои ја уништија довербата во медиумите, меѓудругото воспевајќи го супериорниот морален профил на Бајден кој „никогаш не би го помилувал својот син Хантер“. Ако се прашувате како им е сега, откако го помилува, би значело дека верувате дека во нив има некаква способност за срам. А не сме сигурни во тоа.

Рамбо уште еднаш го убоде

Како некој што интуитивно го разбира духот на времето, Рамбо го забележува она што и истражувањата го потврдуваат (Види во „Вистината нема шанси со лагата“). Епилог: од појавата на интернетот (википедии, библиотеки, научни архиви, што сакаш...), всушност зголемен е бројот на рамноземјаши. И уште нешто: социјалните мрежи им ја спуштаат рачната на фрустрираните и притоа нема кој да ги закочи. Како во кафана, на пример.

Зини ѕиду, голтни ме

Народната мудрост вели дека не се може со глава в ѕид, главно затоа што ѕидот е потврд од главата и џабе ќе ја маваш во него пошто ќе си ја скршиш. Но, постојат и поинакви ситуации. На пример кога ѕидот неочекувано ќе се отвори и ќе те проголта. Сцена од шарената револуција во Тбилиси, Грузија. 

Старбаксот што прв ќе биде бомбардиран

Бомбардирањето е хипотетичко, ама Старбаксот не е. Во Јужна Кореја се отвори Старбакс на самиот брег од реката Хан која ги дели Северот и Југот, со директен поглед на Северна Кореја.

Сè што е погрешно со воук феминизмот

Од Капетан Марвел и Реј Скајвокер, до дизниевите Мулан и наскоро Снежана, сè повеќе жени растураат на филмските платна. Само што, најмногу ги растураат гужвите пред благајните, бидејќи тука нешто е сериозно погрешно. А никој немаше против Сара О'Конор да го лупа Терминатор. Сумирано во еден коментар: Јаки ЖЕНСКИ карактери - не; јаки женски КАРАКТЕРИ - да!

Со Ротко, „во длабокото“

Заинтригирани од цената која ја постигнуваат неговите слики (види: „Останавме ние без Ротко во дневна“), наидовме на видео во кое се рецензираат делата на Марк Ротко, прогласен за „патријарх на тагата и загубата“. Да чуете само што сè имало (имало, си го питам) во тие двобојни баналности. Тој да ти опишувал трагедијата да се биде човек. Хмм. Овој што го смислуел текстот, треба повеќе пари да заработува од Ротко.

Ај чао

Јасно ни е дека поздравот „чао“ сме го земале од Италијанците. Но, за лингвистичка реконструкција и етимологија на зборот, треба да се вратиме неколку чекори наназад, до античка Венеција, за да дојдеме до моментот дека со „чао“ всушност викаме „Јас сум твојот роб.“ Или, ако е полесно, „Јас сум твојот Словен“. Што му доаѓа исто. И тогаш и сега.

Останавме ние без Ротко во дневна

Хонгкошка аукција на делото „Без наслов (жолто и сино)“ на Марк Ротко (Маркус Јаковлевич Роткович, 1903 - 1970), американски апстрактен сликар роден во Латвија. Трето најскапо продаденото дело на еден западен уметник на азискиот пазар. Ќе сфатите зошто сликата се вика „жолто и сино“ и уште повеќе, зошто било тешко да ѝ се смисли каков било наслов. Ротко сигурно викал, јас сум бре уметник, не сум копирајтер.

Економските штетници наречени велосипедисти

Користењето велосипед значи бавна економска смрт на оваа планета. Велосипедистот е некој кој не купува автомобил, не позајмува пари за да го има, не плаќа полиса за оситгурување, не плаќа за гориво и сервис, не дава денар за паркинг, не се дебелее а здравите луѓе се смрт за фармацевтската економија.... Но, почекајте до крај на оваа тирада, тие не се најлошите. Има едни бетер и од нив!

Вучиќ на BBC

Вучиќ беше кај Стивен Сакер во фајтерскиот формат на BBC, HARDtalk. Намазан е, јасно. Особено за прашања кои се незгодни но извираат од спорна морална позиција. Прво, Англичанец после Брегзит некому да му мрчи за оддалечување од ЕУ, второ, да проблематизира твоја подршка за нечија територијална поддршка некој што ти ја бомбардирал земјата. А имаме и јак коментар.

Нотр-Дам е обновен

На 15-ти април 2019-та година, целиот свет, а посебно Франција, а најпосебно Париз, беа парализирани од шок од сцената како до рушење гори фамозната катедрала Нотр Дам, стара 800 години, место во кое 28 француски кралеви беа обезглавени и нулта точка од која се мери растојанието меѓу Париз и секое друго место во Франција. Пет години и 780 милиони евра подоцна, на катедралата ѝ е вратен оригиналниот лик.